По долгиот процес на преговори во 2009 и во 2010 година, помеѓу Европската комисија и државите од Западниот Балкан (со исклучок на Косово), Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина беа ставени на таканаречената бела 1 листа за безвизно патување во Европската Унија (ЕУ). Возобновената слобода за патување на граѓаните од овие држави (со исклучок на Албанија), по скоро две декади од воведувањето на визите за ЕУ, беше дочекана како значителен успех во регионот. Дополнително, визната либерализација се користеше како успешен пример на политиката на условеност на ЕУ во однос на една од најатрактивните награди кои ЕУ може да ги понуди.