fbpx
x
Мени

Примена на асистивната тенологија во редовното образование во Македонија и Австрија

Технологијата го олеснува животот на сите луѓе. Асистивната технологија станува сѐ позначајна алатка за вклучување на лицата со попреченост во современиот дигитален свет, заснован на знаење и информации. Во образованието, асистивните решенија претставуваат значаен ресурс што ги подобрува образовните можности на децата и младите со попреченост. Многу земји располагаат со богато искуство што потврдува дека технологијата има потенцијал за позитивна […]

Примена на асистивна технологија во 31 редовно основно училиште во Македонија

Истражувањето претставено во овој извештај ги прикажува искуствата на 31 редовно основно училиште од Македонија кои користат асистивна технологија во наставата. Воведувањето и употребата на асистивна технологија беше овозможено од Проектот за е-пристаппно образование на УСАИД, спроведен од здружението Отворете ги прозорците во периодот февруари 2010 – јуни 2015 година. Истражувањето дава приказ на три главни […]

Извештај од истражување: Средните училишта во Македонија и Асистивната технологија

Во овој извештај се претставени клучните наоди, заклучоци и препораки од истражувањето за потребите од примена на асистивната технологија во наставата во средните училишта во Македонија. Податоците се однесуваат на учебната 2013/14 година.

Асистивната информатичка технологија за поголема инклузивност на образованието : Анализа и препораки

Современата технологија може да се искористи за поттикнување на вклученоста на лицата со хендикеп во сите сфери на општественото живеење. Образованието не е никаков исклучок. Белата книга „Асистивната информатичка технологија и образованието во Македонија“ во Вашите раце нуди искуства и примери кои покажуваат како технологијата придонесува за остварување на правото на образование на учениците со посебни образовни потреби. Овие позитивни искуства се од „нашиот […]

Извештај од истражување:примена на асистивната информатичка технологија во редовните основни училишта во Македонија

Бројни искуства од различни земји во светот покажуваат дека развојот на современата технологија може да се искористи за поттикнување на вклученоста на лицата со попреченост во сите сфери на општеството. Во тој поглед предводи асистивната технологија, чија примена овозможува да се надмине попреченоста и лицето максимално да ги развие своите способности. Асистивната технологија игра се поголема улога во сферата […]