Документот пред вас содржи опис и анализа на правното образование во Р.М. од 2003 до 2013 година, период во кој суштински се промени начинот на кој што се студира право на високообразовните институции во РМ. Правното образование1 како систем за образование и стручно оспособување на идните правни професионалци е од големо значење за правниот систем за воспоставување на општество во кое се почитува начелото на владеењето на правото.