fbpx
x
Мени

10 години ЖСП

Брошура по повод дест години постоење на здружението. Опис на главни активности, изјави и приказни од семејства и пациенти, институции, доктори, фармацевтски претставници …

Адитиви во исхраната и потрошувачите

Прехрамбените адитиви се супстанции со познат хемиски осстав кои нормално не се внедсуваат како храна ниту како состојка на храната, без разлика на нивната нутритивна вредност. Адитивите челно се додаваат во храната за подобрување на нејзиниот технолошки состав и тоа во текот на производството, подготовката, обработката, преработката, пакувањето, транспортот и чувањето. Адитивити кои што после додадавањето во храната го постигнале својот ефект стануваат состојба на храната.

Анализа на потребите за развој на социјални претпријатија во Република Македонија

Социјалното претприемништво во Македонија сѐ повеќе се гледа како алтернативен и иновативен модел за промоција на социјалната инклузија, ресоцијализацијата, интеграцијата на пазарот на трудот и вработувањето за лицата од ранливите групи граѓани. Во литературата, како и во правната легислатива во Македонија, нема консензус за тоа што претставува социјалното претприемништво, кои се моделите што се најсоодветни и применливи во Македонија, ниту постои подетална економска анализа во кои индустрии потенцијално треба да развиваме социјални претпријатија во иднина, кои би биле во согласност со побарувачката на локалниот пазар, за да бидат претпријатијата долгорочно одржливи. Иако нема стратегиски национални документи, документирајќи го и следејќи го развојот на социјалните претпријатија во Македонија, може да забележиме дека постои зголемен тренд на невладини организации што почнуваат да основаат социјални бизниси, а дел од нив да вршат активна едукација за развој на социјалната економија и социјалното претприемништво. Се поголем е интересот за вработување на ранливи категории луѓе: млади долгорочно невработени лица, лица со посебни потреби, жени жртви на семејно насилство, лица што користат дроги итн.

СО БЕЛ МАНТИЛ ПО БЕЛИОТ СВЕТ – ТРЕНД НА ИСЕЛУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ

Десетици лекари секоја година продолжуваат да ја напуштаат Македонија, во потрага по подобри услови за работа и повисоки плати во странство. Овој егзодус на лекарите и здравствените работници веќе се чувствува во многу делови од земјата – цели региони се без лекари, а некогашните амбуланти зјаат празни. Состојбата е особено критична кај гинеколозите – од летово, речиси целата скопска околина е без матичен гинеколог, затоа што ниту еден млад лекар не прифаќа да работи во примарното здравство.

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Четврта карта со оценка од заедницата за здравствената заштита во текот на бременоста и по породувањето меѓу Ромките во општина Шуто Оризари

И по четврта година од следењето на здравствените услуги кои ги добиваат бремените жени од Шуто Оризари, опфатот на бремените Ромки од страна на патронажната служба останува на ниско ниво, а обемот  и квалитетот на услугите од патронажните сестри бележи постојан тренд на опаѓање. Податоците од терен покажуваат дека мерките од Програмата за активна здравствена заштита намајките и децата не одговараат на потребите на бремените жени, ниту пак стигнуваат до крајните кориснички во практика. Иако е забележен тренд на подобрување на состојбата со трошоците во текот на бременоста, во ординациите на матичните гинеколози на Ромките сè уште незаконски им се наплаќаат дополнителни средства за услугите кои им следуваат бесплатно со здравственото осигурување.

Додатоците на храна и потрошувачите

Додатоците на храна се прехрамбени производи чија цел е да ја дополнуваат нормалната исхрана и кои се концентрирани извори на хранливи состојки или други супстанции со прехранбен или физиолошки ефект, сами или во комбинација.Тие се пуштаат во промет во дозирана форма, во вид на капсули, пастили, таблети, ќеси со прашкаста супстанција,ампули со течност и други слични форми на течни или прашкасти супстанции, дизајнирани да можат да бидат употребени во мали мерливи единечни  количини.

Еколошка бомба демне над велешани,има ли решение за згурата од „Топилница“?

Фактори кои влијаат на употребата на контрацепција во Република Македонија

За подобро да се разбере ниското ниво на употребата заедници, фармацевти, раководители во здравствени
на контрацепцијата во Република Македонија, Х.Е.Р.А. – институции и донесувачи на одлуки.
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Истражувањето беше дел од регионалната студија во 2011 година спроведе квалитативно истражување за спроведена во седум земји со среден приход во бихевиојоралните и социо-културолошките норми, кои Источна Европа и Централна Азија (Македонија, Србија, што влијаат на пристапот и употребата на Босна и Херцеговина, Бугарија, Ерменија, Азербејџан и контрацептивните методи. Поспецифична цел на Казахстан), со техничка помош од Меѓународната истражувањето беше да направи проценка на знаењата федерација за планирано родителство – Европската и мислењата кај различни целни групи за употребата на мрежа (IPPF EN) и Фондот за население на Обединетите контрацепцијата, пристапот и квалитетот на услугите и Нации (UNFPA). влијанието на политиките и реформите во здравство во однос на достапноста на контрацепцијата.

Формулар за документирање случаи

Формулар за документирање случаи за прекршување на правата на ЛГБТИ, корисници на дроги, лица кои живеат со ХИВ и сексуални работници

Годишен извештај Здравствени и сексуални права на припадници на маргинализирани групи (корисници на дрога, лица што живеат со ХИВ, сексуални работници и ЛГБТИК)2012

Законот за заштита на правата на пациентите (2008) сеуште не е имплементиран, не обезбедува ефективна заштита, и нема одредби кои се посебно фокусирани на здравствените потреби на припадниците на маргинализираните групи. Во здравствените установи каде што најчесто се лекуваат припадници на маргинализирани групи сеуште нема назначено правни советници од редот на вработените во Министерството за здравство.

Холистички извештај за лицата со попреченост во Македонија

Холистичкиот извештај за човековите права на лицата со попреченост во Република Македонија се спроведе во рамките на проектот „Слушнете го нашиот глас“, финансиран од Европската унија. Спроведувач е Отворете ги прозорците во партнерство со Центарот за ориентација во заедницата од Белград. Истиот е дел од глобалната иницијатива на DRPI – Меѓународната промоција на правата на лицата со попреченост.

Храна за посебна нутритивна употреба и потрошувачи

Храна за посебна нутритивна употреба е храна која според својот состав или производствен процес јасно се разликува од храната наменета за нормална употреба, одговара на посочените нутритивни цели и се пушта на пазарот на начин со кој се укажува на соодветноста со посочените нутритивни цели.

Информации поврзани со храна

Целта на означувањето на храната, односно информациите поврзани со храната, е
да им се овозможи на потрошувачите да добијат клучни информации за природата
и карактеристиките на храната што ќе им помогне во вистинскиот избор на храната
која ја купуваат. Најважното правило е дека означувањето, презентирањето и рекла-
мирањето на храната (вклучувајќи го и нејзиниот облик, изглед или пакување) не
смее да го доведе во заблуда потрошувачот.

Инфотека: Храна и исхрана

Во врска со прашањето за правилната исхрана експертите и СЗО (Светската здравствена организација) актуелно ја промовираат пирамидата на исхрана.Правилната исхрана значи конзумирање на разноврсна храна во зависност од возраста,здравствената состојба и физичката активност. Храната што се наоѓа на базата на пирамидата може да се конзумира во поголеми количини, додека при конзумирањето на храната, на нивоата кон врвот на пирамидата, треба да се внимава и истата да се конзумира во ограничени количини. Алхохолните пијалоците, додатоците на исхраната, диететските производи не се наменети за целата популација и се сместени надвор од пирамидата.

Innovating health and social care in rural areas – New approaches for Macedonia in cooperation with the Municipality of Krivogaštani

Macedonia is facing heavy challenges in establishing and restructuring the provision of user-centred social and health care services. The defined visions and aims of the “Health Strategy of the Republic of Macedonia 2020” (Ministry of Health, 2007) are based on the World Health Organisation’s “Health for all in the 21st century” strategy for the European region, the Millennium Declaration of the United Nations, the public health policy of the EU and other international declarations, but their realisation has been heavily jeopardised by the global financial and economic crises. In fact, new challenges have surfaced, including political instability and the refugee crisis. ‘These factors contributed to a situation where decisive performance indicators show stagnation, if not aggravation, with respect to the quantitative and qualitative development of services, resulting in consistent high values of infant mortality, unequal access to services and a lack of health and social care professionals, in particular in rural areas.

Исхраната и семејството – сезона есен

,,Прехранбената есенска кошница”претставува збир на прехранбени производи во сезоната есен потребни за правилна исхрана на четиричлено семејство. Прехранбената кошница во сезоната есен се карактеризира според богатата понуда на зголемен асортиман на свеж зеленчук и овошје.Прехранбената кошница има за цел на потрошувачите да им овозможи правилен извор и асортиман на прехрамбени производи, според физиолошките потреби за храна, едукација на потрошувачите за соодветно користење на сезонски зеленчуци и овошје, како и можност за замена со други производи присутни на пазарите по најниски цени.

Исхраната и семејството – сезона лето

Летната прехрамбена кошница претставува збир на прехранбени производи однапред планирани според количините и асортиманот за хранење на четиричлено семејство. Сезоната лето носи карактеристика на зголемен асортиман на сезонски зеленчук и овошје можат да заменат дел од зеленчукот и овошјето од зимската,односно пролетната сезона.Во прехранбената кошница во летната сезона се планирани нови свежи зеленчуци како: пиперка, домати, тиквички, моркови, краставички, модри патлиџани, бамји, грашок и сл. , а од овошјето се присутни: цреши, праски, кајсии, летни јаболка, лубеница, дињи и сл. Сите овие производи, во комбинација со другите групи прехрамбени производи во кошницата, се усогласени со нормите и стандардите и обезбедуваат правилно хранење на четиричлено семејство.
.

Исхраната и семејството – сезона пролет

Прехранбената пролетна кошница претставува збир на прехранбени производи во сезоната пролет потребни за правилна исхрана на четиричлено семејство. Прехранбената кошница има за цел на потрошувачите да им овозможи правилен избор и асортиман на прехранбени производи, според физиолошките потреби за храна, едукација на потрошувачите за соодветно користење на сезонски зеленчуци и овошје, како и можност за замена со други производи присутни на пазарите по најниски цени.

Исхраната и семејството – сезона зима

Прехранбената кошница во сезоната зима претставува збир на прехранбени производи според асортиман и количини потребни за правилна исхрана на четиричлено семејство.Прехранбената кошница во сезоната зима носи карактеристики на намалена понуда на свеж зеленчук и овошје и нивни повисоки цени. Поради тоа во кошницата се планирани други производи како што се: зелка, спањак, праз, туршија, конзервиран зеленчук ( во конзерва, сув длабоко замрзнат и сл.).

Искуствата на лицата со попреченост од учеството во изборниот процес во Македонија – Извештај од спроведени фокус групи –

По завршувањето на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември 2016 година, проектниот тим на Отворете ги прозорците спроведе четири фокус групи со лица со различен тип на попреченост: интелектуална попреченост, оштетен слух, оштетен вид и телесна попреченост. Целта на ова мини-истражување беше да се добијат информации за искуствата на лицата со попреченост во врска со нивното учество во изборниот процес, како и да се сумираат нивните размислувања за можните подобрувања на инклузивноста на изборите. Преку фокус групите беа опфатени 28 лица, од кои 13 од женски и 15 од машки пол. Возраста на учесниците се движеше од 18 до 38 години. Четирите фокус групи беа спроведени во Скопје. Начинот на спроведување на фокус групите беше прилагоден на потребите на учесниците. На пример, за групата со лица со оштетен слух беше ангажиран толкувач на знаковен јазик.

Истражување „Документирање на ефектот што регресивното македонско законодавство и ограничувачките политики за абортус го имаат врз човековите права: клучни наоди и препораки“

Македонското законодавство дозволува абортус по лично барање на жената во првите десет недели од бременоста. По овој период, абортусот е легален и подоцна во текот на бременоста кога животот или здравјето на жената се во ризик или поради одредени социо-економски причини или кога бременоста е
резултат на кривично дело, како и во случаи на фетални аномалии. Меѓутоа, во 2013 и 2014 година беа воведени повеќе нови законски одредби кои мора да бидат исполнети пред на жените да им биде 1
одобрен абортус по лично барање . Овие услови вклучуваат задолжителен тридневен период на чекање по советувањето, низ кој жените мора да поминат од моментот кога ќе побараат абортус до спроведувањето на
процедурата, како и задолжително пристрасно советување и задолжителен ултразвучен преглед пред абортусот. Новите законски одредби ги зголемија и казните за здравствените институции и давателите на услуги кои ќе го прекршат законот и воведоа кривични санкции против здравствените работници.

Истражување на потребите на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија

Оваа карта ги содржи клучните наоди од истражувањето на потребите на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија од 2014 година, кое го спроведоа здруженијата ХЕРА и ЗАЕДНО ПОСИЛНИ со стручна поддршка од ТИМ институт – истражување, квалитет, развој. Ова е второ истражување од ваков вид кај нас, што овозможи да се спроведат тенденциите од последните пет години со оние утврдени при првата проценка на потребите на лицата со ХИВ во Македонија , спроведена од ХЕРА во 2009 година.

Истражување за знаења,практики и ставови поврзани со туберкулозата (ТБ) меѓу семејства што се корисници на социјална парична помош во Република Македонија

Ова истражување е спроведено во рамките на проектот „Едукација на социјалните работници за подигнување на свеста за туберкулозата, со особено внимание на ромското население“, кој е поддржан од Министерството за здравство преку донацијата за туберкулоза (ТБ) на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Целта на истражувањето е да се добие подобра слика за знаењата, ставовите и практиките поврзани со туберкулозата меѓу семејствата што користат социјална парична помош во Република Македонија. Наодите од ова истражување може да им послужат на професионалците и на креаторите на политика при планирање на идните стратегискоориентирани активности насочени кон превенција и контрола на туберкулозата меѓу населението во Република Македонија.

Извештај од истражувањето за можностите за информираност на учениците од областа на репродуктивното здравје и неговата заштита во училиштата

Продлабочувањето на диспаритетите во здравствениот статус на населението придонесуваат СРЗ (СРЗ), кое според Светската здравствена организација подразбира овозможување на највисоки стандарди на физичка и ментална, но и емотивна и социјална благосостојба на луѓето, континуирано да добива значење во меѓународните и националните здравствени институции. Во Република Македонија СРЗ, како комплекс од здравствени и социокултуролошки аспекти поврзани со сексуалноста и репродукцијата на луѓето, е еден од приоритетите во јавно-здравствените политики за унапредување и заштита на севкупното здравје и правата на сите граѓани. Ова го нагласува и фактот што на ниво на државата се донесени низа стратегии и политики кои се од интерес на оваа проблематика. Најзначаен документ е Националната стратегија за СРЗ во Република Македонија (2010-2020), која по својата структура е сеопфатна, односно го зема предвид и најголемиот дел од темите кои ја дефинираат рамката на СРЗ и правата. Меѓу предизвиците за подобро сексуално и репродуктивно здравје кои ги посочува овој документ се наведуваат дека во Република Македонија не постојат доволно релевантни податоци за сексуалното однесување и СРЗ на адолесцентите.

Извештај од проценката на пристап до социјални и здравствени услуги на социјалните семејства од Ромската националност

Проценката на проектот “Пристап до социјални и здравствени услуги на социјалните семејства од ромската националност” претставува дел од активностите кои беа предвидени со проектот “Зголемен пристап до социјални и здравствени сервиси за социјалните семејства од ромската националност“ којшто се имплементираше во периодот од септември до 31. декември 2009 година со поддршка на градот Скопје.

Извештај за сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници 2011

Законот за заштита на правата на пациентите не заживеа. И во 2011 Министерството за здравство не ги исполни сите обврски кои произлегуваат од законот – назначување советници, формирање комисии итн. Иако Министерството за здравство беше задолжено да достави информации за формираните комисии
за правата на пациенти, министерството продолжи со нетранспарентноста. Министерството за здравство не ги надмина бариерите за отворање нови центри онаму каде што зависниците од дрога се принудени да патуваат големи растојанија за да земат терапија. Постојниот опфат на бесплатните програми за лекување е премал во однос на потребите на зависниците од дрога.

Известувањето на медиумите за лицата со попреченост

Во медиумската сфера во Македонија во последните неколку години се случуваат големи промени. Постојано се бележи постојан пад на скалата на слободата на медиумите според оценките на релевантни и професионални меѓународни здруженија. Слободата на медиумите со години назад се наоѓа и во забелешките на Европската унија во Извештајот за напредокот на Република Македонија. Постои висока
поларизираност и меѓу електронските и меѓу печатените медиуми, според нивната наклонетост кон една или друга политичка структура.

Карта со оценка во заедницата #2

Картата со оценка на заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата кај жените Ромки во Шуто Оризари во текот на бременоста и по породувањето. Таа претставува една од алатките за мониторинг од заедницата и имаше за цел жените Ромки од општината активно да се вклучат во следење и оценување на пристапот и квалитетот на услугите во текот на бременоста и по породувањето. Истражувањето е концепирано преку две стратегии, односно зајакнување на жените преку нивна мобилизација во активностите на истражувањето и следење на квалитетот и достапноста на услугите. Ова истражување беше спроведено во соработка со Ромските невладини организации Ромски Ресурсен Центар и Амбрела со поддршка од Фондацијата отворено општество Македонија.

Конопот за медицинска употреба-здравје или бизнис ?

Измената на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции (во понатамошниот текст: Законот), усвоени на почетокот од 2016 година, требаше да обезбеди легален пристап до квалитетни производи од коноп за лекување различни здравствени состојби. Сепак, пациентите продолжуваат да ги набавуваат овие лекови од црниот пазар каде што се достапни за пониски цени и со концентрации што одговараат на нивните потреби за лекување, при тоа изложувајќи се себеси и сопствените семејства на ризик од кривична одговорност.

Користењето дроги и живеењето со ХИВ во образованието

Образованието е во исто време самото човеково право и неопходен предуслов за остварување на останатите човекови права. Образованието, како човеково право, е предвидено уште во самата Универзална декларација на човекови права со член 26, во кој, освен што се гарантира правото на образование за секого (член 26 (1)), се определува и дека образованието ќе биде насочено кон целосниот развој на човековата личност и кон зајакнување на почитувањето на човековите права и основни слободи (член 26 (2)). Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права дополнително ја определува улогата на образованието како алатка за оспособување на секој човек активно да учествува во слободното општество, да промовира разбирање, толеранција и пријателство.

Љубов по часови

„Сите млади луѓе имаат право на сеопфатни информации, образование и услуги за сексуалното и репродуктивното здравје, да бидат активни граѓани, да имаат задоволство и доверба во својата сексуалност, и да бидат во состојба сами за себе да донесат одлуки за информиран избор“. Во целиот свет сè повеќе се зголемуваат барањата на младите да бидат признаени како сексуални суштества со експлицитно право на сексуално образование. Барањата за образование за сексуално и репродуктивно здравје произлегуваат од обврските на државите преземени со меѓународните конвенции за човекови права кои ги имаат  ратификувано. Комитетите на ОН, кои го набљудуваат спроведувањето на конвенциите за човекови права, го признаваат правото на сексуално образование во контекстот на обезбедувањето на правото на здравје и честопати бараат од државите да имплементираат програми за сексуално образование.

Медиумите и маргинализираните заедници. Медиумските дискурси и дискриминацијата врз припадниците на маргинализираните групи (корисници на дрога, сексуални работници, ЛГБТ, лица што живеат со ХИВ)

Дел од секојдневните дискриминаторски практики кон припадниците на маргинализираните групи се репродуцираат и во медиумите, било преку текст и говор кој дерогира, навредува или омаловажува, било преку други стратегии за маргинализирање или исклучување од медиумските дискурси. Од друга страна, медиумите произведуваат и дискурси кои настојуваат да ги идентификуваат проблемите во врска со дискриминацијата и социјалното исклучување на припадниците на маргинализираните заедници. Имено, некои медиумски дискурси ги репродуцираат постоечките дискриминаторски практики, а некои, пак, можеме да ги третираме како дел од социјалните практики кои се обидуваат да ја елиминираат дискриминацијата кон маргинализираните групи – како дел од борбата за еднакви човекови права.

Мониторинг на лични искуства на лицата со попреченост во Република Македонија

Оваа публикација им е посветена на сите оние полни со страст и полет, кои се посветуваат себеси во
реализација на благородни и вредни каузи, на сите „тивки и гласни бунтовници“ кои не се плашат секојдневно да се соочуваат со предизвици и да се справуваат со своите стравови и сомнежи, кои секогаш се спремни за нови достигнувања и кои се стремат кон височината! Посветена е на сите оние кои како „храбри воини“ ги охрабруваат другите, за заеднички подвизи во кои ќе го направат токму она што сите мислат дека не можат, но ние знаеме дека заедно сè е возможно.

На малите производители со едноставен јазик да им се објаснат условите за продажба од куќен праг

Сирења, кашкавали, слатки, мармалади, мед, риба, макала, зачини и пекарски домашни специјалитети, се само дел од широката лепеза традиционални производи што нашите земјоделци, посебно оние од руралните средини, веќе можат и легално да ги продаваат, директно од дома или на фарма.

Ова го предвидуваат неодамна донесените два правилника ( за храна од животинско и за храна од неживотинско потекло ) со кои значително се олабавија условите за производство/преработка.Правилниците наметнуваат само основни, елементарни критериуми, најмногу во однос на хигиената, кои мора да се исполнат. Но, дали земјоделците тоа го знаат, дали се доволно запознаени со минималните услови и стандарди што од нив се бараат? Од друга страна, колкава е довербата на потрошувачите во ваквите производи, како тие ќе знаат дека она што го купуваат е безбедно и сигурно за консумација и кој ќе гарантира за квалитетот ?

Начела за скрининг на новороденчиња

Позиционен труд на ЕУРОРДИС – Европска организација за ретки болести преведен на македонски јазик.

Опасности !!! во храната

Потрошувачите можат да сметаат дека храната која ја консумираат е безбедна доколку опасностите во храната се минимизирани, и таа не предизвикува штетни последици по нивното здравје. За штетна по здравјето на луѓето се смета храната која содржи недозволени штетни материи или недозволени количества на штетни материи, организми или микроорганизми кои под едно заедничко име се нарекуваат опасности во храната. Опасностите во храната предизвикуваат ризици по здравјето на луѓето, кои се манифестираат како акутни и хронични болести. Од тие причини опасностите во храната треба постојано да бидат под контрола

Општество, род, сексуалност, сексуално здравје и МСМ во Македонија

Следното истражување во заедницата има за цел да обезбеди опис и темелна анализа на различните
родови и сексуални идентитети, сексуално однесување и практики, како и сексуални здравствени потреби на
мажите кои имаат секс со мажи во различни социо-културни средини во Македонија. Истражувајќи ја комплексноста на секоја од темите и различните области на проблеми зацртани во истражувачките цели, основната мотивација беше да се обезбеди контекстуално сензитивен и аналитички преглед, како и основни податоци кои можат да се употребуваат за креирање на идни програмски интервенции од главните актери одговорни за превенција на ХИВ меѓу МСМ, позитивна превенција кај лицата кои живеат со ХИВ, како и превенција на ХИВ воопшто.

Подобрување на квалитетот на програмите за лекување зависности од дроги во Скопје

Овој документ е резултат на иницијативата за унапредување на квалитетот на програмите за лекување зависности од дроги во Македонија, преземена од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“. Целта на иницијативата е
да се анимираат лицата што се лекуваат од зависности од дроги самостојно да почнат да ги застапуваат своите права и потреби пред институциите надлежни за лекување на зависностите од дроги. Начинот на анимирање на лицата што се лекуваат од зависности од дроги, според методите што се применуваат, е
новина во Македонија и подразбира вклученост на заедницата во сите фази од развојот на проектот.

Политиките и практиките за примарна превенција и рана детекција на цервикален канцер во Македонија

Во светот, ракот на грлото на матката е еден од најприоритетните јавно- здравствени прашања. Ефектите од неговата рана превенција и соодветен третман има влијание на севкупното здравје и животот на жената, но и благосостојбата на нејзините деца, фамилијата и заедницата воопшто.

Примена на информатичката технологија кај деца со аутизам

Аутизмот е развојно нарушување кое се појавува во првите три години од животот на детето и го зафаќа нормалниот развој на социјалните и комуникациските вештини. Причините за појава на аутизам не се точно познати и постојат многу теории за неговото настанување. Она што со сигурност се знае е дека начинот
на одгледување во семејството не доведува до аутизам. Со рана дијагноза, правилна терапија и едукативна интервенција тешкотиите кои ги имаат децата со аутизам може да се намалат, но тие секогаш ќе постојат во некоја мера. Лицето со аутизам, во зависност од нивото на попреченост, секогаш ќе има потреба од некоја форма на поддршка.

Прирачник за основна обука за користење на информатичка технологија за лица со оштетен вид

Нашата цел е да им овозможиме на сервисните служби за Информатичка технологија соодветни информации за обуки достапни за лица со оштетен вид и да ве охрабриме активно да ги промовирате вашите обуки и за овие лица. Се надеваме дека овој прирачник ќе послужи како добар извор за корисни информации.

Прирачник за реинтеграција на Роми-повратници

Овој прирачник е наменет за Роми-повратници од западноевропските или други земји, во кои престојувале како баратели на азил или економски мигранти, во Република Македонија. Тој нуди едноставни насоки и основни информации на повратниците за можностите и поддршката што можат да ја добијат од јавните институции, граѓански организации и други чинители за полесно да се вклучат во животот на заедницата.

Пристап до информации и услуги за СРЗ на лицата со оштетен вид и оштетен слух

Се претпоставува дека 10-15% лица од светската популација живеат со некој вид попреченост. Овие лица ги имаат истите потреби во однос на сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) како и сите останати. Сепак тие многу често се соочуваат со пречки и бариери при пристапот до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје (WHO/UNFPA, 2009, p. 1). Најчесто непознавањето и негативните ставови на давателите на услуги ги подигнуваат овие бариери иако постоечките сервиси многу лесно може да се адаптираат на лицата со попреченост. Ова истражување е направено по иницијатива и во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА во рамките на проектот „Сексуално и репродуктивно здравје и лица со попреченост“.

Процена на потребите на локалните механизми за заштита од дискриминација и пристап до правдата во општините

Со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД, 2010), во 2010 година беше воспоставен сеопфатен систем за заштита од дискриминација на национално ниво со воспоставување посебно тело за заштита од дискриминација – Комисија за заштита од дискриминација (КЗД). Од процената направена во периодот декември 2014-април 2015 година се утврди дека e потребно градење на капацитетите на КЗД за подобрување на заштитата од дискриминација и зголемување на соработката на КЗД со другите мехнизми на локално ниво. КЗД функционира со седиште во Скопје, а ЗСЗД не предвидува децентрализација на ова тело и подобрување на пристапот до заштита од дискриминација на локално ниво.
Резултатите од процената ќе помогнат во понатамошно формулирање на активностите во насока на подобрување на постапувањето на институциите на локално ниво, градење на нивните капацитети и овозможување поквалитетна заштита од дискриминација врз основа на полот, родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Проценка на потребите на лицата кои живеат со ХИВ во Македонија

Република Македонија е земја со ниска стапка на ХИВ/СИДА и со најнизок број на регистрирани ХИВ позитивни лица во јужно- источниот европски регион. Првиот случај на ХИВ е регистриран во 1987 година, а првиот случај на СИДА две години подоцна во 1989 година. Од првиот регистриран случај, па се до денес, регистрирани се вкупно 118 случаи на ХИВ/СИДА во земјата. Сепак податоците за трендот на ХИВ инфекцијата во последните 20 години покажуваат континуиран раст и околу 50 % од ХИВ позитивните случаи во земјата се регистрирани во последните пет години. Во 2009 регистрирани се вкупно 7 нови случаи на ХИВ/СИДА од кои 1 лице со 1 СИДА и 6 лица се ХИВ позитивни лица . Официјалните статистики говорат
дека хетеросексуалниот начин на пренос е доминантен за пренос на ХИВ инфекцијата.

Проценка на потребите за градење на капацитети на Комисијата за заштита од дискриминација

Со оглед на фактот дека дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет е широко распространета, а КЗД е една од најпреферираните механизми за заштита од дискриминација заради постојаната стигматизација на ЛГБТИ заедницата потребно е во континуитет да се градат капацитетите на КЗД за да истата обезбеди ефективна и ефикасна заштита од дискриминација врз основа на
сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Овој извештај ги презентира наодите на проценката на потребите на КЗД, која ја спроведе ЦИКП Скопје во корист на ХЕРА во согласност со целите и потребите на проектот „Зајакнување на владеењето на правото на заедницата на ЛГБТ граѓани“. Проценката се користи со два метода. Едниот е преглед на секундарни извори, а вториот има за цел генерирање на примарни податоци преку интервју со комесарите на КЗД и експерти од областа на заштита од дискриминација. Податоците се презентирани во извештајот за проценка на капацитетите на КЗД за решавање на претставки за дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет преку интерпретативна анализа која е поделена на пет поглавја.

Ракот најмногу убива во Свети Николе

РАКОТ НАЈМНОГУ УБИВА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

Ракот на дојката се зголемил за 50% во Свети Николе за само 2 години. Во 2016 година се регистрирани 20 случаи на рак на дојка во Овчеполијата. Светиниколчани се сомневаат во исправноста на водата за пиење од поранешниот систем „Мавровица“. Никој не ги истражува причините за оваа болест.

Автор: Горан Лефков

Свети Николе е еден од рекордерите според бројот на регистрирани случаи на рак на дојка. Во изминатата година дури 40% од сите случаи на рак на дојка во Вардарскиот Регион се регистрирани во Овчеполијата. Според податоците што ги добивме од Центарот за јавно здравје во Велес, користејќи го Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, малото овчеполско гратче минатата година имало 20 случаи на рак на дојка. Ист број заболени жени има и во Кавадарци, иако е двојно поголем од Свети Николе. Во другите центри од овој регион, Велес, Неготино и Гевгелија, вкупно има регистрирано само 10 нови случаи.

Никој не знае кои се причините за така високите стапки на рак на дојка во Свети Николе. Се нагаѓаат различни појави, но ниту една не е истражена. Разговаравме со повеќе лекари што ја следат оваа состојба.

Онкологот Милан Ристески, поранешен директор на Клиниката за онкологија, вели дека годишно од оваа болест на територијата на Македонија заболуваат околу 1.200 жени.

Ракот на дојката е застапен со околу 50% од сите новорегистрирани пациентки болни од канцер“, вели Ристески.

Просекот на ниво на Македонија е дека на секој 10.000 жители, во земјава од рак на дојка заболуваат по 5,7 жени. Во Свети Николе на 10.000 жители заболуваат по 11 жени, што е двојно повеќе од државниот просек.

Ваквите алармантни состојби ги мобилизираат жените од овој град и започнуваат да дејствуваат преку Организацијата на жени од Свети Николе, невладина организација што е финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој преку програмата „Сивика мобилитас“, која уште пред 20-ина години ги започнува првите чекори за помош на овие жени.

Водата за некого живот, за некого смрт

Причинителите на високата стапка на рак на дојка не ги знае никој.

Д-р Панче Јосев имал некои провизорни можности да ги испитува причините за високата стапка на рак во Овчеполијата.

Кога почнував со работа како млад лекар во Здравствениот дом во Свети Николе, ме испратија на меѓународен конгрес во Охрид. Таму беа прикажани податоци дека Свети Николе води со канцероматозни заболувања во Македонија. Бев вознемирен и побарав дискусија за да утврдиме која е причината за оваа состојба. Кога се вратив, од тогашниот директор бев ослободен од работни обврски, а со задача да ги испитам причините што можат да бидат фактор што ги предизвикува овие болести“, се присеќава д-р Јосев.

Тој го започнува истражувањето со рудникот за азбест во Богословец, но не наоѓа ниту еден факт што ќе го насочи да го истражува рудникот како можен причинител за ракот во општината.

Тогашниот директор ми даде список на сите вработени и на лица што претходно работеле во рудникот, и сите беа живи и здрави, освен еден поранешен рудар, но кој починал во длабока старост. Таму вработените кога ќе завршеа со работа и кога требаше да се пресоблечат, не можев да ги препознаам. Сите беа прекриени со ситни честички од азбест, како иње во зима. Кога ќе се истресеа, од нив паѓаа 5-10 килограми азбест, но никој од нив не заболе од рак. Тоа ме наведе да не размислувам толку дека азбестот е причина за малигните заболувања, пред сè за рак на дојка“, вели д-р Јосев.

Следна дестинација му била антената на Ѓуриште (планина на 15 километри од Свети Николе, која се користи за временска прогноза и која покрива територија од половина Балкан).

Ниту еден вработен во таа станица немаше заболен. Ако зрачењето е толку штетно, и некој од нивните вработени ќе бил заболен. Тие зраци се пуштаат на 200 до 300 метри над Свети Николе, така што причината за радарот во Свети Николе ја елиминирав тогаш“, се сеќава Јосев.

На крај му останува да ја анализира водата.

Потрошувачката на калиум перманганат беше за 8 пати зголемена. Тоа беше индикатор што покажува дека во водата има големо присуство на органски материи. Имаше високи вредности на манган исто така. Во еден момент се однесе примерок од водата во лабораторија во Брисел. Таму беше детектирано присуство на висок процент на органски материи. Во процесот на производство на секундарна вода, на крајот во процесот на хлорирањето се случува страотна работа. Хлорот и органските материи прават некое соединение трихалометан. Ова е висококанцерогено соединение. Веќе имавме некои првични индиции што би можеле да предизвикаат рак. Се претпоставува дека Свети Николе го плаќа цехот на тој трихалометан“, вели Јосев.

Тој смета дека одговорност има кај повеќе фактори во Свети Николе.

Не знам зошто тогашниот директор на Комуналното претпријатие во Свети Николе елаборираше дека ние имаме поубава вода од Рашче, а кога таа беше лоша. Под секоја анализа од Центарот за јавно здравје од Велес пишуваше дека водата не е за употреба, раководителот под итно да преземе мерки – ги цитирам зборовите од извештајот. Зборовите ми се врежани во глава. Под секој извештај ова беше напишано со црвено“, смета д-р Јосев.

Го консултиравме Трајче Стафилов од Институтот по хемија, но не можеше да ни даде подетални информации колку трихалометанот е канцероген за здравјето на луѓето.

И според д-р Ристески, соединението може да биде канцерогено, но треба да се извршат детални испитувања на повеќе фактори што би можеле да бидат причина за ваквите стапки на рак на дојка. Според неговото мислење, ваквите сознанија не се доволни да се утврдат причините.

Организацијата на жени на Свети Николе ја започнува битката со ракот на дојката

Не можејќи повеќе да седат со скрстени раце и да гледаат како ракот ги коси светиниколчани, жените на чело со поранешната претседателка Вера Златева, која исто така починала од рак на дојка, започнуваат со првите форми на помош на жените.

Од самиот почеток во работата на Организацијата на жени се вклучува прим. д-р Гордана Митева, од групата за самопомош при Организација на жени на Свети Николе.

Добивме податок дека Свети Николе е прво по смртност од рак на дојка во Македонија. Во тој момент започнавме активности во две насоки: да ги информираме жените како да ја превенираат болеста и започнавме да правиме работилници за ракот на дојката. Започнавме и со групи за самопомош на жените што веќе се зафатени со болеста“, вели д-р Митева.

Овие групи функционираат од 2001 година. Во неа има едукатори, какви што се психолог и лекар.

Но борбата продолжува и понатаму. Според сегашната претседателка на организацијата на жени Даниела Панева, тие започнуваат да се организираат и со други активности.

Нашата организација ги брани женските права и колку можеме им помагаме на жените. Ако имаме услови, финансиски им помагаме. Успеавме да излобираме промена на Законот за здравствена заштита каде што се донесоа бесплатните гинеколошки прегледи. Успеавме да воведеме и бесплатни мамографски прегледи за жените, со цел да дејствуваме за рано откривање на ракот на дојката и да дејствуваме превентивно. Во 2004 година успеавме да излобираме воведување пап-тестови. Ние ја започнавме иницијативата со 15 други невладини женски организации за промена на Законот за здравствена заштита, со која ќе се воведат бесплатни пап-тестови и мамографски прегледи“, вели Панева.

Таа додава дека имаат големо разбирање и од Општина Свети Николе, доколку им затреба нешто.

Плодната активност на Организацијата на жени во делот на борбата против ракот ја истакнува и Јасмина Трајчева, проект-координатор на институционалниот грант на „Сивика мобилитас“ при Организацијата на жени на Свети Николе.

Жените со малигни заболувања ни се целна група во здравствената програма на Организацијата на жени. Фокусот е на малигните заболувања, со тоа што имаме група жени заболени и лекувани од малигни заболувања“, смета Трајчева.

Таа додава дека Организацијата на жени на Свети Николе, заедно со 16 други невладини женски организации на национално ниво, излобира воведување амандман за бесплатни гинеколошки прегледи и скрининг-програма за секоја жена еднаш годишно.

Подоцна на иницијатива на оваа организација, во Македонија се носи и првиот мамограф, се сеќава и д-р Имер Селмани, поранешен министер за здравство.

 

Организацијата на жени на Свети Николе е многу активна, се бореше и се бори за подигање на свеста пред сè кај жените, за опасноста од карцином на дојка Тоа е една од првите организации со која јас како министер сум имал контакт, сум ги примил, потоа и ги посетив во Свети Николе. Општината Свети Николе предничи по заболени жени од карцином на дојка. По таа средба со Организацијата на жени на Свети Николе, по предлог на Министерството за здравство, додека бев министер беше донесена одлука на Владата за набавка на мамограф“, вели Селмани.

Тој додава дека по Свети Николе, се донесе одлука за набавка на други мамографи и за други медицински центри низ Македонија. Организацијата на жени е заслужна за набавката на овие мамографи не само во Свети Николе туку и пошироко.

Блиска соработка со Организацијата на жени од Свети Николе имаат од невладината организација „Борка“ – Скопје.

„Имаме константна соработка со Организацијата на жени од Свети Николе во последните 10 години. Тие нè поддржуваат во организирањето на кампањата за подигнување на свеста за борба против ракот на дојка „Напред розово“, велат од „Борка“.

Дали е ова доволно? Сепак, не. Македонија нема регистар на болни од рак, со што се усложнува борбата против оваа подмолна болест.

Историјат на водата во Свети Николе

Историјатот на системска употреба на вода во Свети Николе започнува во 1965 година, кога е изграден градскиот водовод. Во тој период градот користи вода од бунари.

  • По изградбата на браната „Мавровица“, во близина на Свети Николе во 1984 година, градот започнува да пие вода од оваа акумулација.
  • На 21 април 2003 година официјално водата од оваа акумулација се прогласува за техничка и се забранува за пиење.
  • Започнуваат ископини во месноста Дивљак, но таа вода многу кратко или никогаш не се користела.
  • Во 2009 година започнува да се користи водата од хидросистемот „Злетовица“ како пробна.
  • Во 2012 година се започнува со нејзино фактурирање

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Raport holistik për personat me pengesa në Republikën e Maqedonisë

Raporti holistik në lidhje me të drejtat e njeriut për personat me pengesa në Republikën e Maqedonisë u zbatua në kuadër të projektit “E dëgjoni zërin tonë”, të financuar nga Bashkimi Europian, Zbatues në Republikën e Maqedonisë është Hapni Dritaret në partneritet me Qendrën për orientim në bashkësi nga Beogradi. E njëjta është pjesë nga iniciativa globale e DRPI – Promovimi Ndërkombëtar për të drejtat e njerëzve me pengesë.

Расте смртноста на доенчиња и родилки во Македонија

Во 2010 година Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата за безбедно мајчинство за периодот 2010-2015 година чие спроведување треба да резултира во подобрување на индикаторите за здрава и безбедна бременост и значително намалување на матерналната, перинаталната, и смртноста на доенчињата преку обезбедување на еднаков и ефикасен пристап до здравствените услуги, градење на капацитетите на обучениот кадар и посветување на посебно внимание на маргинализираните и ранливите групи.

Родова проценка на социјалните политики и буџети на локално ниво

Уште од стекнувањето независност во 1991 г., системот на социјална заштита во Република Македонија се соочуваше со многу предизвици: зголемен број на социјални ризици со кои требаше да се справи, зголемената побарувачка за социјална помош, намалените финансиски ресурси, како и со недостигот од навремено собрани, унифицирани и компаративни социјални статистички податоци, кои би послужиле како основа за креирање наменска социјална политика. Некои од овие предизвици сè уште се присутни и се надополнети со нови проблеми, како што е сè поголемото осиромашување на населението, што е особено видливо помеѓу жените. Реформите на системот за социјална заштита иницирани со процесот на
децентрализација во 2004 г. налагаа пренесување на одредени надлежности од областа на социјалната заштита врз локалната власт. Овој процес се соочи со недостиг од финансиски, административни и кадровски капацитети, што доведе до тоа да бидат неопходни нови видови интервенции во политиката.

Rreziqet!!! Në ushqim

Konsumatorët mund të llogarisin në e ushqimit që konsumojnë vetëm nëse minimizohen rreziqet në ushqime,dhe e njëjta nuk shkakton pasoja të dëmshme për shëndetin e tyre.Ushqim I dëmshëm për shëndetin e njeriut llogaritet ushqimi që përmban materie të palejueshme ose sasi të palejuar të dëmshme,organizma ose mikroorganizma të cilët me emër të përbashkët quhen rreziqe në ushqime.Rreziqet në ushqim shkaktojnë rrezige në shëndetin e njerëzve,të cilët manifestohen si sëmundje akute dhe kronike.Nga këto arsye rreziqet në ushqime gjithmonë duhet të mbahen nën kontroll.

Седмо издание на дроги-Политики на практики

Наспроди празноверието смртоносноста на дрогите стојат луѓе потврдуваат дека не се дрогите тие што убиваат,туку стереотипите вткаени во актуелните политики за дроги, во образованието и во сите културни обрасци преку кои го спознаваме и со чија помош се позиционираме во овој свет.

Сексуалното и репродуктивното здравје и лицата со попреченост

Правото на сексуално и репродуктивно здравје кај лицата со попреченост ја гарантира нивната заштита и рамноправност во оваа исклучително сензитивна област. Ова право, само по себе, подразбира давање
здравствени услуги коишто се приспособени кон потребите на лицата со попреченост, слобода тие самостојно да донесуваат одлуки, како и право да бидат информирани и едуцирани во согласност со нивниот вид и степен на попреченост.

Сексуалното и репродуктивното здравје на лицата со телесна попреченост – извештај од проценка за потребите на услугите

Од досегашната практика, во Република Македонија речиси и да не постои истражување од ваков тип. Целта на ова истражување е да се направи проценка на потребите на лицата со телесна попреченост по однос на нивното сексуално и репродуктивно здравје и права, со посебен фокус на пристапот до услугите. Проценката е анализа на моменталната состојба и специфичните потреби и проблеми со кои се соочува целната група при пристапот кон сервисите за сексуалното и репродуктивното здравје и дава јасна слика за координираноста и соработката меѓу сите засегнати страни што треба да обезбедат сеопфатни сервиси за
сексуалното и репродуктивното здравје.

Што нудите за мене?

Отворете ги прозорците изработи преглед на понудите на политичките партии за лицата со попреченост, во пресрет на предвремените парламентарни избори 2016. На едно место, јасно и разбирливо се прикажани клучните идеи и предлози на партиите за потикнување на инклузивноста на македонското општество.
Сите 11 партии и коалиции кои ќе бидат на гласачкото ливче на 11 декември беа поканети да ги испратат изборните програми. На поканата одговорија пет. Три други партии, кои настапуваат во пошироки коалиции, исто така, ги доставија програмите.

Srh and hiv linkages compendium

Ensuring universal access to sexual and reproductive health and rights and HIV prevention, treatment, care and support are essential for development, including in the post 2015 agenda. However, while there are many separate sexual and reproductive health (SRH) related and HIV-related indicators, a key challenge has been the lack of internationally agreed indicators to measure progress in linking SRH and HIV. In 2012, a Steering Group of SRH and HIV linkages and M&E experts, which included country, donor, UN agency and civil society representatives, launched an initiative to assess existing indicators and related assessment tools and provide recommendations for a compendium of indicators that can be used to measure SRH and HIV integration and linkages at the policy, systems and service delivery levels as well as at output, outcome and impact levels.

Ставови кон абортусот помоѓу општата популација и гинеколозите во Македонија

Абортусот или прекинувањето на несаканата бременост претставува едно од најконтроверзните прашања во светот, кое постојано предизвикува жестоки јавни дебати. Сѐ до неодамна, кај нас во јавноста дебатата за абортус никогаш не се водела со толку голема заинтересираност како што е тоа случај во други земји од светот, ниту пак имало дијаметрално спротивни ставови, веројатно поради тоа што уште од 1972 година во Република Македонија постои прилично либерален закон за прекинувањето на бременоста, со кој на жената ѝ е загарантирано правото самостојно да одлучува за својата бременост, како и правото за слободен пристап до абортус.

Сведителство : ХИВ превенција меѓу мажи кои имаат секс со мажи (МСМ)

Ова свидетелство е едно од повеќето извештаи подготвени од страна на Меѓународната федерација за  планирано родителство (МФПР,) во соработка со Глобалниот форум за МСМ и ХИВ (МСМГФ) и Фондот за Население при Обединетите нации (УНФПА). Геј мажите и другите мажи кои имаат секс со мажи се  непропорционално погодени од ХИВ.

Свидетелство:Хив превенција кај девојки и кај млади жени

Ова свидетелство е едно од повеќето извештаи подготвени од Меѓународната Федерација за Планирано Родителство (МФПР), како дел од платформата на Глобалната Коалиција за Жени и СИДА и со поддршка на Фондот за Население при Обединетите Нации (УНФПА), Позитивни млади (Youth Positives) и Здружената Програма за ХИВ/СИДА при Обединетите Нации (УНАИДС). Ова свидетелство претставува алатка за застапување. Свидетелството има за цел да ги подобри активностите во програмите, политиките и финансирањето, поврзани со ХИВ превенцијата кај девојките и кај младите жени.
Главните актери, на кои ова свидетелство им се обраќа, се домашните, регионалните и интернационалните донесувачи на одлуки и креатори на политики како и на давателите на услуги. Свидетелството е развиено врз
основааа на глобалните политички заложби, особено на оние, посочени во Политичката Декларација за ХИВ/СИДА од 2 Јуни 2006 година, донесена на Средбата на високите претставници на државите, како продолжение на Специјалната сесија за СИДА при Генералното собрание на Обединетите нации (УНГАСС).

Трета карта со оценка на заедницата : за здравствена заштита во текот на бременоста меѓу ромките во општина Шуто Оризари

Изработена е карта со оценка за достапноста и за пристапот до услуги во текот на бременоста преку наоди од спроведени полуструктурирани интервјуа со Ромки (76),матични гинеколози (7) и патронажни сестри (2) кои обезбедуваат услуги за Ромките во самата заедница или во најблискиот регион на ШутоОризари. За изработка на картата се користат боите на семафорот, пришто црвената боја означува позитивни одговори до 50%,жолтата боја го изразува процентот од 50 до 75, додека зелената боја се однесува на позитивни одговори над 75%.

Улогата на локалната самоуправа во сексуалното и репродуктивното здравје кај младите

Децентрализацијата на власта во принцип треба да произведе две суштински придобивки: донесување на одлуките на ниво коешто е поблиску до граѓаните, како и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните. Децентрализацијата во областа на здравството треба да биде водена од тие два принципа. Во Република Македонија, и покрај започнатиот процес на децентрализација во одредени сегменти, во здравството сè уште државата е главниот носител на одговорноста во здравствениот систем.

УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ НА РОМИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА

Во оваа брошура се презентирани поединечни приказни на само неколку успешни Роми претприемачи. Некои од нив учествувале во програмата за самовработување, ги користеле мерките и успеале да создадат успешен бизнис.
Овие успешни приказни претставуваат мотив и инспирација и на останатите невработени лица и потенцијални претприемачи кои имаат идеја, за остварување на своите бизнис идеи и да започнат свој бизнис.
Само-вработувањето е успешно решение за невработеноста за значаен број на луѓе во земјата и нивниот успех, создава дополнителни можности за вработување на други лица кои се невработени, вклучувајќи ги и оние од најранливите групи во општеството.

Водич низ законот за заштита на правата на пациентите

Со Законот за заштита на правата на пациентите („Сл.весник на РМ“ бр.82/2008 и 12/2009) се уредува заштитата на правата на пациентите во користењето на здравствената заштита, правата и обврските на пациентите, должностите на здравствените установи и здравствените работници и соработници, општините и Фондот за здравствено осигурување во заштитата на правата на пациентите, постапката за заштита на правата на пациентите, како и надзорот над спроведувањето на Законот.

Водич за бизнис операторите низ законот за безбедност на храната

Во декември 2010 година донесен е нов Закон за безбедност на храната. Со донесувањето на Законот формирана е Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Агенцијата е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице. Таа е правен наследник на Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство.

 

 

Водич за инспекторите низ законот за безбедност на храната

Во декември 2010 година донесен е нов Закон за безбедност на храната. Со донесувањето на Законот формирана е Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Агенцијата е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице. Таа е правен наследник на Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство. Со имплементацијата на Законот треба да се обезбеди висок степен на заштита на животот и здравјето на луѓето и заштита на интересите на потрошувачите, со интегриран приод во контролата на безбедноста на храната според принципот ,, од нива до трпеза ” односно контрола во сите фази на производството и прометот на храната.

 

 

Заборавената стратегија

Донесувањето на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје во 2011 година значеше донесување стратешки документ што директно го таргетира унапредувањето на сексуалните и репродуктивните права на целните групи на Коалицијата. Набљудувајќи ги и документирајќи ги политиките на институциите и Владата на Република Македонија поврзани со сексуално и репродуктивно здравје и права, се доби впечаток дека Стратегијата многу малку се имплементира и не ги постигнува зацртаните цели, туку напротив, се донесуваат и се спроведуваат мерки што негативно влијаат врз унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права.

Со цел добивање податоци од релевантните институции за имплементација на Стратегијата и за прибирање податоци од граѓанските организации, особено оние што директно работат со целните групи на Коалицијата во текот на 2016 година, ја подготвивме оваа процена. Освен прибирање релевантни податоци, проценaта има цел да се користи од страна на граѓанските организации за застапување за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на маргинализираните заедници, но и да ги потсети институциите за преземените обврски.

Закон за прекинување на бременост од 2013 година: Јасна слика за укинувањето на демократијата во Македонија

Овој труд ги содржи моите првични сознанија и размислувања во врска со процесот што доведе до стапување во сила на новиот закон за прекинување на бременост (скратено: закон за абортус) во Република Македонија во 2013 година. При разработувањето на оваа студија на случај и проучувањето на службени документи и медиумски записи, го следев еден од принципите на Чарлс Тили (Charles Tilly, 2007:60) за опишување на демократија, демократизација и дедемократизација: „Фокусирајте се на набљудување на интеракциите помеѓу граѓан(к)ите и државите…набљудувајте што се случува кога групи на граѓан(к)и поставуваат барања до државните службенички/ци и кога државните службеници/чки сакаат да ги спречат своите непријател(к)и и ривал(к)и“. Тврдам дека ова донесување на закон е типичен пример на вознемирувачкото фактичко укинување на и онака ранливата демократија во повој во Македонија.

Законите и политиките на Република Македонија на полето на попреченоста : извештај од системскиот мониторинг на закони и политики

Република Македонија ја потпиша Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (понатаму во текстот:
КПЛП или Конвенцијата) на 30 март 2007 година а истата ја ратификува на 5 декември 2011 година. Дополнително, државата го потпиша Факултативниот протокол кон КПЛП на 29 јули 2009 година а го ратификува на 5 декември 2011 година. Инструментите за ратификација се депонирани во Организацијата на Oбединетите Нации на 29 декември 2011 година. Согласно член 118 од Уставот на Република Македонија,
ратификуваните меѓународни конвенции се дел од националното законодавство и не можат да бидат изменети со закон.

Заштита на права на пациенти со фокус на лицата корисници на дроги

Правото на здравје е најтесно поврзано со заштитата на правата на пациентите што претставуваат збир од права, одговорности и должности според кои поединците бараат и примаат здравствена заштита. Овие права во Република Македонија се предвидени со Законот за заштита на правата на пациентите.

Здравјето како право и како услуга – Правата на пациентите во македонската легислатива 1991-2014

Пренагласениот правен аспект во водењето на здравствената политика кој се промовира во македонското здравство преку постојано промовирање на реформи, преку измени на законите на сметка на социополитичкиот аспект кој е далеку поважен и ја содржи хуманата компонента е еден механизам кој, почнувајќи од 1991 година па до ден денес, им скратил многу права на пациентите без тоа да предизвика поголеми бранувања и притисок кон тие мерки во јавната сфера.

Здравствена заштита меѓу жените ромки во општина Шуто Оризари во текот на бременоста и по породувањето

Шуто Оризари е најголемата општина во земјава во која живеат Роми (22.017 жители живеат во општината, од кои 13.342 или 60% се Роми). Во општина Шуто Оризари живеат вкупно 13.000 жени во репродуктивен период, од кои најголем дел се жени од ромска етничка припадност.

ЗДРАВСТВОТО ВО КАНЏИТЕ НА БИРОКРАТИЈАТА

Македонија е трета во Европа по смртност од рак, а немаме ни обичен регистар на болни! Како може здравствениот систем да стигне до национална стратегија за борба против тешките болести, како што е ракот? Да дефинира документ кој прецизно ќе направи пресек на превенцијата, болеста и смртноста за да може да дејствува? Но, Македонија низ годините не направи регистар на болести, особено на малигните заболувања, за да може поедноставно да изгради стратегиски план за битка против болестите.

Пишува: Љубиша АРСИЌ

Во првите 12 часа на 4 ноември (петок), електронскиот систем на „Мој термин“ регистрираше околу 20 илјади упати за пациенти и повеќе од 60 илјади издадени рецепти. Податоците, на прегледен начин, со промени од секунда во секунда, се презентираат секојдневно на livedashboard.zdravstvo.com.mk, страница посветена на „Мој термин“, а потпишана од Министерството за здравство. Ако неколку дена ги следите податоците, ќе забележите дека постојано бројките се во десетици илјади, и тие за упати и тие за рецепти, а од дијагнозите најмногу се повторуваат неколку. Доминира дијагнозата со ознака I10 (И10) или покачен крвен притисок без утврдено потекло, потоа N40 (Н40) или хиперплазија на простата, Е10 поврзана со шеќерот и инсулинот, R10 (Р10) со болки во стомакот.

Овие он лајн-податоци можат да послужат за точно следење на здравјето на пациентите, односно за утврдување на листата со најбројни дијагнози, на таа со издадени терапии, а потоа во една поширока анализа на податоците да се дефинира Регистар на болести. Ова е само еден од начините како здравствените власти можат да почнат со создавање на тој нужен документ доколку државата навистина сака вистински да се заложи за превенција на болести, нивно дијагностицирање и лекување.

 

РАКОТ ЌЕ НЕ ИЗЕДЕ ДОДЕКА НАПРАВИМЕ РЕГИСТАР

Еве, да земеме само еден пример – според очекувањата на Светската здравствена организација, до 2020 година на глобално ниво, ракот ќе биде на прво место според смртноста. Македонија не е исклучок затоа што и тука, иако не постои до крај прецизна статистика, рапидно се зголемува бројот на малигно болните. Овој застрашувачки податок мора да ги принуди здравствените власти да дефинираат национална стратегија, која ќе содржи мерки за превенција, но и вистински избор на лекови. Едноставно, надлежните да научат како да се однесуваат за да се обидат да ја намалат смртноста.

За таа цел, Здружението за борба против рак „Борка“ почнува соработка и комуникација со фармаколошката индустрија за да им укаже дека мора да се намалат цените на новите, современи лекови против ракот, односно фармацијата да направи свои програми, па ако е неопходно и во форма на донации, за лековите да станат лесно достапни за пациентите. Со оглед дека „Борка“ е дел од европските асоцијации за борба против ракот, организацијата ова прашање веќе отворено и јавно го поставува низ европските престолнини на сите конференции. Очигледно ќе биде неопходно цврста координација на големите фармако-компании од Европа со македонските здравствени работници за да можат болните полесно да купат терапија. Тоа мора да го направат за да спречат ракот да стане рекордер по смртни случаи.

Но, како може здравствениот систем да стигне до националната стратегија? Да дефинира документ кој прецизно ќе направи пресек на превенцијата, болеста и смртноста за да може да дејствува? Едноставно, Македонија низ годините не направи регистар на болести, особено на малигните заболувања, за да може поедноставно да изгради стратегиски план за битка против болестите.

 

biba-dodeva

– Ние немаме регистар на малигни заболувања во кој ќе имаме прецизни податоци, и за новите случаи, како и за бројки околу смртноста. Она што од лани се прави преку реформата „Мој термин“ и со имплементацијата на скрининг програмата за рак на дојка преку бесплатните прегледи, за некое време очекуваме дека ќе даде некакви податоци. Тоа многу би ни ја олеснило работата во иднина затоа што ќе можеме да се однесуваме според потребите. Затоа нашите напори се фокусирани да се имплементира Стратегија за контрола на ракот или Национален план со кој во наредните пет до 10 години би обезбедиле бројки според кои би дејствувале. Не смее да заборавиме дека ние сме трети во Европа по смртност од рак и не смееме и понатаму да користиме бројки од странски организации– коментира Биба Додева, претседателка на „Борка“.

 

НАДЛЕЖНИТЕ НЕ ЗНААТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН

До 2010-та во Македонија, како што пренесуваат невладините организации, имало какви-такви податоци со статистика за болестите, но последните години тоа станало мистерија и активистите тешко стигнуваат до официјални податоци. „Борка“ може да иницира создавање регистар, но тоа, сепак, е надлежност на здравствените државни власти. Но тие, наместо да се координираат и да унифицираат податоци за болестите, пред сѐ, малигните, си ја префрлаат одговорноста едни на други. Пред четири месеци, од „Борка“ испратиле барање до Институтот за јавно здравје, институција која е логично да ги има сите податоци околу новозаболените и починатите, за да им се овозможи пристап до податоците за нови регистрирани случаи од рак. Но, од таму им одговориле дека таквата статистика е во надлежност на Министерството за здравство. Поучени од одговорот на Институтот, „Борка“ испратила писмо до Министерството, од каде што добиле изненадувачки одговор, дека за бројките надлежен е Институтот за јавно здравје, истата институција која претходно ги упатила кон Министерството.

Пред неколку седмици, „Борка“ ги известила двете здравствени установи, кои патем имаат обврска да располагаат со податоци за болестите, дека се збунети од одговорите и дека државните институции не се координирани во однос на податоците.

– Потоа побаравме податоци до 2010, оти до тогаш знаеме дека има некаква статистика, но и тоа не ни беше дадено. Ако имаме регистар на болести, тогаш ќе знаеме колку пациенти се на дијагностика, колку се на некаков третман, колкумина примаат терапија, а колку се на превенција. Едноставно, така многу лесно ќе знаеме каква современа терапија да набавиме и да им овозможиме на пациентите конкретно и ефикасно лекување. Понатаму, ако имаме точни бројки за конкретна болест, ќе знаеме колку пари ни требаат од државната каса за лекови за таа болест, значи ќе трошиме рационално, а ќе може да се предвиди и финансиската конструкција на превенцијата од таа болест. Значи, ние сме во ситуација кога мораме да го превртиме целиот нездрав систем и преку регистри да се обидеме да го ставиме во некаков ред. Оти сега се е паушално и затоа имаме погрешни лекови во пракса – анализира Мирјана Бабамова од „Борка“.

Од ова произлегува прашањето како функционира здравствениот систем без прецизни и конечни бројки околу болестите и како во иднина ќе може да се дефинира план или стратегија за спречување, односно вистинско лекување на пациентите. Во обид да стигнеме до некои бројки зборувавме со двете надлежни институции.

Во Министерството за здравство, неочекувано, но категорично не се согласија да зборуваат на темата. Прво испративме имејл со неколку прашања, за потоа телефонски да нѐ известат дека шефот на кабинетот на министерот не ѝ дозволува на службата за односи со јавност да испрати одговори. Во Институтот за јавно здравје зборувавме со Драган Ѓорѓев, кој го пренесе искуството дека се користат податоците кои пристигаат од регионалните центри за јавно здравје.

– Тие податоци се обработуваат на месечно и на годишно ниво и преку регионалните центри стигаат до Институтот за јавно здравје, а инаку потекнуваат од амбулантите и од болниците. На ист начин ги добиваме и податоците од интервенциите на итната помош. Детали за болестите и терапиите добиваме од базата на Фондот за здравство. Сите овие се релевантни податоци. Податоците од базата „Мој термин“ не сме ги користеле. Што се однесува до податоците за смртност и причинителите ги добиваме од Заводот за статистика, објаснува Ѓорѓев.

 

ПОДАТОЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ГИ НЕМА ВО ЕВРОПСКАТА СТАТИСТИКА

Ако ги прашате надлежните институции, тие секако дека ќе одговорат оти имаат бројки, но зошто нивните податоци не се релевантни и не се признати од европските статистички организации каде што Македонија е должна да ги испрати податоците за болестите? Дали тука основа на проблемот е непостоењето јасна дефиниција за регистар? Кај нас сите податоци што се собираат, барем тие што стануваат достапни, се застарени. Во „Хелтгрупер“ постојано наидуваат на стари и некомплетни бројки за болестите.

 

vladimir-lazarevic5

– Знаете, надлежните секогаш ќе вртат во круг и ќе ве убедуваат дека постојат бројки, но ако е така, тогаш зошто тие бројки ги нема во статистиката на „Еуростат“ каде што Македонија има обврска да ги доставува податоците. Залудно е што кај нас ќе ти речат ги имаме податоците, кога во европските статистички центри ги нема. Странците секогаш ги дискредитирале податоците од Македонија– смета Владимир Лазаревиќ од „Хелтгрупер“.

И така е навистина. Ако го отворите сајтот на Светската здравствена организација data.euro.who.int во делот каде што се ажурира статистиката, односно се обработуваат бројките за болестите, па потоа преку нив се кројат планови и програми, Македонија во најголем број случаи нема податоци од 2010 наваму, а за некои болести дури од 2008. Поконкретно, за рак на дојка Македонија последен пат има доставено податоци пред седум години. 2010 е последната година кога Македонија имала релевантни бројки за смртноста кај доенчињата, која тогаш изнесувала 7,6 на 1000. Потоа, низ годините, таа бројка е зголемена, но точната ниту има кој да ја соопшти, ниту пак да ја утврди. За споредба, државите од регионот за овие две статистики имаат бројки од 2013- или 2014.

Ниту еден истражувач не може да се потпре на овие поразителни бројки, кои практично ги нема на релевантните сајтови. Тоа се должи на фактот што не постојат синхронизирани податоци кај домашните институции. „Мој термин“ е добар пример за водење некакви точни податоци, но тие не се синхронизирани. Институтот за јавно здравје чека податоци од болниците и тоа е побавна постапка, додека податоците од „Мој термин“ се движат побргу, но не се ставени во унифицирана рамка која ќе обезбеди точни бројки. Да речеме, за една конкретна болест да имаме бројка на болни, таа бројка да биде во „Еуростат“, од неа да извлекуваме анализи и компарации за да креираме здравствена политика. Идејата да се формира регистар е токму следењето на трендот на болеста низ годините, дали се намалува, на пример, стапката на смртност или се зголемува, па оттаму да знаеш што да примениш, дали повеќе да се фокусираш на превенција или на обезбедување лекови. Целиот систем некако е поврзан, но се започнува од вистински, точни бројки изразени преку Регистар – коментира Лазаревиќ.

Лицата кои го ажурираат и следат електронскиот систем на „Мој термин“ заедно со целата ИТ структура имаат многу податоци кои во моментов не се во функција, односно конфузно се обработуваат и не кореспондираат со тие на другите институции. А без точни бројки, без точни дијагнози, превенции и терапии, со еден збор, без регистар – нема здравје.