fbpx
x
Мени

Новинарски прирачник за следење на избори 2016

Бидејќи свеста на луѓето за изборите во голема мера зависи од содржините пласирани во медиумите, новинарите мора да известуваат со факти и непристрасно за платформите и кампањите на сите вклучени политички партии и кандидати, за да може гласачот да прави разлика помеѓу нив и да носи одлуки кои се донесени врз основа на кредибилни информации.

Етичко известување на медиумите во Европа и Македонија Декември 2016

Во денешно време новинарството не може целосно да се разбере доколку се разгледува одвоено од глобализацијата. Самиот концепт на медиумска глобализација укажува дека не можеме да бидеме целосно сигурни дали медиумите довеле до глобализација или самите се резултат на тој процес. Во секој случај, „обезбедувањето привилегиран простор за медиумите во обликувањето на глобализираната иднина доведе […]

Кон успешно лобирање и застапничка стратегија на новинарите за да се подобри ситуацијата во македонските медиуми – октомври 2017

Во периодот меѓу 2008-2017 медиумите беа под зголемен притисок на се поавторитарната влада, која слободните медиуми и критичките медиумски организации ги сметаше за закана доколку тие не ги почитуваа и не ги поттикнуваа целите на Владата.

Етика во вестите – ноември 2017

Војната во Сирија и хуманитарното искушение во Алепо доведоа до мрачното потсетување во 2016- тата дека етиката на човештвото и говорењето на вистината и понатаму се двојните столбови на етичкото новинарство. Но, и по една година од досега невидените вести, вреди да се вратиме наназад за да побараме одговор на важното прашање – каква е […]

Медиумска саморегулација и меѓусекторска комуникација во функционирањето на Советот за етика на медиумите на Македонија – декември 2017

Моќта и квалитетот на саморегулацијата, несомнено, зависат првенствено од тоа дали новинарите на индивидуално ниво, организации и самата индустрија ги прифаќаат етичките и про­фесионалните принципи. Медиумите и медиумските работници треба постојано да се поттикнуваат да ги почитуваат стандардите на професијата, меѓутоа, исто така, е важно и на кој начин тоа ќе се направи. За да […]

Примена на законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда во судските постапки против новинари

Со влегувањето во сила на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во ноември 2012 година, се воведе граѓански-правна одговорност за клеветата и навредата со што беше регулирано прашањето на надоместокот за нанесената штета на честа или угледот на физичко или правно лице кое е засегнато од клеветничко или навредливо изразување. Една од главните […]

Показатели за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите – јануари 2018

Оваа студија ја анализира во детали состојбата со слободата на говорот и слободата на медиумите во Македонија во последните три месеци од 2016 година и првите девет месеци од 2017 гoдина. Во студијата се анализира законската рамка поврзана со слободата на говорот, социоекономската положба и безбедноста на новинарите и е надополнување на минато-годишната студија на […]

Мониторинг на известување на медиумите за теми од поширок општествен интерес

Медиумите се еден од најзначајните општествени двигатели од кои граѓаните се информираат за прашањата од јавен интерес. Оттука, обврска на медиумите е да овозможат граѓаните да ги добијат сите информации што им се неопходни за да заземат став за одредени прашања од јавен интерес. Во оваа смисла, снабдувајќи ги граѓаните со релевантни и објективни информации, […]

Анализа на резултатите од мониторинг на известувањето на медиумите за 2017 година

Мониторингот на медиумите за процена на квантитетот и квалитетот на истражувачкото и аналитичкото новинарско известување се спроведува во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија. Целта на проектот што се реализира во периодот 2016- 2019 година е да се поттикне растот на прецизното и истражувачкото новинарство во насока на подобро […]

Водич за медиуми: Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници

Почитувањето на професионалните новинарски стандарди налага, меѓу другото, и почитување на човековото достоинство, одбегнување и осуда, како на говорот на омраза, така и на дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација, родот, здравствениот статус и на припадноста кон одредена маргинализирана група. И според Советот за радиодифузија, „фокални точки за разгледување на нужноста од зголемување на нивото на професионалност во радиодифузијата се […]

1 2 3 4 5