Развојот на новите информациско комуникациски технологии (ИКТ) создава револуционерни промени во начинот на комуникација меѓу поединците, групите и институциите. Интернетот претставува значаен потенцијал за граѓанските организации (ГО) во поглед на зголемување на видливоста и подигнување на свеста кај јавноста за релевантни општествени теми и проблеми, потенцијал за мобилизација на поддршка за релевантни општествени цели, вмрежување и создавање синергии меѓу релевантните чинители, дисеминација на добри пракси, но и унапредување на транспарентноста и отчетноста на организациите пред конституентите и другите засегнати страни.