Последниве десет години повеќе трудови се обидуваат да го објаснат правнополитичкиот
контекст во Македонија пред и по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД), неговата
природа и влијанието врз етничките односи во Ре пуб лика Македонија (Македонија или РМ). ОРД e документ со кој се стави крај на кризата во 2001 година, а со цел адресирање на барањата за
подобрување на позицијата на етничките Албанци во земјата (за различните пристапи кон природата и целта на ОРД, види дел два од оваа студија). Потпишан е од страна на претставниците на четирите
(во тоа време) најголеми политички партии и од претседателот на државата, а помеѓу потписниците нема претставници на други етнички заедници.