Државите имаат обврска да обезбедат образование насочено кон целосниот развој на човековата личност и кон зајакнување и почитување на човековите права и основни слободи. Токму затоа, образованието мора да биде ослободено од сите форми на дискриминација. Следствено, образовните програми и материјали треба да бидат ревидирани за да не содржат елементи, не само од расна, верска и од етничка дискриминација, туку и од дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и на родот (вклучително и на родовиот идентитет и / или изразување).