Овој документ за јавна политика ги анализира апсорпционите капацитети, ефикасноста и ефективноста на користењето на финансиската поддршка која е овозможена на Република Македонија преку Инструментот за претпристпана помош на Европската Унија. Содржаните наоди и препораки се базираат на досегашните согледувања на ЕПИ од спроведувањето на Програмата “Следење на ИПА“, а особено преку збирката на студии спроведена во рaмките на проектот „Користење на фондовите на ЕУ“ имплементиран во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје. Дополнително, земена е во предвид и јавната расправа во Националниот совет за евроинтеграции, одржана на 5-ти ноември 2012 година.