fbpx
x
Мени

Предизвици за процена на трошоците од семејно насилство во Република Македонија

Цел на овој труд е да го актуализира прашањето за пресметка на трошоците на семејно насилство во Република Македонија и да фрли светло на видовите трошоци од семејно насилство и нивната дистрибуција во општеството, на нужноста од пресметка на трошоците и импликациите врз градењето политики за спречување и заштита од семејно насилство. Воедно, трудот има за цел да даде преглед на различните […]

Анализа на усогласеноста на одредбите од Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство со стандардите од Истанбулската конвенција

Насилството врз жените, вклучувајќи го насилството во семејството претставува кршење на човековите права на жртвите и пречка за остварување на нивните фундаментални слободи и права. Илјадници жени низ Европа не ги уживаат своите права и се жртви на родово базирано насилство и насилство во семејството. Тие страдааат се повеќе од емотивно и сексуално злоставување од […]

Протокол за постапување со случаите на семејно насилство на локално ниво

Имајки ги предвид податоците за состојбата, движењето и обележјата на појавата на семејното насилство во Република Македонија, најчести жртви на семејно насилство се жените и децата од различна возраст и семеен статус, а најчести сторители се полнолетни мажи со статус на сегашни или поранешни брачни другари и партнери, татковци и синови. Поради поефективно справување со проблемот на семејното насилство, сите показатели укажуваат […]

Прирачник за полициски службеници при заштита на правата на ЛГБТИ лицата

Во современото демократско општество, полицијата претставува основен заштитник на човековите слободи и права. Тоа е првата адреса на која граѓаните помислуваат во случаите на најекстремните прекршувања на нивните слободи и права. Но, истовремено, нејзината улога е најпроблематична: полицијата и полициските службеници се тие што најчесто мора први на теренот да оценат дали и која законска […]

Координативно тело на локално ниво против семејно насилство

Подигање на свеста на граѓаните за промена на нивните ставови и однесувања во врска со семејното насилство (намалување на бројот на жртви на семејно насилство) и превенција.

Перцепции за семејното насилство-фокус на насилството врз жените во Општина Куманово

Истражувачка студија која се однесува на утврдување на аспекти на семејното насилство во Општина Куманово, појaва согледана од “женски агол”. Во истражувачкиот фокус се определени феноменолошки и етиолошки елементи на семејното насилство (обемот, распространетоста, видовите и причините), со акцент на насилството над жените во семејството во Општина Куманово.