fbpx
x
Мени

Тркалезна маса: Поддршка на судските и кривично правните реформи

Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“  ги кани сите заинтересирани на тркалезната маса „Поддршка на судските и кривично правните реформи“ која ќе се одржи на 30 мај во Битола, со почеток од 11:00 часот, во хотел Епинал.

Поводот за оваа тркалезна маса е одбележувањето на 15 години постоење на Коалицијата „Сите за правично судење“. Во изминатите 15 години, Коалицијата успешно ја остварува својата мисија во следење на почитувањата на човековите права и слободи на граѓаните, како и да ја поврати довербата на граѓаните во судството и другите институции на системот. Преку остварувањето на својата мисија, Коалицијата се стреми кон достигнувањето на својата визија која што ја има, а тоа е моќна и стабилна организација во држава во која што целосно ќе се почитуваат човековите права и слободи, со посебен акцент на стандардите на правично судење, како елементарен услов за интегрирање во Европската Унија.