Во медиумите во Република Македонија честопати се доведува во прашање слободата на изразување, а условите за работа на новинарите и медиумските работници се многу тешки и недостоинствени. По згаснувањето на дневниот весник „Дневник“, кој престана да излегува само месец и пол откако истата судбина ја доживеаја „Вест“ и „Утрински весник“, кои беа под капата на медиумската куќа „Медиа принт Македонија“, се поставува прашањето што со вработените новинари и медиумски работници кои останаа без работа. Истовремено се намалува и работата на дел од новинарите допи­сници, првенствено поради концентрацијата на информации од главниот град на прог­рамите на националниот сервис.