Овој документ е резултат на иницијативата за унапредување на квалитетот на програмите за лекување зависности од дроги во Македонија, преземена од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“. Целта на иницијативата е
да се анимираат лицата што се лекуваат од зависности од дроги самостојно да почнат да ги застапуваат своите права и потреби пред институциите надлежни за лекување на зависностите од дроги. Начинот на анимирање на лицата што се лекуваат од зависности од дроги, според методите што се применуваат, е
новина во Македонија и подразбира вклученост на заедницата во сите фази од развојот на проектот.