Истражувачкото новинарство во современите демократии е од клучно значење за остварувањето на улогата на медиумите, а воедно е и чувар на јавноста и заштитник на човековите права. Најважната задача на новинарите во демо- кратските општества е да ги заштитуваат интересите на граѓаните. За да ја остварат оваа задача новинарите откриваат злоупотреби на власта и на моќта на поединци и институции и на тој начин придонесуваат за одговорно и отчетно владеење, про- мовирајќи го јавниот интерес.