Република Македонија не е исклучок кога станува збор за последиците од глобалната „војна против дрогата“, која честопати се поврзува со прекумерна сила и несоодветно полициско постапување. Луѓето кои
употребуваат дроги се жртви на голем број прекршувања на нивните човекови права при контакт со полицијата. Според експертите за човекови права на ОН, „многу често, луѓето кои употребуваат дроги трпат
дискриминација и се повредуваат со пристапи кои премногу го истакнуваат криминализирањето и казнувањето, а премалку го истакнуваат здравјето и намалувањето штети“.