Овој извештај е производ на Проектот „Следење на институционалните одговори по однос на изборните нерегуларности“ кој се имплементира од страна на Коалицијата „Сите за правично судење“ од втората половина на 2008 и кој ќе продолжи со имплементација во првата половина на 2009 год. Проектот е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје (во текот на 2008 год.) и од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (во текот на 2009 год.). Општата цел на проектот е да се придонесе кон демократски изборен процес и владеење на правото во Република Македонија.