Транспаренси интернешнл – Македонија го изработи Документот за јавни политики „ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА – Надлежностите и капацитетите за изготвување и ефективно одржување на Избирачкиот список“. Во документот се дава краток хронолошки осврт на проблемите во поглед на избирачкиот список во Република Македонија, анализирајќи ги законските измени во Изборниот законик, улогата и надлежностите на ДИК во поглед на Избирачкиот список, како и практичната примена на новите нормативни решенија. Анализата воедно посочува одредени препораки и предлози кои се однесуваат на неопходноста Република Македонија да обезбеди соодветни услови за остварување на избирачкото право на секој граѓанин токму преку организирање на легитимни избори и почитување на основните демократски вредности.