fbpx
x
Мени

Анализа на известувачките рамки во медиумското покривање на теми поврзани со ЛГБТ – заедницата

Историски, македонското општество манифестира отворена нетолерантност, а Македонија како држава спроведува несомнена дискриминаторска политика кон ЛГБТ-заедницата и кон групите и поединците што ги застапуваат нивните интереси. Сукцесивни меѓународни извештаи и автохтони анализи, релевантни за утврдувањето на степенот на почитување на човековите права во овој политички контекст, ја поткрепуваат таа констатација.

Документ за јавна политика: медиумите во изборното законодавство

Значењето на медиумите за демократските избори е несомнено и не може да се потцени. Медиумите се еден од основните гаранти дека граѓаните ќе можат вистински да учествуваат во дебатата и ќе имаат соодветни информации за партиите, кандидатите и нивните политика, како и за самиот изборен процес. Медиумите се вистинско „куче-чувар“ на демократијата и нивната улога е да […]

Мониторинг: Избори 2014 – примената на медиумските одредби од Изборниот законик

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, за време на претсе­дателските и вонредните парламентарни избори 20141, спроведе мониторинг на рабо­тата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и на […]

Извештај бр.1 од мониторингот на судските случаи на навреда и клевета

Центарот за развој на медиуми, во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, во периодот од 1 февруари 2013, до 28 февруари 2014 година, ги набљудуваше судските постапки, поведени според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Документ за јавна политика: Медиумите во изборното законодавство

Демократски избори се невозможни без медиумите. Слободните избори не значат само слобода да се гласа и да се биде гласан, туку тие се однесуваат и на партиципативниот процес во кој гласачите учествуваат во дебатата и имаат соодветни информации за партиите, кандидатите и нивните политика, како и за самиот изборен процес. Од тој аспект, медиумите ја […]

Медиумите во македонската подзаконска регулатива

Центарот за развој на медиуми во периодот од јануари до август 2013 година спроведе сеопфатна анализа на состојбата на медиумите во подзаконските акти, односно се изврши анализа на сите аспекти со кои се задира во позицијата и работењето на медиумите. Целта на оваа анализа насловена како „Медиумите во македонската подзаконска регулатива“ е да се утврди […]

Професионалните стандарди помеѓу регулацијата и саморегулацијата

Кризата на традиционалните „мејнстрим“ медиуми што со себе ја донесе појавата на интернет намалувањето на приходите од продажба на рекламен простор, но и демократизацијата и либерализацијата на каналите за дистрибуција на содржини –негативно се одразуваат на квалитетот на известувањето и на степенот на почитување на професионалните стандарди и етика на новинарската професија и медиумското известување.

Анализа на Нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги

Овој документ содржи анализа на Нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги кој беше објавен од страна на Владата на 8 април 2013 година. Станува збор за работна верзија на сеопфатен закон за медиуми кој беше подготвен зад затворени врати, без консултација на стручната јавност. Притоа, Владата воопшто не ја отвори дебата за потребата од […]

Анализа на предлог-Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Оваа анализа е изработена од правниот тим на Центарот за Развој на Медиуми. Како појдовен текст е користена верзијата на Законот за граѓанска одговорност на клевета објавен на веб страницата на Собранието на Република Македонија. При оценување на квалитетот на законот се користени принципи, стандарди и норми опишани во главата “основи начела и принципи“ во […]

Коментари на предлог – законот за изменување и дополнување на законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Медиумите и медиумскиот сектор во целина се дел од клучните теми и области, идентификувани од македонското општество и потврдени во повеќе меѓународни документи и извештаи, што треба да се подложат на процес на темелни реформи што, од своја страна, треба да обезбедат Македонија да стане вистински демократска држава на плуралистичко и отворено општество. Реформите во […]

1 2 3 4 5