Клучна институција, која има мандат да врши ревизија на економичноста, ефикасноста, ефективноста и регуларноста во трошењето на јавните средства од страна на јавните институции, е Државниот завод за ревизија (ДЗР) – врховна ревизорска институција чија најважна цел е да придонесе јавните средства да се користат на најдобар можен начин, т.е. да оцени дали нацијата мудро ги троши јавните ресурси.