Современата технологија може да се искористи за поттикнување на вклученоста на лицата со хендикеп во сите сфери на општественото живеење. Образованието не е никаков исклучок. Белата книга „Асистивната информатичка технологија и образованието во Македонија“ во Вашите раце нуди искуства и примери кои покажуваат како технологијата придонесува за остварување на правото на образование на учениците со
посебни образовни потреби. Овие позитивни искуства се од „нашиот двор“, не од некои далечни и  бајковидни земји.