Во 2015 година беше регистриран најголемиот број на бегалци и мигранти кои влегле во Европа, достигнувајќи еден милион пред крајот на декември. Регионот на Западен Балкан остана еден од главните мигрантски рути кон земјите од Европската Унија. За време од една година, бројот на новопристигнати баратели на азил кои влегле во Република Македонија, како дел од зголеменото движење на луѓе во мешаните миграциски движења во Западен Балкан, драстично се зголеми. Барателите на азил и мигрантите транзитираа низ регионот од Азија, Африка и Блискиот исток en route до Западна Европа. Со родолжувањето на конфликтот во Сирија, мнозинството на бегалци кои пристигнаа во земјите од Западна Европа се по потекло од таму.