Организацијата на жените на општина Свети Нииколе на ден 12.04.2017 година во соработка со Народниот музеј од Свети Николе ја реализираше изложбата „Жените од Свети Николе низ историјата“.
Изложбата беше посветена на жената борец за женски права, покојната прва претседателка на ОЖО Свети Николе, г-ѓа Вера Златева. На изложбата беа поставени биографии на 31 светиниколчанка, кои зад себе оставиле значајни достигнувања во разни области. Истражувањето го спроведе Рахела Симеонова Манева, долгогодишна активистка во здружението, заедно со поддршка на тимот во Организација на жените на општина Свети Николе ангажиран во реализирање на институционалниот грант од Цивика Мобилитас Програмата.