Реформата во безбедносниот сектор (со посебен акцент на Управата за безбедност
и контраразузнавање- УБК) е првиот приоритет во препораките на Групата високи
експерти за системски прашања за владеењето на правото (во понатамошниот текст:
Извештајот на Рајнхард Прибе). На некој начин, оваа реформа се смета за услов без
кој не се може во спроведувањето на останатите системски реформи во државата.