На 31-ви март 2010 година, Комитетот на Министри на Советот на Европа усвои Препорака за земјите-
членки во однос на „мерките за борба против дискриминација врз основа на сексуална ориентација или
родов идентитет“. Тоа беше историски момент. Препораката, како што изјави Генералниот Секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, е првиот меѓународен правен инструмент кој се занимава специфично со дискриминацијата по овие основи, која ја опиша како „една од најдолготрајните и најтешките форми на
дискриминација со која може да се соочиме“.