Десетици лекари секоја година продолжуваат да ја напуштаат Македонија, во потрага по подобри услови за работа и повисоки плати во странство. Овој егзодус на лекарите и здравствените работници веќе се чувствува во многу делови од земјата – цели региони се без лекари, а некогашните амбуланти зјаат празни. Состојбата е особено критична кај гинеколозите – од летово, речиси целата скопска околина е без матичен гинеколог, затоа што ниту еден млад лекар не прифаќа да работи во примарното здравство.
Додека новата Влада е посветена на законски измени во областа на социјалата и бара модел како да го унапреди социјалното претприемништво, граѓанските организации се обидуваат преку обуки да им помогнат на социјално и економски ранливите категории и да ги направат конкурентни на пазарот на труд. Помогнати од програмата Цивика Мобилитас неколку домашни организации имаат успешни проекти низ кои десетици жени се вработиле. Многу од нив биле жртви на семејно насилство, пропаднати, со нарушена самодоверба, но после обуките тие испливале од дното и полека стануваат интегрален дел од општеството. Дали ваквите обуки се доволни за самохраните мајки и жртвите на насилство да исчекорат кон иднината? Дали државата има капацитет да се вклучи во ресоцијализацијата на оваа категорија жени? И уште некои други прашања одговара видео сторијата „Чекор кон…“
A bloated public administration distorts the conduct of politics, policy making and weakens the national economy. The bloating in the public administration can be predominantly noticed in the domain of public employment.
Истражување на пазарот на труд ПРОФИЛ НА МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ РОМИ ОД СКОПЈЕ, БИТОЛА, КОЧАНИ И ТЕТОВО
Центарот за економски анализи (ЦЕА) во партнерство со Сумнал, Светла Иднина и Сонце во рамките на проектот “Вработување на млади Роми” финансиран од Европската унија, спроведе истражување на пазарот на труд : профил на млади невработени Роми од Скопје, Битола, Кочани и Тетово
Извештај од анализа на мерки за вработување според оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за периодот од 01.01.2017 – 31.05.2017 година
Р. Македонија од аспект на прашањето за намалување на невработеноста се соочува со бројни предизвици. Со цел да се подобри функционирањето на пазарот на труд, да се поддржи отворањето на нови работни места и да се зголеми вработливоста на невработените лица изготвен е Оперативен план за 2017 година со кој се опфатени активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд.
Преполнетата јавна администрација има силен, изобличувачки ефект на различни сфери од државното уредување и процесите на креирање на политики и ја ослабнува националната економија. Преполнувањето на јавната администрација е најзабележливо во доменот на јавните вработувања.
Колкав и каков јавен сектор имаме во Република Македонија (РМ)? Анализа на карактеристиките на јавниот сектор во РМ
Големината и опсегот на јавниот сектор на една земја не може да се дефинираат само преку прашањето „колку луѓе работат во јавниот сектор?“. Ниту, пак, е едноставно да се даде одговор на прашањето колку луѓе треба да работат или колку вработени е „нормално“ да има во јавниот сектор. Во оваа анализа ќе понудиме толкување на неколку карактеристики на јавниот сектор согледани од повеќе аспекти, со кои ќе дадеме одговори токму на тие прашања: колку голем треба да е јавниот сектор, дали е скап, дали и колку е квалитетен, и дали јавниот сектор во Македонија ја прави Европска земја или не.
Компаративна анализа: работни места во термоелектрани наспроти работни места во сектори со обновливи извори и енергетска ефикасност во Македонија
Се наоѓаме на половина од втората декада на 21 век, кога негативните ефекти од климатските промени се неоспорливи. Земјите од цел свет, помалку или повеќе, се обидуваат да најдат начини како да се заштитат или прилагодат на овие промени, а притоа да продолжат да се борат за раст на нивните економии.
Национален извештај за младинската невработеност во Република Македонија
Граѓанските организации кои работат со младите луѓе во земјите од Западен Балкан вклучени во проектот (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Бугарија, Грција, Турција и Хрватска) се соочуваат со слични предизвици: недостиг на социјална вклученост, невработеност, корупција во образованието, несоодветни младински политики итн. така што можеме да речеме дека младите претставуваат маргинализирана група во овие општества. Во последните неколку години, вработувањето на младите добива сé поголема важност на националните и глобалните агенди за развој, со оглед на тоа дека глобалната криза со работни места ја зголеми ранливоста на младите во поглед на: поголема невработеност, послаб квалитет на работните места за оние што ќе најдат вработување, поголема нееднаквост на пазарот на
трудот меѓу различни групи на млади луѓе, подолг и понесигурен премин од образование на работа и поголема оддалеченост од пазарот на трудот
Nurturing social enterprises in active labour market policies framework for inclusive local growth in Macedonia
The paper brings together evidence on social enterprises in active labour market policies in Macedonia on the one hand, and Austrian best practices and European Union policy initiatives on the other hand, in order to provide input to the discussion on an enabling policy framework for this sector for inclusive local growth in Macedonia.
Половина декада земјите во светот се справуваат со последиците од глобалната економска криза и од неретко контрапродуктивните економски политики применети за време на кризата, кои придонесоа за дополнителни негативни ефекти врз дел од економиите и нивно пролонгирано закрепнување.
Уште од почетокот на движењето, волонтерите биле водени од желбата да дадат позитивен придонес во општествата денес, стремејќи се кон мирни и праведни животни услови преку заедничка работа.
Овој прирачник е наменет за сите потенцијални социјални претприемачи што се заинтересирани да започнат социјален бизнис за вработување на лица од ранливи категории. Првенствено е наменет за невладини организации што даваат соодветни социјални, правни, здравствени услуги на лица од ранливи категории и се заинтересирани за економско зајакнување на тие лица или економска одржливост на организацијата и сакаат да засноваат социјални бизниси.
Овој прирачник ќе ви даде насока како да ја развиете соодветната економско-социјална мисија на организацијата, да ги насочите вашите човечки и финансиски потенцијали за засновање на социјално претпријатие што би отворило можност за вработување на лица од ранливи категории. Преку бизнис-канвасот ќе имате можност да ја развиете вашата социјална претприемачка идеја, водејќи сметка за паралелно остварување на социјална и економска мисија на вашиот бизнис. Понатаму, ќе бидат детално образложени одредени делови на законската правна легислатива за да изберете најдобар начин како правно да го регулирате вашиот социјален бизнис. На крајот ќе бидат презентирани информации за можности за финансирање на вашиот социјален бизнис.
Прирачникот може да го преземете на македонски јазик и на англиски јазик.
Година на издавање: март 2017
Социјално претприемништво – Втора шанса за социјалните политики
Дебатите за јавната администрација и нејзината модернизација во изминатите години стануваат сè позначајни инструменти за имплементација на ефективните јавни политики. Имено, јавната администрација е главниот административен простор во кои владите ги трансформираат своите политики во акции и услуги, го поттикнуваат економскиот раст на државите и го креираат системот на добросостојба на граѓаните. Оттука, начинот на кој функционира администрацијата треба да е главна грижа, не само на власта во секоја држава, туку и на граѓаните воопшто.
Стратегија за развој на волонтерството во општина Битола 2015-2018
Во Република Македонија волонтерството се повеќе се развива и добива важност во локалните заедници. Тоа има голем потенцијал за подобрување на квалитетот на живот во локалните заедници, придонесува за зголемување на граѓанското учество во општествениот живот, за создавање на локални мрежи и создава чувство на одговорност за решавање на проблемите што постојат во заедниците.
Стратегија за развој на волонтерството во општина Кавадарци 2015-2018
Во Република Македонија волонтерството се повеќе се развива и добива важност во локалните заедници. Тоа има голем потенцијал за подобрување на квалитетот на живот во локалните заедници, придонесува за зголемување на граѓанското учество во општествениот живот, за создавање на локални мрежи и создава чувство на одговорност за решавање на проблемите што постојат во заедниците.
Стратегија за развој на волонтерството во општина Тетово 2015-2018
Во Република Македонија волонтерството се повеќе се развива и добива важност во локалните заедници. Тоа има голем потенцијал за подобрување на квалитетот на живот во локалните заедници, придонесува за зголемување на граѓанското учество во општествениот живот, за создавање на локални мрежи и создава чувство на одговорност за решавање на проблемите што постојат во заедниците.
Водич за правата и обврските на граѓанските организации во случај на надзор од инспекцијата на трудот
Водичот за правата и обврските на граѓанските организации во случај на надзор од инспекција на трудот има за цел да ги запознае претставнииците на граѓанските организации на јасен начин со овластувањата и надлежностите на инспекторите на трудот, предметот на надзор како и документацијата која што мора да ја поседува организацијата и да ја приложи по барање на инспекторите.
Собранието на Република Македонија на 2 јули 2007 година го донесе Законот за волонтерство и истиот е објавен во ,, Службен весник на Република Македонија ” бр. 85/2007. Донесени се и подзаконските акти со кои се доуредуваат прашањата од Законот, и тоа …
In Macedonia, a volunteering legal framework was adopted in 2007 (Official Gazette 85/07).
The law on volunteering sets out the basic framework of organised long-term volunteering,
conditions for carrying out volunteer activities, rights and obligations of volunteers and
organisers of volunteering, volunteering contract and keeping record of volunteer activities. The
law recognises volunteering as an activity of interest in Macedonia that contributes to better
quality of life and activates citizens in social life, as well as a tool for development of democratic
society based on equality.
Во четвртиот квартал од 2016 година стапката на невработеност на ниво на Република Македонија изнесувала 23,1%5 (1.679.290 вкупно работоспособно население, од кои 950.255 активно население, и 219.148 невработени). На крајот од месец февруари 20176 година,вкупниот број на невработени изнесува 105.416 лица, од кои 6.361 (6 %) се од ромска националност, а од нив 2.411 (38%) се жени Ромки.
Во рамките на Институционалниот грант на Цивика мобилитас, АНТИКО има предвидено низа активности кои ќе и овозможат потранспарентно работење и споделување на релевантни информации со конституентите и засегнатите страни. Една од тие активности е припрема на квартални Билтени. За таа цел го споделуваме Билтенот бр.1 кој ги опишува активностите, достигнувањата и резултатите од работењето на ЖГИ АНТИКО во првиот квартал од 2017 година.