Поимот интегритет прерасна во еден од најчесто употребуваните термини кога станува збор за концептот на доброто владеење. Во таа насока, кога се говори за доброто владеење, во основа се мисли на градење и негување на духот на интегритетот на лично и институционално ниво, со што би се поттикнала и би
се обезбедила независност, професионалност и отчетност во извршување на надлежностите утврдени со домашното и меѓународното право.