Учебникот за граѓански и политички слободи и права претставува плод на желбата и посветеноста на предавачите од програмата Учиме право да ги доближат правото и демократските вредности поблиску до младите. Учебникот е наменет за сите оние кои сакаат повеќе да се запознаат со принципот на владеење на правото, основните човекови слободи и права и како тие подобро да ги остваруваат во насока на нивно активно вклучување во општествениот живот. Истиот претставува основно и главно помагало во спроведувањето на неделните предавања и активности во рамките на Учиме право клубовите.