fbpx
x
Мени

Социјалните претпријатија – можност за работна интеграција на ранливите групи

Социјалното претприемаштво се смета за нова појава во Македонија, меѓутоа концептот на социјална  економија има долга историја во земјава. Во последните неколку години, граѓанскиот сектор и непрофитните организации се главните учесници и промотори на развојот на социјалната економија во Македонија.