Институтот за човекови права (ИЧП), во соработка со Централниот европски универзитет (ЦЕУ) од Будимпешта, го имплементише проектот „Roma Placement Program“, од мај до декември 2015 г. кој има за цел ангажирање дипломирани Роми во невладини неромски организаци во период од една година. Проектот беше спроведен во Македонија и во Србија, а беше финасиран од National Endowment for Democracy. Во рамки на проектот, Институтот за човекови права, од септември 2015 до март 2016 година, спроведе истражување со цел да се дојде до вкупниот број запишани и дипломирани Роми на државните и на приватните факултети во Република Македонија во периодот од 2004 до 2014 година. Потребата за ова истражување произлезе од недостатокот на податоци и извештаи во врска со Декадата на Ромите во високото образование, за периодот 2005-2015 година, поточно, недостасуваа истражувања конкретно за запишани и за дипломирани Роми во високото образование.