Ако за Дејвид Харви урбанизацијата која зависи од финансиските институции е централна за опстoјување на капитализмот, токму тука тој ја гледа идејата за правото на град како најсилно орудие во политичкиот и класниот судир што се случува денес. Урбанизацијата има oдлучувачка улога во апсорпцијата на вишокот капитал, што е случај и со Скопје и поголемите градови во Македонија. Правото на град и учеството во градење на урбаното искуство може да изврши контрола врз распределбата на капиталот. Овој текст за Харви е местото каде секој оној што размислува за организирање на отпорот може да ги види причините, а и начинот како да се спротивставиме на новите форми на експлоатација.