fbpx
x
Мени

Ајде биди волонтер – водич за волонтери

Овој водич има за цел да им појасни на младите која е важноста на волонтерството, која е разликата помеѓу волонтер и практикат, правата и обврските на волонтерите, каде да најдат информации за волонтерство во Македонија. Автори: Сања Стефановиќ Сања Божовиќ Дизајн: Дани Јанев Поддржано од УСАИД и ФООМ.

Анализа на документи и на политики на универзитетот ,, Св. Кирил и Методиј” во Скопје за степенот на

Публикацијата содржи анализа на теренско истражување кое имаше за цел да ја испита перцепцијата на студентите за зачестстеноста и облиците на дискриминација кои ги искусуваат за време на своите студии, како и степенот на информираност, особено во поглед на мерки на заштита кои им се располагање на студентите доколку се соочат со кршење на нивните права од ваков тип. Анализата опфаќа и анализа на правната рамка и антидискриминаторски политики во високото образование.

Анализа на спроведените активности од Националната стратегија за млади 2005-2015

Анализа на студентско организирање и учество во Македонија

Публикацијата е анализа на документите на петте државни универзитето во Македонија за да се утврди степенот на студентско учество во телата на универзитетите. Во склоп на истражувањето е направен осврт на европските практики и искуства за уредувањето на улогата на студентските претставнички тела како и анализа на моменталната ситуација во високото образование и правната рамка во студентското организирање.

Асистивна информатичка технологија за поголема инклузивност на образованието : анализа и препораки

Современата технологија брзо и неповратно го менува светот во кој живееме. Во оваа често употребувана констатација има една силна носталгична нишка по „старите добри времиња“, кога не бевме толку „отуѓени“ едни од други, кога се враќавме од одмор пред да пристигнат разгледниците испратени до најблиските…
Оваа публикација прикажува некои од позитивните промени што со себе ги носи новото време, поточно, какви можности стојат пред нас.

Асистивната информатичка технологија за поголема инклузивност на образованието : Анализа и препораки

Современата технологија може да се искористи за поттикнување на вклученоста на лицата со хендикеп во сите сфери на општественото живеење. Образованието не е никаков исклучок. Белата книга „Асистивната информатичка технологија и образованието во Македонија“ во Вашите раце нуди искуства и примери кои покажуваат како технологијата придонесува за остварување на правото на образование на учениците со
посебни образовни потреби. Овие позитивни искуства се од „нашиот двор“, не од некои далечни и  бајковидни земји.

Capitulation, Confusion or Resistance Social Capital among Macedonian High-School Students

The publication aims to promote the position of high-school students in the scientific and political discourse, that students’ opinions will be heard and taken into account by the institutions, and that the recommendations that resulted from this empirical study will be considered and adopted by the relevant actors, local and national authorities, non-governmental organizations and educational institutions

Comparative Research “Youth and Media”

The analyses of this regional research implemented in 11 countries in South East Europe (Macedonia, Slovenia, Croatia, Bosnia and Herzegovina, Kosovo, Albania, Serbia, Greece, Turkey, Bulgaria and Greece) provides information on media literacy of youth in the region, overview on the accessibility and usage of media by youth and the content they create.

Corruption in Higher Education, Analysis with Special Accent on Perofmance on UKIM, Skopje

This publication is an analysis of corruption in higher education with accent on the performance on “Ss. Cyril and Methodius University”. The analysis consists of a reflection of different types of corruption in higher education, answers received from freedom of information requests to state institutions responsible on corruption. The publication entails an analysis of the legal framework on corruption and media articles regarding corruption in higher education. Author: Aleksandra Zhivkovikj, Consultant: Prof. D-r Dimitar Gelev The publication is supported by Foundation Open Society Macedonia and USAID Macedonia.

Дебатирај академски

Оваа публикација е прирачник за Британска парламентарна дебата. Содржина дефинирање на поимот дебата, објаснување на форматот на Британска парламентарна дебата, појаснување на улогите на секој од говорниците. Прирачникот опфаќа и анализа на тези и какви видови на тези постојат, како и објаснување што е аргумент и товар на докажување.

Декларација и прирачник за средношколци

Публикацијата содржи објаснување за постоењето и функционирањето на OBESSU како и анализа на Декларацијата за средношколски права во училиштето и општеството. Во прилог на оваа публикација има и примерок документи, како пример на записник, пример на правилник за локални средношколски заедници и низа други документи кои ќе им помогнат на средношколците полесно да се организираат

Dhuna në shkolla të mesme

Dhuna në shkolla të mesme, Analiza e ekspllorimit Istrazhuvach shefi Monika Bozhinovska Asistent hulumtues Nikolla Demerxhiev Konsulltent: Doc. d-r Eleonora Serafimovska, bashkëpunëtor shkencor Redaktor: Marija Mircevska

Dilemat dhe problemet studentore

Doracak për arsimtarë: përdorimi i teknoligjisë qasëse në shkolla për fëmijët me nevoja të veçanta

Para jush gjendet doracaku i cili do të Ju mundësojë që më lehtë fa zbatoni teknologjinë informatike në punën e përditshme me nxënësit me nevoja të veçanta arsimore. Ideja për përpilimin e këtij publikimi vjen nga sfidat me të cilat hasni në punën Tuaj. Përvoja jonë e deritanishme tregoi se nxënësit me nevoja të veçanta arsimore me përdorimin e kompjuterit si vegël në mënyrë shumë më të thjesht, më të qartë dhe më interesante i fitojnë njohuritë.

Doracak pёr arsimtarё pёr praktika: inkluzive kompjuterike me aplikim tё teknologjisё ndihmёse

Para jush gjendet doracaku për arsimtarë për praktika kompjuterike gjithëpërfshirëse me aplikim të teknologjisë ndihmëse, që ka për qëllim tu ofrojë informata praktike dhe rekomandime për përdorimin e kompjuterit dhe teknologjisë ndihmëse në mësim me nxënës me nevoja të veçanta arsimore. Bota moderne, e cila gjithnjë e më shumë po bëhet dixhitale, nuk duhet të paraqes vështërisi shtesë për fëmijët dhe personat me aftësi të kufizuara.

Едукативно видео 1: Финансискиот систем во РСМ

Едукативното видео насловено „Финансискиот систем во Република Северна Македонија“ е прво во серијалот едукативни видеа во рамки на Проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки“, поддржан од Програмата Цивика Мобилитас.

Видеото накусо ја прикажува структурната поставеност на финансискиот систем во државата, при што особено внимание е посветено на заштитата на потрошувачите, во улога на корисници на финансиски производи и услуги.

Видеото погледнете го ТУКА.

Едукативно видео 2: Деловните процеси во банкарскиот сектор

Ова едукативно видео е второ во серијалот едукативни видеа изработени во рамки на Проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки“, поддржан од Програмата Цивика Мобилитас.

Видеото дава осврт кон клучните деловните процеси и активности на банките, при што фокусот е на депозитното и кредитното работење, односно каматните стапки.

Видеото погледнете го ТУКА.

Едукативно видео 3: Осигурувањето како форма на заштита од ризици

Ова едукативно видео е трето во серијалот едукативни видеа изработени во рамки на Проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки“, поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Видеото има за цел да ја поттикне свеста кај пошироката јавност во врска со значајноста на осигурувањето како форма на заштита од ризици, но и да помогне во надминување на недовербата која постои помеѓу граѓаните и осигурителните компании.

Видеото погледнете го ТУКА.

Екстерно оценување, предизвици и чекори: Екстерно оценување по секоја цена

Квалитетното образование и човечкиот капитал претставуваат основен услов за обезбедување на одржлив економски и општествен развој.

Екстерно оценување, предизвици и следни чекори: Екстерно оценување по секоја цена?

Квалитетното образование и човечкиот капитал претставуваат основен услов за обезбедување на одржлив економски и општествен развој. Оттука, во Република  Македонија, во сите изминати години од осамостојувањето до денес, реформите во секторот на образованието се постојано актуелни, односно континуирано се вложуваат напори и средства со цел подобрување на квалитетот на образовниот про-
цес, како и нивото на стекнато знаење и вештини кај учениците

ЕКТС – Реалност или илузија во високото образование анализа преку алатката пристап до информации од јавен карактер

Во оваа публикација е објаснето правото за пристап на информации од слободен карактер а анализата е направена преку користење на ова право. Се дава осврт на Болоњската декларација во Македонија, студентски права, факултетска администрација, студентска мобилност и мобилност на наставни кадри. Автори: Лазар Поп Иванов, Ѓорѓи Велковски Работен тим: Бојана Низамовска, Мартин Алексовски, Бојан Јовчевски Уредник: Ана Медарска

ЕУ и активистичките организации во Република Македонија

Во последниот извештај за напредокот на Република Македонија, Европската комисија во делот на политичките критериуми и граданските општества, го нагласува недостигот на дијалог помеѓу граѓанските организации и Владата, со посебен акцент на организациите кои се занимаваат со: социјална реформа, родова еднаквост, Ромите и правата на ЛГБТИ. Исто така, извештајот во поглавјето 19, делот наменет за социјална политика и вработување, го нагласува високит процент на сиромаштија и недостигот на институционален капацитет за креирање политики и стратешки план и обезбедување финансии за справување со сиромаштијата (Европска комисија, 2013). Покрај извештајот на Европската комисија, овој проблем е потврден и од скоро сите анализи на домашните граѓански организации кои за фокус ја имаат оваа проблематика. Податоците од анализите на домашните организации се употребени во оваа студија.

Финансиската писменост во Република Северна Македонија

Целта на оваа студија е да ги истакне значењето и придобивките од финансиската едукација, пред се кај младите во Република Северна Македонија, а со тоа и да поттикне создавање на финансиски систем кој ќе генерира поквалитетни финансиски производи и услуги, кои обезбедуваат социјална вредност и ја ограничуваат можноста за финансиски измами, манипулации и злоупотреби.

Клучната додадена вредност на оваа студија е емпириската анализа на степенот на финансиска писменост и финансиска инклузија во Република Северна Македонија.

Резултатите покажуваат дека нешто повеќе од 70% од испитаниците не покажале доволно финансиско знаење во сите утврдени области. Со други зборови, за финансиски писмени може да се сметаат само околу 30% од испитаниците, при што само 6% имаат високо финансиско знаење.

Иако истражувањето остава простор за подлабока анализа, добиените резултати претставуваат солидна основа за преземање на конкретни чекори во насока на подигнување на општото ниво на финансиска писменост на населението во Република Северна Македонија.

Хомосексуалноста во образованието во Република Македонија

Државите имаат обврска да обезбедат образование насочено кон целосниот развој на човековата личност и кон зајакнување и почитување на човековите права и основни слободи. Токму затоа, образованието мора да биде ослободено од сите форми на дискриминација. Следствено, образовните програми и материјали треба да бидат ревидирани за да не содржат елементи, не само од расна, верска и од етничка дискриминација, туку и од дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и на родот (вклучително и на родовиот идентитет и / или изразување).

Inequality in Higher Education: Accessability and services for people with disabilities at the University ,,SS Cyril and Methodius ” Skopje

Инфо-график: Финансиска писменост

На овој Инфо-график се прикажани клучните резултати од спроведеното истражување за степенот на финансиска писменост и финансика инклузија на населението во Република Северна Македонија.

Истражување на пазарот на труд ПРОФИЛ НА МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ РОМИ ОД СКОПЈЕ, БИТОЛА, КОЧАНИ И ТЕТОВО

Центарот за економски анализи (ЦЕА) во партнерство со Сумнал, Светла Иднина и Сонце во рамките на проектот “Вработување на млади Роми” финансиран од Европската унија, спроведе истражување на пазарот на труд : профил на млади невработени Роми од Скопје, Битола, Кочани и Тетово

Истражување за успешноста на Декадата на Ромите во високото образование, 2004-2014 г.

Институтот за човекови права (ИЧП), во соработка со Централниот европски универзитет (ЦЕУ) од Будимпешта, го имплементише проектот „Roma Placement Program“, од мај до декември 2015 г. кој има за цел ангажирање дипломирани Роми во невладини неромски организаци во период од една година. Проектот беше спроведен во Македонија и во Србија, а беше финасиран од National Endowment for Democracy. Во рамки на проектот, Институтот за човекови права, од септември 2015 до март 2016 година, спроведе истражување со цел да се дојде до вкупниот број запишани и дипломирани Роми на државните и на приватните факултети во Република Македонија во периодот од 2004 до 2014 година. Потребата за ова истражување произлезе од недостатокот на податоци и извештаи во врска со Декадата на Ромите во високото образование, за периодот 2005-2015 година, поточно, недостасуваа истражувања конкретно за запишани и за дипломирани Роми во високото образование.

Извештај од истражување: Примена на асистивна технологија во 31 редовно основно училиште во Македонија

Истражувањето претставено во овој извештај ги прикажува искуствата на 31 редовно основно училиште од Македонија кои користат асистивна технологија во наставата. Воведувањето и употребата на асистивна технологија беше овозможено од Проектот за е-пристаппно образование на УСАИД, спроведен од здружението Отворете ги прозорците во периодот февруари 2010 – јуни 2015 година. Истражувањето дава приказ на три главни прашања: примената, релевантностa (во однос на потребите) и квалитетот на процесот на воведување и употреба на асистивна технологија. Наодите и заклучоците се основа за изведување препораки за натамошно проширување на примената на асистивната технологија во редовното основно образование.

Извештај од истражување: Примена на асистивната информатичка технологија во основните училишта во Република Македонија – тековна состојба и потреби –

Овој извештај ги прикажува клучните наоди, заклучоци и препораки од истражувањето на примената на асистивната информатичка технологија (во натамошниот текст: асистивна технологија) во наставата во основните училишта во Македонија. Целите на истражувањето беа: (1) да се документира тековната состојба во основните училишта во поглед на примената на компјутерите како алатка за подобрување на квалитетот на образованието на учениците со посебни образовни потреби, и (2) да се идентификуваат потребите и можностите за примена на асистивната технологија во наставниот процес.

Извештај од истражување:примена на асистивната информатичка технологија во редовните основни училишта во Македонија

Бројни искуства од различни земји во светот покажуваат дека развојот на современата технологија може да се искористи за поттикнување на вклученоста на лицата со попреченост во сите сфери на општеството.
Во тој поглед предводи асистивната технологија, чија примена овозможува да се надмине попреченоста и лицето максимално да ги развие своите способности. Асистивната технологија игра се поголема улога во сферата на образованието, придонесувајќи лицата со попреченост да ги остварат правата на образование и пристап до информации. За ова, веројатно нема подобар и попознат пример во светот од англискиот
професор и научник Стивен Хокинг.

Извештај од истражување: Процесот на инклузија во предучилишните установи во општина Карпош

Истражувањето претставено во овој извештај се однесува на досегашните искуства во спроведување на процесот на инклузија на предучилишните установи од Општина Карпош. Истражувањето е дел од проектот „Инклузија во ран детски развој“ , спроведуван од здружението „Отворете ги прозорците“, во рамки на проектот Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа (ПРЕЦЕДЕ) кој во земјава го спроведува Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Овој проект е дел од суб-грантираните проекти во рамките на проектот ПРЕЦЕДЕ кој е финансиран од страна на Европска унија Instrument for Pre-accession Assistance (IPA) Civil Society Facility (CSF). Истражувањето се спроведе во текот на месеците мај и јуни 2016 година.

Извештај од истражување: Средните училишта во Македонија и Асистивната технологија

Во овој извештај се претставени клучните наоди, заклучоци и препораки од истражувањето за потребите од примена на асистивната технологија во наставата во средните училишта во Македонија. Податоците се однесуваат на учебната 2013/14 година.

Извештај од истражување: Средните училишта во Македонија и асистивната технологија

Во овој извештај се претставени клучните наоди, заклучоци и препораки од истражувањето за потребите од примена на асистивната технологија во наставата во средните училишта во Македонија. Податоците се однесуваат на учебната 2013/14 година. Пред истражувањето беа поставени две цели: 1) да се документира состојбата во средните училишта во поглед на примената на компјутерите како алатка за подобрување на
квалитетот на образованието на учениците со посебни образовни потреби, и 2) да се идентификуваат потребите и можностите за примена на асистивната технологија во наставниот процес.

Како да го направите компјутерот полесен за употреба Скопје

Edubuntu Linux е слободен оперативен систем базиран на Ubuntu Linux. Тој стандардно доаѓа со работната околина GNOME која што во себе содржи многу опции за пристапност. При дизајнот на секоја апликација и алатка во работната околина GNOME земени се предвид сите фактори кои би овозможиле зголемена пристапност и употребливост за сите корисници. Благодарение на посебните алатки достапни во оваа работна околина, на лицата со хендикеп (на пр. со оштетувања на видот, моторни нарушувања, интелектуална попреченост) им е овозможено да го користат овој оперативен систем.
Овие посебни алатки овозможуваат да го прилагодите изгледот и однесувањето на работната околина.

Како да го направите вашиот компјутер полесен за употреба

Во минатите три децении компјутерската технологија го смени начинот на кој ние работиме, учиме и комуницираме. Новата технологија ја отвори вратата на иновациите во секое поле на човековата работа, збогатувајќи ги нашите животи со нови можности. Компјутерската технологија е моќно средство за секоја индивидуа со различни потешкотии и оштетувања. Пристапната технологија ги прави компјутерите поудобни и полесни за работа.

Како до интегрирано образование во Република Македонија

Интегрирањето и инклузијата во образовниот процес се покажа како голем
предизвик кој требаше да помогне во поголемо заемно запoзнавање помеѓу
заедниците. Но, заради избегнување конфликтни ситуации помеѓу ученици
од различни етнички групи, образовниот систем претpпе сегрегација која
многу години беше манифестно или латентно поддржувана, со цел да се
избегнат конфликтни ситуации помеѓу учениците од различни етнички групи.
Речиси една деценија по усвојувањето на Охридскиот рамковен договор, се
пројави признание за потфрлањето на образовниот систем во поглед на
р а з в и в ање то н а о пште с т в е н а т а кохе з и ј а п оме ѓ у к у л т у р н о
диверзифицираните групи.
Сепак, голем е придонесот на меѓународните организации во полето на
интегрираното образование, меѓутоа институциите од централната и од
локалната власт треба да креираат политики и програми со цел да се овозможи
позитивна интеракција помеѓу учениците од различни етнички заедници.
Целта на ова истражување е да се анализира што досега е постигнато во
полето на меѓуетничкото интегрирање на учениците во образованието преку
анализа на досегашните студии поврзани со оваа проблематика и преку
директно теренско истражување со интервјуа реализирани со релевантни
институции од централната и од локалната власт и невладините организации.

Како до интегрирано образование во Република Македонија?

Интегрирањето и инклузијата во образовниот процес се покажа како голем предизвик кој требаше да помогне во поголемо заемно запoзнавање помеѓу заедниците. Но, заради избегнување конфликтни ситуации помеѓу ученици од различни етнички групи, образовниот систем претpпе сегрегација која многу години беше манифестно или латентно поддржувана, со цел да се избегнат конфликтни ситуации помеѓу учениците од различни етнички групи.

Како до интегрирано образование во Република Македонија?

Културната различност во Република Македонија е вградена во темелните одредби на државноста, а нејзината заштита и промоција е поттикната и со процесите на интегрирање на земјата во Европската Унија и во НАТО. Почитувањето на правата на различните етнички групи е гарантирано со Уставот и со законите на Република Македонија. Гледано низ призмата на демографијата, различностите можат да се користат како предност за Република Македонија. Сепак, општествената интеграција и инклузија се покажаа како предизвик за Република Македонија, која по една деценија постоење како независна држава беше втурната во етнички конфликт помеѓу двете најголеми етнички заедници, македонската и албанската, кој заврши со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и промени во уставното уредување и легислативата во поглед на правата на немнозинските заедници во државата.

Капитулација, конфузија, отпор – Социјален капитал на македонскиот средношколец

Младински образовен форум Оваа студија нуди анализа на младинските политики во Македонија и перцепциите на средношколците во земјата за нивниот социјален капитал. Публикацијата цели да ја утврди и промовира позицијата на средношколците во научниот и политичкиот дискурс, за мислењата на учениците да бидат чуени и земени предвид од институциите, а препораките од епириската судрија ќе бидат земени предвид од релевантните чинители.

Корупција во високо образование, Анализа со посебен осврт на работата на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје

Оваа публикација е анализа на корупцијата во високото образование со посебен осврт на работата на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Анализата се состои од обработка на видовите корупција во високо образование, како и обработка на прашања добиени од одговори на барања за пристап до информации од слободен карактер до државните институции кои се надлежни за корупција. Публикацијата се состои од анализа на законите кои регулираат корупција, како и анализа на медиумски објави поврзани со корупција во високото образование. Автор: Александра Живковиќ Консултанти: Проф. Д-р Димитар Гелев Изданието е поддржано од : Фондација отворено општество Македонија и УСАИД Изданието е достапно и на англиски јазик.

Manual për lirinë e shprehjes: aspekte juridike

Manuali që është para jush, është një mjet i cili duhet t’ju shërbejë lexuesve, më saktësisht studentëve të gazetarisë, organizatave joqeveritare, si dhe gazetarëve profesionistë të njihen me standardet juridike të lirisë së shprehjes.
Për më tepër, ky Manual duhet të përdoret si mekanizëm në kuadër të trajnimeve të studentëve të gazetarisë dhe gazetarëve të rinj në vendin tonë. Marrë në përgjithësi, iniciativa për hartimin e një Manuali të këtillë pikënisjen e ka në nevojën e sigurimit të një mjedisi të kualifikuar për gazetari investigative, që mbështetet mbi standardet e
njohura universale.

Memory Walk – Прирачник за професори

Прирачникот за професори Memory Walk е еден од клучните наставни алатки развиени во рамките на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Поуки за сегашноста“. Проектот е инициран во 2015 година од страна на Куќата Ана Франк, во соработка со локалните партнерски организации од: Хрватска (Хрватска Едукацијска и Развојна Мрежа за Еволуцију Споразумијевања – ХЕРМЕС), Босна и Херцеговина (Youth Initiative for Human Rights ¬ YIHR и /Humanity in Action – HIA), Србија (Отворена Комуникација – ОК) и Македонија (Младински образовен форум – МОФ). Авторски тим: Координатори: Лаура Бурхоут (Куќата на Ана Франк / Универзитет на Амстердам), Др Маја Ненадовиќ (Куќатан на Ана Франк) Коавтори: Родољуб Јовановиќ (Универзитет на Амстердам) Борис Миковиќ (О.К.), Твртко Патер (ХЕРМЕС), Ваутер Ритсема (професор по историја / Куќата на Ана Франк), Сања Стефановиќ (Младински образовен форум) Рецензенти: Бериван Дриел Ивана Габалова Сенада Јусиќ Ида Љубиќ др Николас Мол

Младинска вклученост во креитањето на локалните политики

Кога говориме за младинските политики постојат повеќе дефиниции што даваат
објаснување на концептот на младинската политика. Во основата, младинската политика е
меѓусекторска политика и ги опфаќа сите одлуки и мерки што влијаат на условите за младите
луѓе во голем број на различни области, како што се вработувањето, образованието,
здравството, домувањето, слободното време, културата и влијанието. Многу е важно да се
наспомене дека младинската политика е стратегија што ја спроведуваат јавните власти со цел
да им се даде на младите луѓе можности и искуства со кои ќе се поддржи нивната успешна
интеграција во општеството и ќе им овозможуваат да станат активни и одговорни членови на
нивните општества, како и носители на промените.

Младинските перспективи низ процесот на истражување

Содржина: Оваа публикација е збирка на резултатите спроведени од спроведените истражувања во рамки на Академијата за млади истражувачи 2013. Во нив се обработени широк спектар на теми од областа на човековите права, работнички права и синдикати, студентски организации, културолошки вредности, политичка партиципација преку социјални медиуми, насилство помеѓу млади, инволвираност во локалната заедница и други.

Младите одлучуваат! Развој на локални младински совети

Публикацијата опфаќа прашања од интерес на младите а посебно поврзани со разојвот на локалните младински совети како форма на младинско учество. Публикацијата ги сумира искуствата од развојот на локални младински совети во: Центар, Чаир, Тетово, Липково, Велес, Кратово, Неготино, Битола, Кичево, Струга, Дебар и Делчево, Публикацијата опфаќа и поглавја за механизмите за унапредување на учеството на младите, младинското учество на европско ниво, национално младинско организирање, младинска работа и волонтерство. Публикацијата е издадена со поддршка на Европската унија. Автори: Бранкица Георгиевска, Маја Петровска, Дејан Ристов, Валерија Соколова, Емилија Андонова, Гоце Љубиноски, Арбен Ристеми, Флорим Реџепи, Марија Мерковска, Славица Јовческа Соработници: Стефан Маневски, Марјан Забрчанец, Дона Костуранова, Марија Мирчевска Уредници: Сања Божовиќ, Моника Божиноска, Матеј Маневски Година на издавање: 2015 Публикацијата е достапна на македонски, албански и англиски.

Младите помеѓу политичката дихотомија (со арт експресија) за надминување на говорот на омраза

Презентација во Општина Куманово пред директори и стручни соработници на сите 5 средни училишта

Мобилност на студенти и академски кадар од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“

Публикацијата дава осврт на дефиницијата на академска мобилност како и улогата на академската мобилност во Болоњскиот процес. Опфаќа и статистички преглед на академската мобилност како и придобивки од истата. Автори: Моника Божиновска, Огнен Јакасановски, Марија Мирчевска Помлад истражувач: Самет Шабани Лектор: Симона Груевска – Маџоска Поддржано од Фондација Отворено Општество Македонија.

Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт

Анализата на истражување „Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт“ е издадена во јануари 2018. Анализата го опфаќа периодот на работа на Агенцијата 2014 – 2016 година. Публикацијата е изработена на македонски и албански јазик. Автори: Мартина Илиевска, Александра Филипова, Петар Барлаковски Истражувањето и публикацијата се креирани во рамки на проектот „Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт“ реализиран од страна на Младински образовен форум. Проектот е поддржан од проектот “Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, имплементиран од “Фондација Отворено општество – Македонија” (ФООМ) и “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии”, и е финансиски поддржан од Европската унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015.

Мрежно мерење во Република Македонија, можност, перспективи, примери – како до почиста енергија?

Секторот на обновливи извори во Македонија (ОИЕ)1 е на самиот почеток од развојот. Освен потенцијалите кои ги нуди за добивање електрична енергија, кои не се занемраливи, тука се и можностите за економски развој и зголемувањето на работните места. Постојат многу механизми во денешно време за искористување на потенцијалот понуден од сонцето, ветерот, термалните води итн., и фокусот, освен што е ставен на
нивното користење, е ставен и на осознавањето на нивната економска исплатливост.

Насилство кај средношколците

Публикацијата опфаќа теоретска содржина на поимот насилство, типологија и факторите кои водат до насилство. Се дава анализа на насилството во Македонија, евидентирани случаи на насилство од страна на надлежните институции, регулирање на насилството во македонското законодавство, како и сумација на претходни истражувањата во Македонија на оваа тема.

National report for Macedonia from the research “Youth and Media”

The analyses of this research shows information on media literacy of youth in Macedonia, overview on the accessibility and usage of media by youth and the content they create.

NATO Student Simulation: NATO after the Wales Summit Challenges and Perspectives

The Euro-Atlantic Council of Macedonia (ATA Macedonia) is a non-governmental organization which covers specific strategic area for the Republic of Macedonia such as the euro-atlantic integrations and promotion of the euro-atlantic idea and values in our society. In order to affirm the political consensus that dominates on this issue and is of state interest for the Republic of Macedonia, EACM unites people from diverse ethnic, political, intellectual and business profile. Being the leading actor in the country for more than 10 years, the Euro-Atlantic Council of Macedonia is actively involved in the integration of the Republic of Macedonia in the Alliance.

Национален извештај за Македонија од истражување „Млади и медиуми“

Анализата на ова истражување дава преглед на инфомрации за медиумската писменост на младите во Македонија, преглед на пристапноста и искористеноста на медиумите од страна на младите и содржините кои тие ги креираат.

Не говор на омраза

Видео клип кој е направен од страна на СППМД за време на проектот Hate Fighters Work Plan 2016 кој е финансиран од страна на
European Youth Foundation, Council of Europe
Овој клип произлезе од страна на младите кој учествуваа на креативната работилница за Hip – Hop .

Неформалното образование во Република Македонија: состојби и перспективи

Неформалното образование (НФО) во голема мерка го има поминато својот пат на признавање, валидација, верифицирање и прифаќање во земјите членки на Европската унија, и пошироко во светот. Тоа е составен дел од образовниот циклус во животот на еден човек, и добива своја валидација во професионалниот дел од неговиот/нејзиниот живот. Ова особено претставува точна констатација за таканаречените стари демократии и за „старите земји членки“ на ЕУ, пред источното проширување на ЕУ. Истражувањето во рамките на проектот „Препознавање и афирмација на неформалното образование во Република Македонија“  воглавно се однесува на истражување и анализа на развојот на политиките и практиките во сферата на неформалното образование во Европа, како и анализа на состојбата и практиките кои веќе се развиени и постојат во доменот на НФО кај граѓанскиот сектор, македонскиот контекст и моментален статус на НФО и улогата на невладиниот сектор, како чинител во НФО.

НОВИНАРСКА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИJА: МЛАДИТЕ ОД КУМАНОВО И СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Младите од Куманово и Старо Нагоричане сакаат да се вклучат во донесувањето на одлуки на локално ниво, сакаат да ги кажат своите предлози, идеи и решенија за проблемите со кои се соочуваат.

Различни се потребите на младите од двете општини со оглед на фактот што едната Куманово е урбана средина со скоро 120.000 жители и втората е рурална општина со само 3.500 жители.

Но, заеднички им се визиите за убаво пристојно живеење во кое младиот човек ќе ги има сите потреби за градење на иднината во својата локална заедница.

Недостигаат многу работи од културни центри, до места за дружење, спортска и забавна инфраструктура, па сè до покрупни стратегии кои го решаваат нивниот горлив проблем со невработеноста.

Nxënësit e shkollave të mesme dilemat dhe problemet

Од младите за младите: перспективи за општествени предизвици

Студентската пракса претставува еден од круцијалните моменти во процесот на студирање. Како таква, таа треба да го олеснува преминот на студентот од пасивен конзумер на информации во активен, свесен и одговорен студент, кој работејќи на практични проблеми, придонесува кон својот индивидуален развој како и кон развојот на организациите/институциите во кои ја извршува праксата.

Отплеткување на дебатата: Олабавување на тензијата помеѓу неформалното и формалното образование

Публикацијата ги содржи резултатите од истражување за тоа како дебатата влијае врз средношколците кои ја практикуваат како дел од неформалното образование. Истражувањето е спроведено во 4 земји од регионот – Словенија, Хрватска, Романија и Македонија.

Пакет за прва помош – Студентски прирачник за истажување на корупцијата во високото образование

Публикацијата Пакет за прва помош – Студентски прирачник за истажување на корупцијата во високото образование е водич за студентските организации, невладините организации,студентските активисти и сите оние кои се заинтересирани за проблемите во високото образование и таа образложува различни методи за истражување и мониторинг на високото образование.

Përdorimi i teknologjisë ndihmëse në arsimin e rregullt në Maqedoni dhe Austri

Pasqyra e praktikave të mira ofron një pjesë të arritjeve dhe përvojave pozitive lidhur me përdorimin e teknologjisë ndihmëse nga ana e fëmijëve me aftësi të kufizuara në arsimin e rregullt në Maqedoni. Ky publikim përmban të dhëna statistikore dhe konstatime që konfirmojnë mundësitë më të mira të arsimit për fëmijët me aftësi të kufizuara. Me raste individuale lexuesve u ofrohet mundësia të fitojnë një pamje të qartë lidhur me përparimin dhe zhvillimin individual të nxënësve.

Përdorimi i teknologjisë ndihmëse në arsimin e rregullta në Maqedoni dhe Austri

Pasqyra e praktikave të mira ofron një pjesë të arritjeve dhe përvojave pozitive lidhur me përdorimin e teknologjisë ndihmëse nga ana e fëmijëve me aftësi të kufizuara në arsimin e rregullt në Maqedoni. Ky publikim përmban të dhëna statistikore dhe konstatime që konfirmojnë mundësitë më të mira të arsimit për fëmijët me aftësi të kufizuara. Me raste individuale lexuesve u ofrohet mundësia të fitojnë një pamje të qartë lidhur me përparimin dhe zhvillimin individual të nxënësve. Drejtimet e aktiviteteve të ardhshme janë paraqitur me disa shembuj të një austriake: leksionet austriake mund të ndihmojnë për të arritur rezultate më të mira në Maqedoni. Kjo pasqyrë hedh dritë mbi dispozitat e teknologjisë ndihmëse të Konventës së KB mbi të drejtat e personave me aftësi të kufizuara dhe Agjendës digjitale të bashkimit Evropian.

Përvoja e personave me kufizime nga pjesëmarrja në procesin zgjedhor në Maqedoni – Raport nga fokus grupet e realizuara –

Pas përfundimit të zgjedhjeve të parakohshme parlamentare që u mbajtën më 11 dhjetor 2016, ekipi i projektit të “Hapni dritaret” realizoi katër fokus grupe me personat me tip të ndryshëm të kufizimeve: kufizime intelektuale, të dëgjuarit e dëmtuar, shikim i dëmtuar dhe kufizime trupore. Qëllimi i këtij mini-hulumtimi ishte të fitohen informata për përvojat e personave me kufizime lidhur me pjesëmarrjen e tyre në procesin zgjedhor, si dhe të përmblidhen mendimet e tyre për përmirësimin e mundshëm të inkluzivitetit në zgjedhje.

Поимник на финансиски термини

Поимникот на финансиски термини е изработен во рамки на Проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки“. Истиот опфаќа вкупно 120 финансиски термини, распоредени во неколку области.

Потребата од менување правни акти во насока на воведување тело за заштита од дискриминација на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј ” – Скопје

Оваа публикација се состои од анализа на правните акти кои регулираат дискриминација во високото образование. Преку барања за пристап до информации од јавен карактер поднесени до надлежните институции за дискриминација и сумацијата на добиените одговори, се дава осврт на застапеноста на органите при Универзитетот во насока на решавање на случаевите со дискриминација. Публикацијата е во насока на воспоставување на тело кое ќе е надлежно за дискриминација при Универзитетот. Автори: Александра Филипова, Александра Живковиќ Лектура: Конгресен сервисен центар Поддржано од Вестминистер Фондација за демократија и УСАИД

Правното образование во РМ во периодот од 2003 до 2013 година – Анализа на реформите кои (не) го унапредија правното образование

Документот пред вас содржи опис и анализа на правното образование во Р.М. од 2003 до 2013 година, период во кој суштински се промени начинот на кој што се студира право на високообразовните институции во РМ. Правното образование1 како систем за образование и стручно оспособување на идните правни професионалци е од големо значење за правниот систем за воспоставување на општество во кое се почитува начелото на владеењето на правото.

Правосудство и темелни права

Оваа збирка е резултат на грантовата шема спроведена во рамките на проектот „Мрежа 23“, финансиран од Европската Унија, преку Програмата за поддршка на граѓанското општество и од Кралството Холандија, преку програмата МАТРА. Грантовите беа доделени по пат на јавен оглас, врз основа на утврдени критериуми. Основната цел беше да се даде релевантен придонес на граѓанските организации во    следењето  и во евалуацијата на политиките кои се опфатени со Поглавјето 23 од пристапувањето во Европската Унија – правосудство и темелни права. Во рамките на проектот беа спроведени активности за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за придонес во следењето и во евалуацијата на политиките, заснован врз докази и аргументи. За таа цел, беше изготвена методологија за следење и евалуација на политиките од Поглавјето 23, беа одржани обуки, a беше овозможено и менторство при подготовката на документите на јавна политика.

Правото на образование на децата Роми со посебен фокус на девојчињата Ромки

Извештаите и истражувањата на повеќето меѓународни и домашни организации и институции во земјава покажуваат дека постои разлика во нивото на образование и на писменост помеѓу ромската заедница и останатата популација. Јазот во писменостa кај возрасните Роми и кај оние што не се Роми е голем. Овој јаз е уште поголем кај ромските и кај неромските жени. Според индексот за ромската вклученост, спроведен преку истражување на неколку меѓународни организации, разликата помеѓу ромските и неромските деца во Република Македонија(Р.М.) кои запишуваат основно образование е 23%, додека кај девојчињата оваа разлика изнесува 32%. Разликата во продолжувањето на средното образование помеѓу ромските и неромски ученици општо, изнесува 43%, додека разликата помеѓу ромските и неромските девојчиња е дури 53%.2
Најголем број рани бракови има меѓу ромските деца, особено кај девојчињата кои најчесто рано го напуштаат средното, па дури и основното училиште.

Предизвици на младите: Остварување и заштита на правата

Оваа публикација се состои од студија на случај. Анализата е поделена во категории: средно образование, високо образование и млади и комуникација со институции. Случаите се преземени од Советодавниот сервис за млади, веб сајт на кој младите можеа да постават прашање и да добијат одговор и/или правен совет.

Предлог за итни демократски реформи

Овој документ претставува заеднички потфат на група граѓански организации и е резултат на синергија и соработка помеѓу нив, научни работници и експерти (прилог 1). Ваквиот заеднички потфат е одговор на актуелната политичка криза, назадувањето на демократските стандарди и во владеењето на правото и губењето на кредибилитетот на институциите. Документот е комплементарен со заложбите на движењето „#Протестирам/Шарена ре- волуција“ во барањата за итни демократски реформи и за вклучување независни прет- ставници на граѓанското општество во тој процес.

Преглед на добри практики : Скопје, мај 2015 година Примена на асистивната технологија во редовното образование во Македонија и Австрија

Ова истражуваење се однесува на искуствата на 31 редовно основно училиште во Македонија кои применуваат асистивна технологија во наставата. Воведувањето и примената на асистивната технологија беше овозможено во рамките на Проектот за е пристапно образование, спроведуван во периодот февруари 2010 – јуни 2015 година.

Препораки за нов модел на студентско организирање во рамки на Законот за високо образование

Во текот на октомври – ноември 2017 година МОФ спроведе 4 консултации за нов модел на студентско организирање на 4 универзитети. Активностите се финансирани и се спроведуваат во партнерство со Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Примена на асистивна технологија во 31 редовно основно училиште во Македонија

Истражувањето претставено во овој извештај ги прикажува искуствата на 31 редовно основно училиште од Македонија кои користат асистивна технологија во наставата. Воведувањето и употребата на асистивна технологија беше овозможено од Проектот за е-пристаппно образование на УСАИД, спроведен од здружението Отворете ги прозорците во периодот февруари 2010 – јуни 2015 година. Истражувањето дава приказ на три главни прашања: примената, релевантностa (во однос на потребите) и квалитетот на процесот на воведување и употреба на асистивна технологија. Наодите и заклучоците се основа за изведување препораки за натамошно проширување на примената на асистивната технологија во редовното основно образование.

Примена на асистивната тенологија во редовното образование во Македонија и Австрија

Технологијата го олеснува животот на сите луѓе. Асистивната технологија станува сѐ позначајна алатка за вклучување на лицата со попреченост во современиот дигитален свет, заснован на знаење и информации.
Во образованието, асистивните решенија претставуваат значаен ресурс што ги подобрува образовните можности на децата и младите со попреченост. Многу земји располагаат со богато искуство што потврдува дека технологијата има потенцијал за позитивна улога во инклузивното образование. Во Македонија, овие искуства честопати ги поврзуваме со развиените, богати земји кои можат да си дозволат врвна и скапа технологија.

Прирачник за адвокатски вештини за одбрана во кривичната постапка

За многу луѓе адвокатските кривични случаи се чинат дека се едноставни. Одредбите како кражба, провала и убиство се очигледни дури и за лаици и се чини многу очигледно што е она што може да биде во корист на клиентот а што не. Сепак, бранењето клиент не се состои само во одење на суд, поставување неколку прашања и надеж дека најдоброто ќе се случи. Влогот е голем во кривичните случаи и честопати целокупното постоење на клиентот зависи од резултатот од судењето.

Прирачник за наставници: употреба на информатичката технологија во училиштата за децата со посебни потреби

Пред Вас се наоѓа прирачник кој ќе Ви помогне на полесен начин да ја имплементирате информатичката технологија во секојдневната работа со ученици со посебни образовни потреби. Идејата за создавање на оваа публикација потекнува од предизвиците на кои наидувате во Вашата работа. Нашето досегашно искуство покажа дека учениците со посебни образовни потреби со употребата на компјутерот како алатка на многу поедноставен, посликовит и поинтересен начин ги стекнуваат знаењата.

Прирачник за обука на медијатори за обновување на знаењата за медитација

Институтот за европска политика го спроведе проектот „Поддршка за унапредување на имплементацијата на медијацијата во Република Македонија“, чиј корисник е Министерството за правда. Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, во рамките на програмата МАТРА.Програмата за обуката беше презентирана во 9 сесии. Програмата ги содржеше следните генерални теми: Постапка замедијација – комуникациски вештини и целта на комуникацијата во медијацијата; Вештини кои треба да ги поседува медијаторот; Модели на медијација; Предности на медијацијата сокомедијатор и можни процедури; Категории на полномошници во постапката за медијација (адвокати, бранители и други предвидени лица) и нивната улога; Несоодветен начин на комуникација; Видови на поставување прашања во фазата на преговори; Начини на завршување на постапката за медијација; Видови спогодби и начинот на известување на надлежните органи коишто ги упатиле страните на медијација.

Прирачник за основна обука за користење на информатичка технологија за лица со оштетен вид

Добредојде во воведната обука за информатичка технологија. Се надеваме дека по посетувањето на оваа обука ќе сватите колку можат да постигнат лицата со оштетен вид доколку научат да користат компјутер и доколку стекнат основни вештини од информатичката технологија. Оваа обука има цел поблиску да ве запознае со компјутерот како секојдневна алатка која може да ви помогне за многу задачи, како на пример пишување документи, испраќање електронска пошта или наоѓање информации на интернет.

Прирачник за основна обука за користење на информатичка технологија за лица со оштетен вид

Нашата цел е да им овозможиме на сервисните служби за Информатичка технологија соодветни информации за обуки достапни за лица со оштетен вид и да ве охрабриме активно да ги промовирате вашите обуки и за овие лица. Се надеваме дека овој прирачник ќе послужи како добар извор за корисни информации.

Прирачник за реинтеграција на Роми-повратници

Овој прирачник е наменет за Роми-повратници од западноевропските или други земји, во кои престојувале како баратели на азил или економски мигранти, во Република Македонија. Тој нуди едноставни насоки и основни информации на повратниците за можностите и поддршката што можат да ја добијат од јавните институции, граѓански организации и други чинители за полесно да се вклучат во животот на заедницата.

Прирачник за слобода на изразување правни аспекти

Прирачников што е пред вас претставува средство кое треба да им послужи на читателите, поточно на студентите по новинарство, на невладините организации, како и на професионалните новинари, кои, со негова помош имаат можност да се запознаат со правните стандарди на слободата на изразување. До-
полнително, прирачников треба да биде употребуван како алатка во рамки на обуките на студентите по новинарство и на младите новинари во нашата земја.

Работата и функционалноста на студентските парламенти при факултетите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”

Публикацијата има за цел збогатување на научната мисла во областа на заштитата на студентските права во нашата земја, развивање на демократските капацитети кај членовите на академската заедница и обезбедување плурализам на студентските претставнички тела во Македонија. Публикацијата содржи анализа на документите за сите парламенти при факултети, а овие документи се извадени од Централниот Регистар на Република Македонија. Автори: Деа Здравковска, Петар Барлаковски Уредници: Сања Божовиќ, Александра Живковиќ Лектор: Симона Груевска – Маџовска Поддржано од Фондација Отворено Општество Македонија и УСАИД.

Raport nga hulumtimi: Shkollat e mesme në maqedoni dhe teknologjia asistuese

Hulumtimi i nevojave të shkollave të mesme për teknologji informatike asistuese zbatohet për herë të parë në Maqedoni. Mundimet afatgjata të autoriteteve arsimore për krijim të sistemit modern dhe inkluziv arsimor, duke e përfshirë arsimin e mesëm, i sigurojnë parakushtet e nevojshme për zbatimin e teknologjisë asistuese në mësimdhënie.

Raport nga hulumtimi: Shkollat e mesme në Maqedoni dhe teknologjia asistuese

Në këtë raport janë paraqitur gjetjet kyçe, përfundimet dhe rekomandimet nga hulumtimi për nevojat e zbatimit të teknologjisë asistuese në mësim në shkollat e mesme në Maqedoni. Të dhënat sillen për vitin shkollor 2013/14.
Para hulumtimit ishin vendosur dy qëllime: 1) të dokumentohet gjendja në shkollat e mesme në pikëpamje të aplikimit të kompjuterëve si vegël për përmirësim të cilësisë së arsimit të nxënësve me nevoja të veçanta arsmiore, dhe 2) të identifikohen nevojat dhe mundësitë për aplikim të teknologjisë asistuese në procesin mësimor.

Решете го спорот – да , со медитација!

Проектот „Поддршка за унапредување на имплементацијата на медијацијата во Македонија“, беше спроведен во периодот декември 2012 година – јули 2013 година. Негова општа цел беше да се придонесе за унапредување на спроведувањето на медијацијата во граѓански и во стопански спорови во Република Македонија. Негова конкретна цел беше да се помогне на Министерството за правда да воспостави солидна среднорочна рамка за унапредено спроведување на медијацијата, врз основа на сеопфатна проценка на недостатоците на постојниот систем. Непосреден корисник беше Министерството за правда на Република Македонија.

Roli i teknologjisë asistive në procesin e individualizimit të mësimit në shkollat inkluzive

Para jush gjendet doracaku për vlerësimin e nevojave të teknologjisë ndihmëse në shkollat inkluzive. Ideja e krijimit të një doracaku të tillë, rezultoi nga situata aktuale dhe nevojat në arsimin tonë. Përfshirja dhe kompjuterizimi
i mësimit janë procese që zhvillohen në sistemin tonë arsimor. Procese që përfshijnë nxënësit me nevoja të veçanta arsimore. Detyrë e secilit prej nesh është që të kontribuojmë në krijimin e kushteve më të mira për zhvillimin e procesit mësimor që ai të zhvillohet pa pengesa, sepse ajo është detyrë parësore e tyre.

Сакам дома да живеам

„Последниот студент нека го изгаси светлото на аеродром“ беше еден од многу транспаренти кои можеа да се видат на улиците на Скопје и други градови во Македонија за време на студентските, средношколските и граѓанските протести во 2014, 2015 и 2016 година. Иако младите во Македонија традиционално беа оценувани како апатични и недоволно општествено ангажирани1 Лешоска, Малеска, Коруновска, Коруновска, Здравев, Димчевски, Малески, 2016), поинаква тенденција можеше да се забележи во во Македонија во последните три години, следејќи го процесот на студентското, или поточно срочено, младинското будење, предводено од Студентскиот, а консеквентно и Средношколскиот пленум кои пркосеа на верувањето дека младите во Македонија се пасивни. Од друга страна, младинската ангажираност изразена преку овие движења зборува за незадоволството кое постои кај значителен дел од младите; првенствено од обрaзовниот систем, но не единствено. Пленумите иако се концентрираа главно со проблемите на образовниот систем, во нивниот фокус е и животниот стандард на студентите, владините младински политики (или непостоењето на истите) и економскиот просперитет за младиот човек во Македонија.

Sfidat për të rinjtë: Realizimi dhe mbrojtja e të drejtaue

Што е средношколско учество?

Што значи младинско и средношколско учество? Зошто е важно? Што е училишна заедница? Дали ги знаеш твоите права како ученик? Сe уште мислиш дека не можеш ништо да сториш?

Стратегија за млади претприемачи од немнозински етнички заедници

Претприемништвото се препознава како една од најважните проблематики на модерната економија; меѓутоа, истовремено тоа е познато и како една од најсложените области. Стратегијата за млади претприемачи има за цел да ja зголеми самодовербата за претприемачките потфати на сите граѓани при што ќе ги оспособи да имаат целосна и ефективна улога во идниот развој на економијата и заедницата. Претприемаштвото претставува начин на размислување и однесување; се работи за идентификување на можностите, составување тим, обезбедување ресурси, како да се биде позитивен, како да се преземаат ризици и како да се создава подобра иднина.

Студентот како носител на општествените промени – Истражување за конформизмот, граѓанска одговорност и локус на контрола кај студентите

Публикацијата дава теоретска анализа на конформизмот, верувањето во лична контрола и граѓанска одговорност. Дава осврт на претходно спроведени истражувањата од истата област и ги презентира добиените резултати за поврзаност помеѓу нивото на конформизам, граѓанска одговорност и личната контрола кај студентите, како и резултати за разликата во конформизмот, верување во лична контрола и граѓанска одговорност кај студентите кои членуваат во граѓанска организација и оние кои не членуваат. Автор: Јована Наумоска Ментор: Моника Божиновска Лектор: Симона Груевска – Маџовска Поддржано од Фондација Отворено Општество Македонија

Студентски дилеми и проблеми

Целите на публикацијата се да се обезбедат систематизирани информации за правата и слободите на средношколците, студентите и младите, подигање на свесноста за заштитата на младинските права и слободи, премостување на границите помеѓу младите и институциите и зајакнување на капацитетите на младите.

Студентските правобранители како механизам за заштита на правата на студентите на државните Универзитети во Македонија

Во публикацијата се дава осврт на развојот на студентските правобранители во високото образование во Македонија. Понатаму, публикацијата содржи анализа на правните акти на студентските правобранители на петте државни универзитети во Македонија. Овие правни акти се добиени од Централен регистар на Република Македонија и преку барања за пристап до информации од јавен карактер. Покрај студентските правобранители, се истакнуваат и другите начини на заштита на студентските права. Автори: Ѓорѓи Рајчиновски, Сања Божовиќ, Александра Живковиќ Истражувач: Теодора Новеска Лектор: Симона Груевска – Маџоска Поддржано од Фондација Отворено Општество Македонија и УСАИД.

Студенту, ти имаш право да знаеш!

Анализата дава преглед за значењето на универзитетот, кој има статус на студент и кој е член на академската заедница. Дава осврт на етичките вредности на универзитетот, начинот на студирање, организирање на студирањето, партиципација, права на студенти и други области кои имаат за цел да го олеснат студирањето. Уредници: Александра Живковиќ, Кристина Митрова Автор: Ѓорѓи Илиевски Публикацијата е поддржана од УСАИД и ФООм.

Testimi ekstern, notimi, sfidat, dhe hapat e ardhshëm: Testim ekstern me çdo kusht?

Vënia në funksion e testimit ekstern për matjen e njouhurive të nxënësve është një ndër reformat më të diskutueshme në sistemin arsimor në Republikën e Maqedonisë për shkak të publicitetit të gjerë dhe ngjarjet në diskursin publik.

Учебник за граѓански и политички слободи и права

Учебникот за граѓански и политички слободи и права претставува плод на желбата и посветеноста на предавачите од програмата Учиме право да ги доближат правото и демократските вредности поблиску до младите. Учебникот е наменет за сите оние кои сакаат повеќе да се запознаат со принципот на владеење на правото, основните човекови слободи и права и како тие подобро да ги остваруваат во насока на нивно активно вклучување во општествениот живот. Истиот претставува основно и главно помагало во спроведувањето на неделните предавања и активности во рамките на Учиме право клубовите

Учиме право учебник (второ дополнето и изменето издание, 2006)

Овој учебник е направен за да биде помагало на членовите на Учиме право програмата. Дава осврт на правата на учениците во средните училишта, Уставот на Република Македонија, поделба на власта, Собрание на Република Македонија, создавање закони, Претседател на Република Македонија, Влада на Република Македонија, како работат судовите, Народен Правобранител, локална самоуправа, Универзална декларација за човекови права, Европска конвенција и Европски суд за човекови права. Понатаму, опфаќа човекови права и слободи и нивно објаснување, кривично право, граѓанско право.

Учиме право – Учебник за граѓански и политички слободи и права

Учебникот за граѓански и политички слободи и права претставува плод на желбата и посветеноста на предавачите од програмата Учиме право да ги доближат правото и демократските вредности поблиску до младите. Учебникот е наменет за сите оние кои сакаат повеќе да се запознаат со принципот на владеење на правото, основните човекови слободи и права и како тие подобро да ги остваруваат во насока на нивно активно вклучување во општествениот живот. Истиот претставува основно и главно помагало во спроведувањето на неделните предавања и активности во рамките на Учиме право клубовите.

Улогата на асистивната технологија во процесот на индивидуализација на наставата во инклузивните училишта

Пред Вас е прирачникот за процена на потребите од асистивна технологија во инклузивните училиште. Идејата за креирање на еден ваков прирачник произлезе од актуелните состојби и потреби во нашето
образование. Инклузијата и компјутеризацијата на наставата се процеси што се случуваат во нашиот воспитно-образовен систем. Процеси што ги вклучуваат учениците со посебни образовни потреби.
Задача на секој од нас е да придонесеме кон креирање подобри услови за беспрекорно одвивање на образованието на сите ученици, бидејќи тоа е нивно основно право.

Упатства за Глобално Образование Прирачник за наставници да го разберат и имплементираат глобалното образование

Овие Упатства за Глобално Образование се резултат на потребата изразена од мрежата на практикувачите на глобалното образование на North-South Centre (NSC) – Мрежата на Неделата на Глобалното Образование – да има заедничка алатка, изградена врз искуството стекнато од страна на мрежата и другите партнери, за поддршка на воспитувачите во разбирањето и успешното спроведување на глобалните образовни иницијативи. Преку нудење на перспективи за глобалното образование, како и на поврзани методи и критериуми за оценување – вклучувајќи и размена на практики, на алатки и ресурси – овие Упатства имаат за цел зајакнување на целокупната работа за глобалното образование.

УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ НА РОМИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА

Во оваа брошура се презентирани поединечни приказни на само неколку успешни Роми претприемачи. Некои од нив учествувале во програмата за самовработување, ги користеле мерките и успеале да создадат успешен бизнис.
Овие успешни приказни претставуваат мотив и инспирација и на останатите невработени лица и потенцијални претприемачи кои имаат идеја, за остварување на своите бизнис идеи и да започнат свој бизнис.
Само-вработувањето е успешно решение за невработеноста за значаен број на луѓе во земјата и нивниот успех, создава дополнителни можности за вработување на други лица кои се невработени, вклучувајќи ги и оние од најранливите групи во општеството.

Воведување иновативност во работењето на граѓанските организации преку социјално претприемништво

Оваа програма за учење е погодна за луѓе кои веќе имаат основни познавања од социјалното претприемништво, како и за нови учесници. Дури и да немате основно познавање, ние ви нудиме програма за учење на основните концепти кои ќе ви требаат и референциите за да го проширите знаењето.

За основите на етиката на св. Климент Охридски

Во пресрет на празникот „св. Климент Охридски“ Филозофското друштво на Македонија организираше пригодно предавање на д-р Дејан Донев (вонреден професор на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет), насловено: „За основите на етиката на св. Климент Охридски“. Настанот на отворањето беше збогатен со настап на ученици од ООУ „Љубен Лапе“ преку изведба на „Кирилица“ од Влатко Стефановски на хорот на училиштето и солистката Лара Иванова под водство на Жанета Дивјакоска Донева, како и преку рецитации на стихови на учениците Дарија Трајковска, Јована Андреева и Петар Митревски под менторство на Менче Стојановска. Предавањето се одржа во ЕУ Инфо Центарот на 7 декември 2017 година. Голема благодарност до нив за отстапениот простор, како и на ООУ „Љубен Лапе“ за уприличувањето на настанот.

Збирка резимеа на студии на грантистите

Основната цел на проектот „Мрежа 23“, што го реализираа Институтот за европска политика – Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени, е структуиран придонес на граѓанското општество во следењето и во оценувањето на политиките опфатени со Поглавјето 23 – правосудство и темелни права. Преку проектот, на транспарентен начин, беа доделени десет грантови на други граѓански организации, што спроведоа истражувања и други активности како придонес кон ефективно следење и оценување на политиките опфатени со Поглавјето 23 од пристапувањето во ЕУ.