Имајќи ги предвид принципите на добро управување и определбите за поттикнување на граѓанското учество на локално ниво со зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето на органите на единиците на локалната самоуправа – градоначалникот и советот – како и на локалната администрација, а воедно поаѓајќи и од можностите на модерните технологии за катализирање на овој процес, овој документ има цел да ги утврди стандардите за е-транспарентност, или информациите и податоците коишто единиците на локална самоуправа (ЕЛС) треба да ги објавуваат на своите веб-страници во наративна форма, како и во форма на отворени податоци.