fbpx
x
Мени

Деловник за работа на работната група 23 – Правосудство и фундаментални права

Пристапниот процес во Европската унија води кон политички, социјални и економски одлуки кои имаат значително влијание врз животите на сите граѓани. Многу од тие одлуки носат трајна корист. Оттука, битно е процесот на пристапување да биде транспарентен, јавноста да биде целосно информирана за одлуките, причините за нив, користа и трошоците што ќе произлезат од нив.

Независност,непристрасност,професионално и ефикасност на правосудството

Според член 2 од Договорот за Европската унија (ДЕУ), Европската унија се заснова,пред сè, на почитување на владеењето на правото, слободата, демократијата и заштитата на човековите права. Овие вредности се заеднички за сите земји-членки и се очекува истите да се застапени и почитувани од страна на земјите-аспирантки за членство во ЕУ. Судството претставува значаен фактор […]

Збирка резимеа на студии на грантистите

Основната цел на проектот „Мрежа 23“, што го реализираа Институтот за европска политика – Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени, е структуиран придонес на граѓанското општество во следењето и во оценувањето на политиките опфатени со Поглавјето 23 – правосудство и темелни права. Преку проектот, на транспарентен начин, беа доделени десет грантови […]

Правосудство и темелни права

Оваа збирка е резултат на грантовата шема спроведена во рамките на проектот „Мрежа 23“, финансиран од Европската Унија, преку Програмата за поддршка на граѓанското општество и од Кралството Холандија, преку програмата МАТРА. Грантовите беа доделени по пат на јавен оглас, врз основа на утврдени критериуми. Основната цел беше да се даде релевантен придонес на граѓанските организации во    следењето  […]

Итните реформски приоритети побавни од реставрирањето на нереформските практики!

Со ставањето потпис на Договорот од Пржино, во јуни 2015 година, четирите најголеми македонски партии-потписнички „се договорија да ги спроведат сите препораки од Европската комисија за системските прашања од владеењето на правото“. Со тоа, партиите практично „на невидено“ ги прифатија итните реформски приоритети, уште пред тие да се објават, во јуни 2015 година. Ако во јавноста е малку појасно […]

Правосудството и темелните права во Република Македонија

Основна цел на проектот “Мрежа 23” што го реализираат Институтот за европска политика -Скопје,Хелсиншкиот комитет на човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени,е структуиран придонес на граѓанското општество во следењето и оценувањето на политиките опфатени со Подглавјето 23- Правосудство и темелни права.Преку проектот,на транспарентен начин,беа доделени десет грантови и др граѓански […]

”Заедничка акција за итни реформи во судството”

Овој мониторинг извештај е базиран на итните реформски приоритети, од јуни 2015 година, во делот на владеењето на правото и судството – сектор правосудство (кои за основа го имаат Извештајот на експертската група, предводена од Рајхард Прибе, од 2015 година), и на Вториот извештај на Прибе, од септември 2017 година. Прибирањето на податоците за овој […]

Мислење на Институтот за европска политика за Нацрт-стратегијата за реформа на правосудниот сектор

Институтот за европска политика (ЕПИ) на 11 август 2017 година испрати мислење до работната група во Министерството за правда, надлежна за ревидирање на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, во врска со Нацрт-стратегијата за правосудниот сектор. Во согласност со структурата на Нацрт-стратегијата, ЕПИ во одделните области внесе анализа на состојбата и наоди, како и конкретни […]

Предлог на граѓански организации за итни демократски реформи

Овој документ претставува надградба на „Предлогот за итни демократски реформи“, подготвен од група граѓански организации и експерти во почетокот на јули 2016 година. Оригиналната цел на документот останува иста, односно тој треба „да даде поттик, насоки и детални активности кои се неопходни за враќање на демократските стандарди и вредности, за постигнување напредок во одредени области […]

Предлог за итни демократски реформи

Овој документ претставува заеднички потфат на група граѓански организации и е резултат на синергија и соработка помеѓу нив, научни работници и експерти (прилог 1). Ваквиот заеднички потфат е одговор на актуелната политичка криза, назадувањето на демократските стандарди и во владеењето на правото и губењето на кредибилитетот на институциите. Документот е комплементарен со заложбите на движењето „#Протестирам/Шарена ре- волуција“ во барањата за […]

1 2