fbpx
x
Мени

Водич за соработка помеѓу здруженијата на потрошувачи и институциите за заштита на потрошувачите

Земајќи ги предвид интересите на потрошувачите, Европската заедница ја усвои првата програма за заштита на потрошувачите во 1975 година, преку која се идентификуваа петте основни потрошувачки права, а тоа се: Правото на заштита на здравјето и безбедноста; Правото на заштита на економските интереси на потрошувачите; Правото на надомест на штета; Правото на информирање и едукација; Правото да бидат претставени интересите на потрошувачите.