fbpx
x
Мени

„Во државниот сектор се оди со водени чизми на нозете“

„Позитивна страна од преминот од граѓанскиот сектор во државна институција е што се отвора простор за вклучување нови луѓе и свежи идеи. Негативната страна од овој трансфер е тоа што граѓанскиот сектор се ослабнува бидејќи тој треба да биде критика на Власта“, рече Бранимир Јовановиќ на тематскиот форум на Цивика мобилитас „Соработка помеѓу новата Влада […]

Организациите од Пелагонија договараа заеднички идеи за граѓански активизам и заштита од семејно насилство

Осмиот, и последен за годинава, регионален форум на Цивика мобилитас се одржа на 15 октомври 2015 година во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола и им беше наменет на организациите од пелагонискиот регион.

Потребно е поголемо мобилизирање на граѓаните

На 22 јули 2015 година, во Центарот за развој на младите на општина Гостивар, се одржа четвриот регионален форум на Цивика мобилитас. Под мотото „Твој простор, твој глас“ десетина претставници на граѓански организации, на општини како и граѓански активисти разговараа за потребните промени во Полошкиот регион.

Потребен е стратешки наместо ад хох пристап

„Во Македонија, како и во другите земји, просторот за граѓанското општество се стеснува, затоа, во Цивика мобилитас, освен финансиска поддршка, сакаме да обезбедиме и простор за дискусии“, рече Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата во своето обраќање до присутните на форумот за скопскиот регион што се одржа на 23 јуни 2015 година во просториите на основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари.

Кумановци го ставија фокусот на миграциите и младите

На 10 јуни 2015 година, во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово, под мотото Твој простор, твој глас, се одржа првиот регионален форум на Цивика мобилитас. Триесетина претставници на граѓански организации и граѓански активисти од североисточниот регион, го искористија „отворениот простор“ што им го нуди регионалниот форум да разговараат на теми на кои сметаат дека треба да се работи за да се предизивикаат општествени промени.