fbpx
x
Мени

Анализа на потребите на младите во општина Аеродром

Целта на истражувањето е да се идентификуваат главните потреби и предизвици кои ги засегаат младите на возраст од 15 – 29 години во општина Аеродром и тоа во различни области кои се во нивна надлежност според Законот за локална самоуправа (2002 година). Квалитативното истражување се спроведе во рамки на проектот “Формирање на локални младински совети” имплементиран по “Фондација Конрад Аденауер” во партнерство со “Младите Можат” и “Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии – Брисел.

Анализа на потребите на младите во општина Гази Баба

Целта на истражувањето е да се идентификуваат главните потреби и предизвици кои ги
засегаат младите на возраст од 15 – 29 години во општина Гази Баба и тоа во различни области
кои се во нивна надлежност според Законот за локална самоуправа (2002 година).
Квалитативното истражување се спроведе во рамки на проектот “Формирање на локални
младински совети” имплементиран од “Фондација Конрад Аденауер” во партнерство со “Младите
Можат” и “Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии – Брисел.

Анализа на потребите на младите во општина Карпош

Целта на истражувањето е да се идентификуваат главните потреби и предизвици кои ги засегаат младите на возраст од 15 – 29 години во општина Карпош и тоа во различни области кои се во нивна надлежност сппред Законот за локална самоуправа (2002 година). Квалитативното истражување се спроведе во рамки на проектот “Формирање на локални младински совети” имплементиран од “Фондација Конрад Аденауер” во партнерство со “Младите можат” и “Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии – Брисел”.

Брошура

Проект “Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“

Брошура

Енергетска Ефикасност – Брзи и лесни чекори за подобрување на вашиот бизнис

Чувари на природата

Живееме во време кога секојдневно за наши потреби ги искористуваме природните богатства кои ни се дадени на располагање, при тоа не размислувајќи за иднината и генерациите по нас. Луѓето од планетата бараат се повеќе, а можностите кои  ни ги дава планетата се се помали. Барањата на популацијата ја надминуваат можноста за одржливиот развој на планетата. Живееме и се однесуваме како да имаме резервна планета на располагање.

ДОТРАЕНИТЕ КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМИ – ЗАКАНА ЗА ЕЗЕРСКИТЕ ВОДИ

Ефектите од загадувањето почнуваат да се одразуваат и врз езерата, кои што претставуваат едни од најголемите природни богатства на Македонија. Дали надлежните институции соодветно постапуваат и се грижат за заштита на езерските води? Колекторскиот систем на Охридското езеро е најголемиот и најзначајниот во западна Македонија, а работи со половина капацитет.

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Едукативната книга EDU BOOK „Животен циклус на отпадот

Проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот“ или накратко WasteEDU, е заедничка иницијатива на „Сојуз на производителите на еколошка енергија – BG“ од Република Бугарија и „Центар за климатски промени – Гевгелија“ од Република Македонија.

Еколошка бомба демнее над велешани

Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес во соработка со новинари изработи еколошко – истражувачка приказна, како дел од проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ поддржан од Европската Унија преку Инструментот за поддршка на граѓансото општество, Акција 2014 за градење на капацитети на граѓански организации и слобода на медиуми, на Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ од Скопје и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Скопје.

ХАОТИЧНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА ЗА Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

Само неколку општини имаат капацитет да ги спроведат регулативите за Б-интегрирани еколошки дозволи. На терен владее вистински хаос. Нема координираност меѓу централната и локалната власт. Една иста парцела добива дозвола и за куќа и за фабрика.

автор: Горан Лефков

Законодавството за имплементација на Б-интегрираните еколошки дозволи доживеа целосен дебакл во Македонија. Се обидовме да дознаеме колку Б-интегрирани еколошки дозволи се издадени од Министерството за животна средина и просторно планирање, но оттаму не одговараат.

Користејќи го Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се обидовме да добиеме податоци од општините што се одговорни за издавање Б-интегрираните еколошки дозволи, но само 40-ина општини одговорија, од вкупно 80. Град Скопје е надлежен за издавање на Б-интегрираните еколошки дозволи за скопските општини, но оттаму не добивме податоци за тоа колку дозволи се издадени досега.

И по 10 години од донесување на уредбата за имплементирање на Б-интегрираните еколошки дозволи, експертите се сомневаат дека општините имаат капацитет за оваа регулатива.

Во многу локални самоуправи, општинскиот инспекторат нема капацитет и знаење за да ги имплементира уредбите за Б-интегрираните еколошки дозволи“, вели Александра Бујаровска, правник со специјалност во имплементација на еколошкото законодавство.

На терен се создаваат големи проблеми. Централната и локалната власт не се координираат околу издавањето на дозволите, со што граѓаните се доведени во заблуда.

berat-sela

„Имаме ситуација овде, во Струшко, каде што институциите на централно ниво користеле стари планови на населените места, кои во меѓувреме се изградени со објекти што се легализирани“, вели Берат Села, основач на невладината организација „Натура“ од Струга.

Тие спроведуваа проект поддржан од програмата Цивика мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и ова се нивните сознанија.

 

 

 

Добар закон, лоша имплементација

Законодавството за Б-интегрирани еколошки дозволи е оценето како добро, бидејќи најголем дел е препишано од европската регулатива. Кај нас периодот за усогласување и за имплементирање на законодавството за интегрираните дозволи, беше од 2007 до април 2014 година. За оваа намена од 2005 до 2007 година од тогашната влада на Владо Бучковски се направи инвентарен лист со компаниите што треба да побараат Б-интегрирани еколошки дозволи. Во овој инвентарен лист се најдоа 260 инсталации (фирми).

aleksandra-bujarovska

„Според ова законодавство, сите загадувачи и со А и со Б дозволи требаше да ја усогласат својата технологија и во април 2014 година да ги добијат интегрираните дозволи. Некои од големите фирми какви што се ‘Југохром’, ‘Осломеј’ и РЕК ‘Битола’ не успеаја да се усогласат согласно со граничните вредности за емисии во природата. За овие има некакви информации. Во однос на малите загадувачи, кои подлежат на Б-интегрирани еколошки дозволи, немаме никакви информации. Речиси никој нема информација до каде е со нивната имплементација и колку тие загадуваат. Општинските инспекторати мислам дека немаат ниту време, а камоли знаење да ги следат загадувачките емисии на природата од инсталациите што подлежат под Б-интегрирана еколошка дозвола“, вели Александра Бујаровска.

Таа се сомнева дека Државниот инспекторат за животна средина има капацитет да ги имплементира пропишаните стандарди на дело, а, пак, општинските инспекторати воопшто немаат капацитет.

Директивата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето, која е транспонирана во нашето законодавство, веќе не постои. Веќе има нова и се вика директива за индустриски емисии. Директивата за индустриско загадување ќе биде транспонирана во нашето законодавство. Измените во оваа директива дополнително треба да се транспонираат кај нас.

Наредниве година-две ќе има измени во законодавството и имплементација на новите директиви.

Мал е процентот на компании што навистина ги исполнија стандардите за добивање Б-интегрирани еколошки дозволи.

 

Во 40 општини издадени само 80 дозволи

За потребите на оваа сторија, тимот на Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, направи истражување за бројот на издадени Б-интегрирани еколошки дозволи. Упативме барања по слободен пристап до информациите од јавен карактер до сите општини во Република Македонија. Одговорот на овие барања беше половичен. Само 42 општини одговорија на нив.

Во овие општини се издадени 86 Б-интегрирани еколошки дозволи, за 39 инсталации се издадени дозволи за усогласување со оперативниот план. Иако краен рок за имплементација на законодавството за Б-интегрирани дозволи беше април 2014 година, сепак во процедура има уште 38 барања.

Според податоците на СКУП, од 2007 година до ноември 2013 година само 30-ина компании имаа дозвола за усогласување со оперативниот план, која подоцна требаше да прерасне во интегрирана еколошка дозвола. Се разбира, ако ги исполнат условите во оперативниот план. Потоа се случува вистинско расфрлање со дозволи, смета Александра Бујаровска.

„Од ноември 2013 до април 2014 година, за нецели 6 месеци добија дозволи 150 инсталации. Првично беа 170, ама некои од фирмите се откажаа. Енормен е бројот на издадени интегрирани еколошки дозволи за толку краток период. Во периодот додека се издаваа овие дозволи, намерно или не, не работеше веб-страницата на Министерството за животна средина. Основен извор за некоја компанија дека аплицирала и добила дозвола беше веб-страницата на Министерството за животна средина“, смета Бујаровска.

Интересен е случајот со Општина Гостивар. Таму 8 фирми поднеле барања за Б-интегрирана еколошка дозвола. Ниту една од тие фирми нема добиено Б-интегрирана еколошка дозвола, 5 сè уште остануваат во процедура, додека 3 се одбиени поради одземање на концесијата за ископување минерални суровини.

Во одговорот на Барањето за слободен пристап до информациите од јавен карактер упатено до Општина Радовиш, се наведува дека во општината не постојат инсталации што подлежат на издавање Б-интегрирана еколошка дозвола, иако во инвентарниот лист се наведени 3 компании од оваа општина, кои треба да го намалат загадувањето во дозволените рамки и да добијат Б-интегрирана еколошка дозвола.

 

Неподготвени општини, лоша имплементација

Општините во Македонија воопшто не беа подготвени за имплементација на регулативата за Б-интегрираните еколошки дозволи. Само мал број општини имаа луѓе и знаење да ги спроведат. Според Љупка Глигорова, диплoмирaн инженер зa зaштитa нa живoтнaта срединa, општините Велес, Струмица, Битола и дел од скопските општини имаат капацитет и знаење за имплементацијата на ова законодавство, додека другите, а особено помалите општини, немаат.

Најголем дел од фирмите (паушална процена 90%) имаат поднесено барања за дозволи, меѓутоа голем дел од нив не ги исполнуваат целосно условите во дозволите, а за голем дел не се завршени и постапките за премин од дозвола за усогласување во интегрирана еколошка дозвола“, вели Глигорова.

Таа додава дека отсуствува инспекцискиот надзор за имплементација на обврските на законодавството за интегрираните дозволи. Ако инспекторите ги притиснат, тие ќе мора да го имплементираат. Вака фирмите без контроли од инспекциите никогаш нема сами да го спроведат тоа законодавство, смета Глигорова.

Александра Бујаровска вели дека во 90% од случаите, фирмите поднесуваат непотполни барања до општините.

До средината на 2008 година имаше рок за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план. За да го фатат овој рок, фирмите поднесоа 170 половично пополнети апликации за А-интегрирани еколошки дозволи. Истото па дури и полошо се случи и на општинско ниво“, смета Бујаровска.

Според Законот, доколку фирмите што требаше да земат Б-интегрирани еколошки дозволи не го направат тоа до април 2014 година, треба да се затворат. Но подоцна се интервенираше со некои ситни измени и денес речиси и да нема компанија што е затворена затоа што не поседува Б-интегрирана еколошка дозвола.

 

Каменоломите го трујат Лабуништа

Проблемите со издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи најдобро на терен се гледаат во Струшко. Во Лабуништа има 5 каменоломи веднаш до селото. Загадувањето на воздухот и на другите медиуми од овие каменоломи е огромно.

Според Алија Тасими, претседател на Месната заедница во ова село, проблемот е огромен.

alija-tasimi

„На еден од каменоломиве во Лабуништа му дале дозвола за преработка на песок иако од авион се гледа дека нема услови да работи каменоломот. Ние како граѓани сметаме дека три од каменоломите немаат основа за Б-интегрирана еколошка дозвола. За два од каменоломите знам дека немаат добиено согласност од Месната заедница, но за третиот сум сигурен дека нема согласност од нас како Месна заедница, а нема и Б-интегрирана еколошка дозвола. Без согласност на месното население, не може да се комплетира документацијата за Б-интегрирана еколошка дозвола“, вели Тасими.

Лабуништа има околу 1.700 куќи и околу 10.000 жители. Граѓаните најмногу на сопствена кожа го чувствуваат проблемот.

„Цело село има мака од каменоломот. Малку не е јасно зошто во таа населба, каде што сега и куќи се градат, ние како жители на Лабуништа бараме да се престане со загадувањето. Имаме база за преработка на камен, која работи два-три часа дневно, таа создава прашина, ама не е толку штетна како каменоломите. Тие кога вадат камен, вадат по 40-50 камиони дневно. Кога камионите поминуваат, целата прашина завршува во населбата. Кога ќе заврне, на возилата има по 2 сантиметри прашина. Воздухот е многу загаден. Цело село страда од каменоломите. Кога поминуваат камионите по патот, се крева многу прашина, тоа е нешто неверојатно“, вели Џабир Асаноски од Лабуништа.

labunista-2

Од НВО „Натура“ од Струга се против издавањето дополнителни дозволи во Струшко.

„Ние како еколошко друштво ‘Натура’ сме против издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи на дополнителни каменоломи во Струшко. Само во Струга и Струшко има 17 каменоломи. Тоа е премногу“, смета Села.

Според податоците на Општина Струга, во Лабуништа само каменоломот Влаши има Б-интегрирана еколошка дозвола. Инаку, општината има издадено вкупно 6 Б-интегрирани еколошки дозволи.

Што значи Б-интегрирана еколошка дозвола

А и Б интегрираните еколошки дозволи започнаа со имплементација во 2007 година. Тогаш за првпат се направија измени на Законот за животна средина, каде што загадувачите, во зависност од тоа со колкав капацитет работат, ги поделија на А и Б интегрирани еколошки дозволи.

Со воведувањето на овие дозволи, во Законот за животна средина се имплементира директивата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето на Европската Унија. Целта на ова директива е да се сведе на минимум загадувањето од ваков тип инсталации. Интересното кај оваа директива е тоа што има интегриран пристап. Загадувањето врз воздухот, водата и почвата се набљудува интегрирано. Значи, со оваа директива се контролира целокупното загадување, кое може да произлезе од одредена инсталација (фабрика). Порано имало посебна дозвола за вода, за испуштање на водата, за користење на водата, за загадување на водата. Одделни дозволи имало и за отпадот. Целта е со усовршување да се постигнат нула емисии, нула креирање отпад, максимална енергетска ефикасност на самата постројка и најмало трошење на ресурсите.

Инфотека: Енергетска ефикасност

Енергетска ефикасност е користење/трошење на помалку енергија за ист производ или услуга.Енергетската ефикасност заштедува енергија, пари и ги намалува емисиите на загадувачки гасови во атмосферата. Енергетската ефикасност не е зачувување на енергија. Зачувување на енергијата подразбира намалување или откажување од услугата за да се заштеди енергија. На пример, исклучувањето на светилките е зачувување на енергија, но останувате во темница. Замената на жаречката светилка со компактна флуоресцентна светилка (која користи многу помалку енергија за да го произведе истиот интензитет на осветлување) е енергетска ефикасност.

Извештај за дигитална писменост и користење на е-услуги во руралните средини

Во Република Северна Македонија, се најавуваат законски промени преку кои
граѓаните ќе може да креираат електронски идентитет, преку кои услугите од
институциите ќе ги добиваат електронски. Сето тоа води кон трансформација
на јавните услуги и нивна дигитализација. А тоа би придонело до заштеда на
пари, поквалитетни јавни услуги и зголемена транспарентност, полесен
пристап до податоци и секако бришење на воспоставениот бирократски систем.
Одржливото земјоделство е во срцето на “Целите за одржлив развој” на
Обединетите Нации (ОН) и првиот основен чекор кон обезбедување на свет без
глад (zero hunger). Согласно со Агендата на ОН, до 2030 година треба да бидат
обезбедени одржливи системи за производство на храна и да се спроведат
одржливи земјоделски практики што ја зголемуваат продуктивноста и
производството, кои помагаат во одржување на еко-системите, кои го
зајакнуваат капацитетот за прилагодување кон климатските промени,
екстремните временски услови, сушата, поплавите и другите катастрофи и кои
постепено го подобруваат квалитет на земјата и почвата.
Во изминатиот период, земјоделството, заедно со ловство, шумарство и
рибарството има остварено вкупен пораст на бруто додадената вредност од
4,5%. Секторот бележи континуиран годишен пораст на вредноста од
871.400.000 евра во 2014 година на 910.900.000 евра во 2019 година, освен во
2017 година поради влијанието на временските услови. Од друга страна,
релативното учеството на земјоделскиот сектор во бруто додадената вредност е
намалено од 10,2% на 8,1% поради поголемата додадена вредност остварена
во останатите попропулзивни економски дејности.

Југоисточна Европа: Патот кон ЕУ или на Патот кон никаде? Енергетски план за 2050 година: техничка анализа

Со драстично намалување на цената на соларната и ветерната енергија и стареењето на постојната енергетска инфраструктура во регионот, Југоисточна Европа се соочува со избор да го следи патот кој се потпира исклучиво на нов јагленов развој, без какви било значајни напредувања кај соларната или ветерната енергија, или да напредува кон пристапувањето во ЕУ со користење на технологии за чиста енергија и мерки за енергетска ефикасност, со планирање од сега па до 2050 година. Цената на соларните панели се очекува да се намали од околу 6,6€/W во 2002 година на 0,9 €/W во 2027 година. Понатамошниот напредок во ветерната технологија и други преносни опции на обновливите извори на електрична енергија го сменија пејсажот за идните инвестиции во капацитети на новите генерации, каде што се очекува цените на ветерот да се спуштат и до 20-30% од 2038 година.

Југоисточна Европа: Патот кон Еу или патот кон никаде? Енергетски план за 2050 година: Водич кон иднината

На денот на планетата земја 2016 година во Њујорк, сите ОН членки2 од Југоисточна Европа го потпишаа Парискиот договор. Договорот цели да се ограничи глобалната температура под 2°Ц, додека ќе се работи на тоа да се доведе под 1.5°Ц. Со потпишувањето на договорот, земјите од регионот се обврзани да почнат да ги намалуваат нивните емисии на стакленички гасови најрано што може и да ги следат највисоките амбиции кои можат да ги остварат.

Културно-историски водич низ регионот Дешат

Културно-историски водич низ регионот Дешат

Културно-историски водич низ регионот Дешат

Планинскиот масив Дешат се простира на македонско – албанската граница и претставува дел од веригата Шар –Кораб – Дешат – Крчин – Стогово – Караорман. Највисок врв на овој масив е Веливар (Вели врв) со 2,373 метри надморска висина. На самата планина има и неколку помали глацијални езера, најпознато е езерото Локув, кое е најниско глацијално езеро во Македонија. Од источната страна на планината тече
реката Радика, која го разделува Дешат од Бистра и Стогово.

Мапирање на природните ресурси и културното наследство во Дебарскиот регион

Мапирањето на природните ресурси и културното наследство во Дебарскиот регион е студија кој што се реализира во рамките на проектот „Одржлив рурален развој во планинскиот венец Дешат: Локална акциона група Дешат„ (проект кој што се реализира во рамките на ИПА програмата, компонента 2, Прекуграничната соработка Македонија – Албанија 2007 – 2013, 3 повик). Студијата има за цел да направи оцена на потенцијалите на природните и културните ресурси во рамките на територијата на која се простира овој масив, планинскиот масив Дешат.

Mapping of the natural resources and cultural heritage in the Debar region

Mapping of the natural resources and cultural heritage in the wider region of Debar is a study which is implemented in the frame of the project “Sustainable rural development in the mountains range Deshat: Local action group Deshat” (a project that is implemented under the IPA program, 2nd component, cross-border cooperation Macedonia – Albania 2007 -2013, 3 call). The study aims to make an assessment of the potential of natural and cultural resources within the territory of this massif, the mountain range Deshat.

Мониторинг извештај на еколошко друштво планетум

Овој мониторинг извештај е дел од проектот ,, Зачувување на шумата – инвестиција во иднината “кој има за цел да ја подобри соработката на заинтересираните страни за намалување на дивата сеча ( дрвокрадството ) и зачувување на шумскиот фонд како природно богатство на Р. Македонија. Како дел од активностите во склоп со овој проект беше и спроведување на мониторинг со цел следење и проценка на динамиката, квалитетот и обемот на работа на институции кои на некој начин се инволвирани со проблемот на дива сеча на шумите и заштитата на шумскиот фонд.

На малите производители со едноставен јазик да им се објаснат условите за продажба од куќен праг

Сирења, кашкавали, слатки, мармалади, мед, риба, макала, зачини и пекарски домашни специјалитети, се само дел од широката лепеза традиционални производи што нашите земјоделци, посебно оние од руралните средини, веќе можат и легално да ги продаваат, директно од дома или на фарма.

Ова го предвидуваат неодамна донесените два правилника ( за храна од животинско и за храна од неживотинско потекло ) со кои значително се олабавија условите за производство/преработка.Правилниците наметнуваат само основни, елементарни критериуми, најмногу во однос на хигиената, кои мора да се исполнат. Но, дали земјоделците тоа го знаат, дали се доволно запознаени со минималните услови и стандарди што од нив се бараат? Од друга страна, колкава е довербата на потрошувачите во ваквите производи, како тие ќе знаат дека она што го купуваат е безбедно и сигурно за консумација и кој ќе гарантира за квалитетот ?

Нечесни одредби во потрошувачките договори

Ова се неколку многу важни правила при склучување на договори и во случаите кога има нечесна
одредба во договорот:
– Секогаш внимателно прочитајте ги договорните одредби што се однесуваат на вашите права и обврски
– Договорот мора да биде напишан со едноставен и разбирлив јазик.
– Комуницирајте во писмена форма По писмен пат побарајте дополнително објаснување за било какви
нејаснотии во договорот.

Platforma RAPORTO.MK

https://raporto.mk/
Mënyrë e re për Komunat më të pastër dhe të rregulluar!
Prej tani e tutje, banorët e disa Komunave mund të raportojnë në mënyrë të lehtë ankesat e tyre për gropat në rrugë, trotuaret e prishura dhe problemet tjera të ngjashme me të cilat ballafaqohen në komunën ku banojnë.
“Punojmë së bashku, për një Komunë më të pastër dhe të rregulluar”
Projekti “Qytetarët për komunën: Së bashku për transparencë dhe përgjegjësi” është zbatuar nga SH.Q. NEXUS – Koncepti Civil, dhe pjesërisht i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve në Shkup.

Платформа за пријавување на комунални проблеми

https://mk.prijavi.mk/
Нов начин за почиста и уредна Општина!
Од сега жителите на едноставен начин можат да пријават жалби за дупки на патот, скршени тротоари и други слични проблеми со кои се соочуваат во општината
“Работиме заедно, за почиста и уредна Општина!”
Проектот „Граѓаните за општината: Заедно за транспарентност и одговорност“ е имплементиран од З.Г. НЕКСУС – Граѓански Концепт, и делумно поддржан со грант од Амбасадата на САД во Скопје. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на реализаторите / авторите и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Прирачник за почвени анализи

Почвата е сложен полидисперзен систем изградена од цврста (минерални и органски материи), течна (вода), гасовита (воздух), и жива (организми) фаза. Како дел од екосистемот таа е отворен систем каде се врши постојана размена на енергии и материи со надворешната средина. Таа е најдрагоцен, ограничен и тешко обновлив природен ресурс без кој животот на човештвото, на растителниот и на животинскиот свет е невозможен.

Присуство на ентомофауната во посев со тутун во струмичкиот регион

Оваа брошура е резултат на соработката помеѓу нас,, Еколошкото друштво Планетум ” од Струмица и компанијата “Алајанс УЈАН Македонија ” од Кавадарци и заеднички реализираниот проект “Присуство на ентомо-фауната во посев со тутун во струмичкиот регион”. компанијата Алајанс УАН од Кавадарци како опшествено одговорна компанија која се грижи и вложува во развојот на заедницата и во животната средина реши дел од својата работа во заедницата да ја насочи кон испитување на биодиверзитетот (ентомофауната) во посевите со тутун во Струмичкиот регион.

Промотивен настан-Кампања Мрдни со прст

Не троши залудно уште една минута, ТИ СИ НА ПОТЕГ да се грижиш за околината и заедницата! Мрднавме со прст на 19-ти јули на градскиот плоштад во Свети Николе, организиравме промотивен МРДНИ СО ПРСТ настан за подигање на свеста за грижа за животната средина, со цел промоција на нашите претстојни активности кои ќе се реализираат во периодот од јули до октомври годинава.

РЕГИОНАЛНИТЕ ДЕПОНИИ – РИЗИК ЗА ЗДРАВЈЕТО

Илјада депонии. Педесетина општински, но без дозволи за работа. Само една е легална и работи според стандарди. Македонија во ѓубре. Закони за заштита на животната средина има, реализација нема. Причина? Чини пари. Во државниот Буџет за оваа намена средства нема. Товарот ќе треба да го понесат граѓаните преку повисоките сметки за ѓубрарина. Но, политичар кој би донел ваква одлука, нема!

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Стратегија за развој на рурален и планински туризам во регионот на планината Дешат

Планинскиот масив Дешат се простира на македонско – албанската граница и претставува дел од веригата Шар – Кораб – Дешат – Крчин – Стогово -Караорман. Планината Дешат го зафаќа средишниот дел од Корабскиот Планински Масив. Кон север Дешат се надоврзува на планината Кораб, додека кон југ со
планината Крчин. Планинскиот гребен на планината Дешат се протега во правец север-југ, со шест планински врвови повисоки од 2,000 метри, од кои највпечатливи се врвот Веливар (2,375 m) и врвот Голем Крчин (2,345 m). Други високи врвови се Дели Сеница и Сува Бара.

Заштита на правата и интересите на корисниците на основните комунални услуги

Оваа студија ги анализира состојбите и предизвиците со основните комунални услуги и дава препораки како да се унапреди заштитата на правата и интересите на корисниците на услугите.
Комуналните услуги значително влијаат на семејниот буџет и на квалитетот на живот на граѓаните. Во однос на влијанието врз семејниот буџет, како показател можеме да ги земеме објавените податоци за минималната потрошувачка кошничка за едно четиричлено семејство, објавени од Сојузот на синдикатите на Македонија. Според пресметките на ССМ, минималната кошничка за февруари 2016 година изнесувала 32.325 денари.1 Со тоа, вкупните месечни трошоци за јавни услуги – вклучително и комуналните услуги – изнесуваат 10.617 денари или една третина од семејниот буџет. И покрај тоа што издвојуваат значаен дел од своите приходи за основните комунални услуги, граѓаните честопати не се целосно задоволни од нив, а истовремено сметаат дека се немоќни да влијаат на подобрувањето на состојбите поради монополската или доминантната позиција на давателите на услугите.

Застапување во земјоделството

Лобирање…. Застапување….
Термини кои што се почесто имаме можност да ги слушаме во нашето секојдневие. Термини
за кои што често пати не сме сигурно точно што значат или која е нивната дефиниција, а
голем дел од нас граѓаните имале можност барем еднаш да ги практикуваат низ своето
работење и делување во општеството. Од употребата на ваквите термини ниту една област
на општественото живеење не е изоставена, па така се почесто и во земјоделството и
руралниот развој може да се слушне употребата на овие термини.

Завршно видео за националниот проект „Македонија без отпад 2016“

„Ајде Македонија“ со поддршка на Civica Mobilitas и компаниите Осигурување Македонија и Ekonelektron ја организираа најуспешната акција за чистење на Македонија досега. Погледнете го завршното видео од националниот проект „Македонија без отпад 2016“ во кој учество земаа над 16000 учесници, 70 граѓаниски организации и над 100 училишта, кои чистеа 156 локации низ земјата во 53 општини.