Историски, македонското општество манифестира отворена нетолерантност, а Македонија како држава спроведува несомнена дискриминаторска политика кон ЛГБТ-заедницата и кон групите и поединците што ги застапуваат нивните интереси. Сукцесивни меѓународни извештаи и автохтони анализи, релевантни за утврдувањето на степенот на почитување на човековите права во овој политички контекст, ја поткрепуваат таа констатација.