x
Мени

Акција „Собирај и Добиј“- Лозово

Локација: Здружение на пензионерите на Општина Лозово

Со цел подигнување на свеста за штетноста од електричниот и електронскиот отпад, Организација на жените на Општина Свети Николе и Лозово ќе спроведуваат акција за собирање на електронски и електричен отпад под наслов „Собирај и добиј“. Настанот ќе се оддржи на 15ти март со почеток од 9 часот пред здружението на пензионерите на Општина Лозово. Настанот е поддржан од иницијативата „Мрдни со прст“.
Сите Вие кои имате дома стар електричен отпад односно: стари фрижидери, ладилници, пегли, машини за перење, фенови, ваги,ТВ апарати, компјутери, телефони и слично може да го пријавете отпадот во период од 9ти до 14ти март, 2018 година, секој ден во канцеларијата на Организација на жените на општина Лозово од 9 до 16 часот или пак на телефонскиот број 071/370/661 кај Марија Моневска. Ние на денот на акцијата со сопствено возило ќе го собираме отпадот директно од Вашиот дом. Оние граѓани кои нема да го пријават опадот, можат самостојно да го донесат пред здружението на пензионерите на Општина Лозово. Секој кој ќе донесе отпад ќе добие талон за учество на наградната игра, која ќе започне со почеток од 13:30 часот истиот ден.
Да мрднеме сите со прст!!!