Во медиумската сфера во Македонија во последните неколку години се случуваат големи промени. Постојано се  бележи постојан пад на скалата на слободата на медиумите според оценките на релевантни и професионални меѓународни здруженија. Слободата на медиумите со години назад се наоѓа и во ѐабелешките на Европската унија во Извештајот за напредокот на Република Македонија. Постои висока
поларизираност и меѓу електронските и меѓу печатените медиуми, според нивната наклонетост кон една или друга политичка структура. Огромен дел од медиумите го имаат изгубено својот углед токму поради заземањето сервилен и непрофесионален однос кон одредени теми и случувања во земјата.