Овој документ содржи анализа на Нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги кој беше објавен од страна на Владата на 8 април 2013 година. Станува збор за работна верзија на сеопфатен закон за медиуми кој беше подготвен зад затворени врати, без консултација на стручната јавност. Притоа, Владата воопшто не ја отвори дебата за потребата од ваков закон, земајќи предвид дека во досегашниот правен систем на РМ, освен радиодифузијата, останатите типови на медиуми и работата на новинарите никогаш не биле предмет на регулација.