fbpx
x
Мени

Анализа на политичките програми од родов аспект : предвремени парламентарни избори 2016

Родовата анализа на програмите на политичките партии за предвремените парламентари избори за 2016 година е направена со цел да се процени дали и во колкава мера родовата перспектива e вклучена при изготвувањето на политичките програми. Анализата дава преглед на изборните програми на партиите и коалициите во однос на вклученоста на родовиот аспект во предвидените мерки и колку од мерките конкретно се насочени кон унапредување на економскиот, социјалниот, политичкиот и на општествениот статус на жените.

Анализа на законодавството на Република Македонија во однос на дискриминацијата заснована на сексуална ориентација и родов идентитет

Во дваесеттиот век, по движењето за современите геј-права во 1969 година, општествата започнаа да дебатираат за хомосексуалноста. Правниот и социјалниот статус на лезбијките, геј- мажите, бисексуалците, трансродовите, интерсекс и квир лица (ЛГБТИК) значително се разликува низ светот и продолжува да биде
остро оспоруван во политичките и религиозните дискусии на многу места.

Демографските политики и родовата еднаквост во Република Македонија: Мерките за унапредување на еднаквоста помеѓу жените и мажите како мерки за зголемување на наталитетот

Мерките за унапредување на еднаквоста меѓу жените и мажите не само што не се во конфликт со мерките за зголемување на наталитетот на една држава, туку постојат емпириски докази кои го потврдуваат спротивното. Кај државите во Европската унија, највисоките вкупни стапки на фертилитет се забележани кај оние држави кои преку комбинација на конкретни мерки за реинтеграцијата на жените на пазарот на трудот нудат сервиси за балансирање на семејниот живот и кариерата како поголема и попристапна покриеност на јавни установи за грижа на деца и поволни услови за родителско отсуство за двајцата родители.

Економско јакнење на жените од руралните средини- предизвик, можност или недостижна цел?

Достигнувањето, но и практикувањето на родовата еднаквост преку
економско jакнење на жената во руралните средини е процес коj што бара
постоjано надоградување, но и застапување пред институциите. Жената е таа коjа
што го води семеjното земjоделско стопанство, коjа што раководи со финансиите,
коjа што придонесува кон диверзификациjата на земjоделското производство, но
коjа што еднакво е добра и во исполнувањето на домашните обврски како жена –
сопруга, маjка, снаа.
Економското заjакнување на жената од руралната средина треба да го
намали јазот кој што сè уште постои помеѓу жените и финансиските ресурси,
помеѓу потенцијалот на жените и улогата која што се очекува од нивна страна во
општеството.

Финален извештај: Информирање и собирање податоци од жртви на родово засновано насилство и мониторинг и препораки за унапредување на локалните политики за поддршка и заштита на жртвите на родово засновано насилство

Во рамки на проектот „Со заеднички напори – кон новите европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“ беше реализирана активност – собирање информации од жени – жртви на насилство за нивното искуство со јавните служби (Полиција и Центар за социјална работа).

Finding the key to the glass door : demystyfing the reasons for women’s low participacion in the labor market

The transition that followed Macedonia’s independence in 1991 radically altered the social status of the entire population. It increased the gap between women and men, both in terms of social status, opportunities and access to available resources in society. As a result, the Macedonian labor market presently puts women at a serious disadvantage compared to men. Today, one in two woman participates in the work force, compared to two in three men and only one in three women are employed, compared to one in two men.

Gender analysis of the programmes and budgets of the Local self-government units Study for the Municipalities Bogovinje, Aerodrom, Mavrovo and Rostuse and Gjorce Petrov

The Constitution of Republic of Macedonia guarantees equality of the citizens of Republic of Macedonia regardless of the gender, ethnic background and social status. The constitution is followed through via series of laws and acts which are founded upon the principle of equality and non-discrimination, and are exercised in the state institutions as well as in the local self-government units (LSGU).

Имотни и наследни права на жените во Полошкиот регион

Истражување за имотните и наследните права на жените во Полошкиот регион

Информативен материјал за имотните и наследните права на жените од Полошкиот регион

Кратка содржина од резултатите од спроведеното истражување за имотените и наследните права на жените во Полошкиот регион.

Изјава на директорката од Македонико Женско Лоби Даниела Димитриевска

Изјава на директорката од Македонико Женско Лоби Даниела Димитриевска

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ ВИДЕО

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна д ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Елена Петровска, која ја промовираше Сигурната куќа: „Порано немаше каде да се побегне, да се најде засолниште во моментите кога тоа е најпотребно, затоа ние ја создадовме Сигурната куќа.“

Колку се еднакви и безбедни младите во Mакедонија во нивниот сексуален развој и сексуални искуства?

Темите за сексуалноста, за сексуалното и репродуктивното здравје на младите во Македонија се отвораат бавно и селективно. За родово-идентитетските прашања, како родовата припадност и изразување, и сексуалната ориентација сеуште не постои подготвеност да се разговара отворено и аргументирано.

Кон родова рамноправност во Општина Тетово

Општа цел на анализата е да придонесе кон градење на родово – одговорна власт во општина Тетово, а со тоа да придонесе процесите на владеењето да бидат порамноправни, повклучителни и поотчетни. Владеењето кое е порамноправно, повклучително и поотчетно, со самото тоа е поефикасно и поефективно. Родово – одго врната локална самоуправа прифаќа еден од клучните аспекти на доброто владеење.

Локален Акциски план за економско јакнење на жените од Општина Битола 2016-2017 година

Локален Акциски план за економско јакнење на жените од Општина Битола 2016-2017 година – продукт од проектот „Економско јакнење на жени во две општини“, финансиски поддржан од Британската Амбасада во Скопје. Преку успешно лобирање и јавно застапување овој акциски план во целост е усвоен и буџетиран од страна на Советот на Општина Битола.

Не говор на омраза

Видео клип кој е направен од страна на СППМД за време на проектот Hate Fighters Work Plan 2016 кој е финансиран од страна на
European Youth Foundation, Council of Europe
Овој клип произлезе од страна на младите кој учествуваа на креативната работилница за Hip – Hop .

Перцепции за семејното насилство-фокус на насилството врз жените во Општина Куманово

Истражувачка студија која се однесува на утврдување на аспекти на семејното насилство во Општина Куманово, појaва согледана од “женски агол”. Во истражувачкиот фокус се определени феноменолошки и етиолошки елементи на семејното насилство (обемот, распространетоста, видовите и причините), со акцент на насилството над жените во семејството во Општина Куманово.

Преку пристап до информации од јавен карактер до унапредување на социјалната заштита и транспарентноста на локалните самоуправи

Проектот е имплементиран во рамки на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“ спроведен од Метаморфозис, Македонски центар за европско образование и Реактор – Истражување во акција. Овој документ е продуциран со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на овој документ целосно е одговорен Сојуз – Национален совет за родова рамноправност и во никој случај не ги рефлектира ставовите на Европската Унија.

Прирачник за истражувачко новинарство и пристап до информации

Истражувачкото новинарство во современите демократии е од клучно значење за остварувањето на улогата на медиумите, а воедно е и чувар на јавноста и заштитник на човековите права. Најважната задача на новинарите во демократските општества е да ги заштитуваат интересите на граѓаните. За да ја остварат
оваа задача новинарите откриваат злоупотреби на власта и на моќта на поединци и институции и на тој начин придонесуваат за одговорно и отчетно владеење, промовирајќи го јавниот интерес.

Прирачник за родова демократија за врснички едукатори

Република Македонија е земја во која процесот на демократизација трае изминативе 20 години. Бројни реформи,како слобода на говор, независни медиуми, активно учество на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, закон за еднакви можности за жените и мажите, зголемување на учеството на жените во парламентот со 30% итн се направија и сеуште се случуваат.Сепак, некои аспекти на демократијата
во нивното вистинско значење останаа недопрени.

Пристап на жените до правда – Анализа

Анализата пред Вас е резултат на истражувањето што го направи Здружението за еднакви можности „Еднаков пристап“ во соработка со Македонското здружение на млади правници во рамки на акцискиот грант „Пристап на жените до правда“ поддржан од Цивика Мобилитас, и се однесува на согледување на бариерите кои го попречуваат пристапот на жените до правда.
Подобрување на пристапот до правда за жените во Република Македонија во насока на остварување на меѓународните стандарди за постигнување на фактичка родово еднаквост е главна цел на анализата

Работни услови и рамнотежа помеѓу работниот и приватниот живот : родова анализа

Публикацијата „Работни услови и рамнотежа помеѓу работниот живот: Родова анализа“ е подготвена врз основа на репрезентативно национално истражување спроведено во 2014 година во рамките на проектот „Совет за родова еднаквост“, имплементирано од страна на Реактор – Истражување во акција, а финансиски поддржано од Европската комисија преку инструментот за претпристапна помош (ИПА). Публикацијата е резултат на истражувачката компонента на проектот и има за цел да придонесе кон зголемување на базата на знаење за состојбата и статусот на жените на пазарот на трудот во државата, како и за тоа како нивните искуства се разликуваат од оние на мажите.

Родови аспекти на обезбедувањето заштита на бегалци и мигранти во Република Македонија

Повеќе од еден милион бегалци и мигранти пристигнаа во Европа во текот на 2015 и 2016 година, голем дел преку Западно- балканската рута. Најголемиот број од нив се со потекло од Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан и Еритреа . Сите бегалци се соочуваат со големи тешкотии, но жените и девојките се меѓу најранливите од оние кои патуваат во ЕУ во потрага по заштита од војната, кршењето на човековите права
и немаштијата. Поради полот, тие често се жртви на насилство и дискриминација.

Родовите прашања и социјалната заштита во општина Центар и Гостивар

Социјалната заштита во Република Македонија се заснова на начелото на социјална праведност и солидарност и подразбира дека е достапна и отворена за сите граѓани, жени и мажи, кои имаат потреба од истата. Во спроведувањето родова проценка на локалните политики/програми и буџети за социјална заштита во општините Центар-Скопје и Гостивар, тргнавме од истражувачкото прашање – дали креираните и спроведени локални политики за социјална заштита ги земаат предвид потребите на жените и мажите
и придонесуваат за намалување на родовата нееднаквост на локално ниво.

РОДОВО ОДГОВОРНО БУЏЕТИРАЊЕ ЗА ПОЕФИКАСНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Пилот анализа на активности од Програмата на општина Свети Николе за социјална заштита.

Scoping study on gender based violence and discrimination against women and girls in urban public spaces of the City of Skopje

Gender based violence is rarely discussed in Macedonia, particularly among policy and decision makers. In this context, violence against women in public spaces is a topic that has received almost no attention in discussions about gender-based violence in the country. While pressure from women’s rights groups and the international community have led to signifi cant improvements in the legislative framework on domestic violence, violence and the threat of
violence outside of the private sphere remain heavily under-researched and therefore largely unaddressed.

Shadow report on the implementation of the strategy for gender equality in 2015

The national strategy for gender equality (2013-2020) is the first strategic document of its kind adopted in 2013 by the Assembly of the Republic of Macedonia. The strategy was adopted based on Article 9, paragraph 3 of the Law on Equal Opportunities for Women and Men which lays down the legal grounds for adoption of the strategy and defines the institutional structure in charge of its implementation. The Strategy, together with the National Action Plan (2013-2016) has the purpose of providing complete equality between women and men, both on a horizontal level, as well as by sectors. The shadow report on the implementation of the Strategy for Gender Equality is the third independent report which aims at providing a comprehensive analysis of the level of implementation of the
measures and activities envisaged in the strategy, the action plan, as well as the operational plan for 2015.

Të drejtat pronësore dhe trashëgimore të grave në rajonin e Pollogut

Hulumtim mbi të drejtat pronësore dhe trashëgimore të grave në rajonin e Pollogut

Women in the Macedonian Economy

Equality between women and men is one of the fundamental rights and freedoms of the constitutional system of the Republic of Macedonia1. In 1998 the Assembly adopted the Declaration on the Promotion of Gender Equality in the Decision-Making Process. Since then, numerous legal solutions have been adopted that are aimed at promoting gender equality in various social segments. In addition, many international conventions and agreements that guarantee gender equality, which have been ratified by the Republic of Macedonia are an integral part of our legal system. The Assembly has also adopted the Law on Equal Opportunities, in May 2006, and the Law on Discrimination Prevention and Protection2, in February 2010, and thus, the domestic legal framework is compliant with both the international and the European standards promoting gender equality.

Women in politics : paths to public office and impact at the local level in Macedonia

This study is the result of a project conducted by Reactor-Research in Action during 2014 and 2015, in partnership with the National Democratic Institute (NDI) and with funding from the French Embassy in Skopje. The overall objective of the project was to contribute to the improvement of the status of women in the Republic of Macedonia, in particular in the area of political participation. We aimed to achieve this by providing new understanding of the inequalities women and men face in political and public life, mainly through comprehensive research.

Жени и синдикати: Застапеност и работнички права во Република Македонија

Студија за застапеност на жените во синдикатите во Р. Македонија. Авторки: Елена Б. Ставревска и Марија Башевска

ЖЕНИТЕ НЕ СЕ ЖРТВИ САМО НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО, ТУКУ И НА ЗАКОНИТЕ И НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Во последните пет години во Македонија 28 убиства се заведени како семејно насилство. Билтените на МВР секојдневно се полни со инциденти во кои се претепани жени, сопруги, девојки. Само во првите шест месеци од оваа година, полицијата поднела кривични пријави против вкупно 388 лица за семејно насилство. Од нив, дури во 94 отсто од случаите насилниците се мажи. Невладините организации со години предупредуваат дека закон има на хартија, но недостасува интегриран систем на институции кои го третираат овој проблем. Владата најави дека ќе се заложи за решавање на овој проблем преку ратификување на Истанбулската конвенција, меѓународен документ кој ги обврзува државите да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите на семејно насилство и казнување на сторителите.

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Жените во македонската економија Резултати од истражувањето на перцепциите за родова еднаквост во Општина Шуто Оризари

Во овој извештај ги анализираме податоците од истражување спроведено во општина Шуто Оризари кое имаше за цел да ја измери перцепцијата за родовата еднаквост кај жените во Шуто Оризари во 2010, како и нивните перцепции за дискриминацијата на жените на пазарот на труд. Истражувањето беше дел од проектот „Жените во македонската економија“ кој Реактор го спроведе во текот на 2010 година во четири општини: Тетово, Карпош, Струмица и Шуто Оризари. Проектот беше финансиски поддржан од страна на Европската комисија преку Инструментот за унапредување на демократијата и човековите права (European Instrument for Democracy and Human Rights – EIDHR) и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

Жените во македонската економија Резултати од истражувањето на перцепциите за родова еднаквост во Општина Струмица

Во овој извештај ги анализираме податоците од истражување спроведено во општина Струмица кое имаше за цел да ја измери перцепцијата за родовата еднаквост кај жените во Струмица во 2010, како и нивните перцепции за дискриминацијата на жените на пазарот на труд. Истражувањето беше дел од проектот „Жените во македонската економија“кој Реактор го спроведе во текот на 2010 година во четири општини: Тетово, Карпош, Струмица и Шуто Оризари. Проектот беше финансиски поддржан од страна на Европската комисија преку Инструментот за унапредување на демократијата и човековите права (European Instrument for Democracy and Human Rights – EIDHR) и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

Жените во македонската економија Резултати од истражувањето на перцепциите за родова еднаквост во Општина Тетово

Во овој извештај ги анализираме податоците од истражувањето спроведено во општина Тетово кое имаше за цел да ја измери перцепцијата за родовата еднаквост кај жените во Тетово во 2010, како и нивните перцепции за дискриминацијата на жената на пазарот на труд. Истражувањето беше дел од проектот „Жените во македонската економија“ кој Реактор го спроведе во текот на 2010 година во четири општини: Тетово, Карпош, Струмица и Шуто Оризари. Проектот беше финансиски поддржан од страна на Европската комисија преку Инструментот за унапредување на демократијата и човековите права (European Instrument for Democracy and Human Rights – EIDHR) и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

ЖГИ АНТИКО – Билтен број 1 за 2017 година

Во рамките на Институционалниот грант на Цивика мобилитас, АНТИКО има предвидено низа активности кои ќе и овозможат потранспарентно работење и споделување на релевантни информации со конституентите и засегнатите страни. Една од тие активности е припрема на квартални Билтени. За таа цел го споделуваме Билтенот бр.1 кој ги опишува активностите, достигнувањата и резултатите од работењето на ЖГИ АНТИКО во првиот квартал од 2017 година.