Исклучително значајна публикација, која на еден разбирлив и едноставен јазик, зборува за телесното казнување, злоупотребувањето на децата, и важноста на одговорното родителство во воспитувањето и воопшто целокупниот детски развој. Многубројните информации кои се понудени за негативното влијанието на насилството врз целокупниот развој на децата, како и начините и формите на воспитување, ќе им помогне на родителите да го променат и подобрат нивното однесување, не само кон сопствените деца, туку и кон децата воопшто.