fbpx
x
Мени

Насилство кај средношколците

Публикацијата опфаќа теоретска содржина на поимот насилство, типологија и факторите кои водат до насилство. Се дава анализа на насилството во Македонија, евидентирани случаи на насилство од страна на надлежните институции, регулирање на насилството во македонското законодавство, како и сумација на претходни истражувањата во Македонија на оваа тема.

Младинските перспективи низ процесот на истражување

Содржина: Оваа публикација е збирка на резултатите спроведени од спроведените истражувања во рамки на Академијата за млади истражувачи 2013. Во нив се обработени широк спектар на теми од областа на човековите права, работнички права и синдикати, студентски организации, културолошки вредности, политичка партиципација преку социјални медиуми, насилство помеѓу млади, инволвираност во локалната заедница и други.

Водич за одговорно родителство

Исклучително значајна публикација, која на еден разбирлив и едноставен јазик, зборува за телесното казнување, злоупотребувањето на децата, и важноста на одговорното родителство во воспитувањето и воопшто целокупниот детски развој. Многубројните информации кои се понудени за негативното влијанието на насилството врз целокупниот развој на децата, како и начините и формите на воспитување, ќе им помогне на родителите […]

Финален извештај: Информирање и собирање податоци од жртви на родово засновано насилство и мониторинг и препораки за унапредување на локалните политики за поддршка и заштита на жртвите на родово засновано насилство

Во рамки на проектот „Со заеднички напори – кон новите европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“ беше реализирана активност – собирање информации од жени – жртви на насилство за нивното искуство со јавните служби (Полиција и Центар за социјална работа).

Прирачник за помош и поддршка на жени кои преживеале родово базирано насилство и дискриминација

Прирачникот е печатен во рамките на проектот “Јакнење на жените во областа на сузбивање на родово базирано насилство, дискриминација и пост – конфликтна транзиција”, кој во Македонија и Хрватска, во партнерство, го спроведуваат женските невладини организации, Национален совет за родова рамноправност од Скопје и Центар за жени-жртви на војна  РОСА од Загреб. Проектот се спроведува […]

Прирачник за користење на институционалните механизми за заштита на ЛГБТИ заедницата

Целта на овој прирачник е да ги собере на едно место сите информации што им се потребни на ЛГБТИ лицата за препознавање и за пријавување насилства и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Дискриминација, насилство и малтретирање врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Поради доминантниот сексизам и хомофобија во општествата во кои живеат, особено во конзервативните општества и земји, лезбијките, геј мажите, бисексуалците, транссексуалците, квир лицата и интерсексуалците (ЛГБТКИ) често се жртви на дискриминација, малтретирање и со ограничен пристап до услуги (Канцеларијата на високиот комесар за човекови права [OHCHR] Обединети нации, 2011 година). Насилството врз сексуалните малцинства и врз оние со поинакво родово изразување […]

Родови аспекти на обезбедувањето заштита на бегалци и мигранти во Република Македонија

Повеќе од еден милион бегалци и мигранти пристигнаа во Европа во текот на 2015 и 2016 година, голем дел преку Западно- балканската рута. Најголемиот број од нив се со потекло од Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан и Еритреа . Сите бегалци се соочуваат со големи тешкотии, но жените и девојките се меѓу најранливите од оние кои патуваат во ЕУ во […]

ВОДИЧ ВО ТЕРМИНОЛОГИЈАТА  ЗА РОДОВО БАЗИРАНО  НАСИЛСТВО ЗА НОВИНАРИ И  МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ 

Проектот  на  Националната  мрежа  против  насилство  врз жените  и  семејно  насилство „Насилството  врз  жените  и  медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жени“,е  имплементиран  со  поддршка  на  програмата  Цивика мобилитас,  проект  на  Швајцарската  агенција  за  развој  и соработка  (СДЦ)  за  поддршка  на граѓанското  општество во  Македонија,  кој  го  спроведуваат  НИРАС  од  Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од  Македонија  и  Шведскиот  институт  за  јавна администрација (СИПУ). Општа цел на проектот е унапредување на соработката на граѓанските  организации  и  медиумите  во  насока  на подигнување  […]