Оваа збирка е резултат на грантовата шема спроведена во рамките на проектот „Мрежа 23“, финансиран од Европската Унија, преку Програмата за поддршка на граѓанското општество и од Кралството Холандија, преку програмата МАТРА. Грантовите беа доделени по пат на јавен оглас, врз основа на утврдени критериуми. Основната цел беше да се даде релевантен придонес на граѓанските организации во    следењето  и во евалуацијата на политиките кои се опфатени со Поглавјето 23 од пристапувањето во Европската Унија – правосудство и темелни права. Во рамките на проектот беа спроведени активности за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за придонес во следењето и во евалуацијата на политиките, заснован врз докази и аргументи. За таа цел, беше изготвена методологија за следење и евалуација на политиките од Поглавјето 23, беа одржани обуки, a беше овозможено и менторство при подготовката на документите на јавна политика.