fbpx
x
Мени

Анализа медиумски сектор МК септември 2015

Слободата на изразувањето и слободата на медиумите претставуваат камен темелник на едно демократско општество. Улогата на медиумите е да информираат. Секој има право да прима и пренесува информации без вмешување на властите. Ова право е загарантирано со сите важни меѓународни документи кои ги има ратификувано Република Македонија, како што се Универзалната декларација на Обединетите нации за
човекови права од 1948 година, Меѓународната конвенција за граѓанските и политички права од 1994 година како и Европската конвенција за заштитата на човековите права и основните слободи од 1997 година.

Анализа на известувачките рамки во медиумското покривање на теми поврзани со ЛГБТ – заедницата

Историски, македонското општество манифестира отворена нетолерантност, а Македонија како држава спроведува несомнена дискриминаторска политика кон ЛГБТ-заедницата и кон групите и поединците што ги застапуваат нивните интереси. Сукцесивни меѓународни извештаи и автохтони анализи, релевантни за утврдувањето на степенот на почитување на човековите права во овој политички контекст, ја поткрепуваат таа констатација.

Анализа на Нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги

Овој документ содржи анализа на Нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги кој беше објавен од страна на Владата на 8 април 2013 година. Станува збор за работна верзија на сеопфатен закон за медиуми кој беше подготвен зад затворени врати, без консултација на стручната јавност. Притоа, Владата воопшто не ја отвори дебата за потребата од ваков закон, земајќи предвид дека во досегашниот правен систем на РМ, освен радиодифузијата, останатите типови на медиуми и работата на новинарите никогаш не биле предмет на регулација.

Анализа на Нацрт законот за медиуми ЗНМ мај 2013

Иницијативата на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за донесување закон за медиуми е во спротивност со ставовите на Работната група на Владата на РМ и ЗНМ за подобрување на медиумската легислатива. На состанокот на Работната група, одржан на 5 декември 2011 година,
заклучено е дека сегашната медиумска легислатива ќе се надополни со Европската директива за  аудиовизуелни услуги и со препораките на Советот на Европа.

Анализа на одлуките на Советот за радиодифузија (Јануари – јули 2013)

Целта на анализата на работењето на Советот за радиодифузија (во натамошниот текст: СРД или Советот) во поглед на спроведувањето на правилата за дејствување во македонскиот медиумски простор е да се дадат насоки за можно подобрување. Ова произлегува од потребата и заложбата за доследно остварување на целта на Законот за радиодифузната дејност (во натамошниот текст: ЗРД), онака како што е определена во член 2 од овој закон.

Анализа на работењето на информативните интернет страници

Во рамките на истражувањето на интернет порталите и информативните сајтови беше изведена анализа од неколку аспекти кои вклучуваа: деск анализа фокусирана на функционалностите, типот на содржините и начинот на комуникација, теренски прашалник насочен кон утврдување на капацитетите на самите организации кои стојат зад поратилете и информативните сајтови како и нивните политики на уредување и управување со содржина, анализа на финансиската независност и длабока содржинска анализа на дел од опфатените медиуми. Во анализата беа вклучени вкупно 28 локални интернет портали и информативни сајтови, секој дел од анализата не ги вклучуваше сите сајтови.

Анализа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, постапката пред органите и комисијата, употреба на правните лекови и судска заштита преку постапките иницирани од новинари

Со законот за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер кој започна да се применува од 1 септември 2006 година се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер со кои располагаат органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на
општините во градот Скопје, јавните установи и служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес, утврдени со закон. Со овој закон се обезбедува јавност и отвореност во работењето на имателите на информации, и им се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Анкета новинари ЗНМ септември 2014

Во периодот од јуни – јули 2014 година Здружението на новинари на Македонија организираше 6 дебати во соработка со Регионалните центри на ЗНМ во Штип, Струмица, Охрид, Битола, Тетово и Куманово. На овие настани учествуваа 107 новинари, претежно претставници на регионалните и локалните медиуми како и дописници на националните радиодифузери и весници. Настаните беа организирани од Извршната канцеларија и Регионалните координатори а со времетраење од еден ден со исклучок на 1 настан во Штип кој беше дво-дневен семинар.

Авторско право и сродни права за електронски медиуми

Центарот за развој на медиуми подготви второ, дополнето и изменето издание на Прирачникот за авторското право и сродните права за електронските медиуми, објавен во 2011 година како одговор на промените во законодавството во областа на авторското право и сродните права, во медиумите и во електронските комуникации.

Бегалците во македонските кампови: неизвесност, страв и надеж за подобро утре

автор: Ана Милевска Ѓоргиевска

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас

БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА ЖРТВИ НА БЕЗУМНИТЕ ЛУЃЕ – ИНСТИТУЦИИТЕ „МРТВИ“

Ѕверски убиеното куче Идриз стана симбол на граѓанскиот бунт спрема инертноста на институциите

БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА ЖРТВИ НА БЕЗУМНИТЕ ЛУЃЕ – ИНСТИТУЦИИТЕ „МРТВИ“

Ѕверски убиеното куче Идриз стана симбол на граѓанскиот бунт спрема инертноста на институциите

Документ за јавна политика: Медиумите во изборното законодавство

Демократски избори се невозможни без медиумите. Слободните избори не значат само слобода да се гласа и да се биде гласан, туку тие се однесуваат и на партиципативниот процес во кој гласачите учествуваат во дебатата и имаат соодветни информации за партиите, кандидатите и нивните политика, како и за самиот изборен процес. Од тој аспект, медиумите ја имаат улогата на „куче – чувар“ на демократијата кој треба да озбезбеди транспарентност на изборниот процес.

Документ за јавна политика: медиумите во изборното законодавство

Значењето на медиумите за демократските избори е несомнено и не може да се потцени. Медиумите се еден од основните гаранти дека граѓаните ќе можат вистински да учествуваат во дебатата и ќе имаат соодветни информации за партиите, кандидатите и нивните политика, како и за самиот изборен процес. Медиумите се
вистинско „куче-чувар“ на демократијата и нивната улога е да обезбедат транспарентност на изборниот процес.

Документ за јавни политики : кампањи за јавно информирање на Владата и државните институции

Владата на Република Македонија неколку години по ред беше меѓу водечките, или водечки купувач на рекламен простор во медиумите во Македонија. На почетокот од јули 2015 година, Владата воведе мораториум на комерцијалното рекламирање на владините кампањи во медиумите. Владините рекламни кампањи финансирани со јавни пари претставуваа најдобар „легален“ начин за „корумпирање“ на медиумите, со цел Владата да обезбеди директно влијание врз уредувачката политика на медиумите.

Doracak për gazetarë për hulumtim dhe raportim në lidhje me furnizimet publike

Furnizimet publike ose sigurimi i mallrave, shërbimeve dhe punëve nga institucionet shtetërore, zakonisht nga ndërmarrje të sektorit privat, po bëhen gjithnjë e më të rëndësishme edhe në Maqedoni. Çdo vit institucionet shtetërore shpenzojnë përafërsisht 800 milionë euro për t’u furnizuar me mallra, shërbime dhe punë që i sigurojnë përmes proceduarve për furnizime publike. Prandaj furnizimet publike janë shumë të rëndësishme për ekonominë e përgjithshme në vend, sepse ato në prodhimtarinë e përgjithshme vendore të mallrave dhe shërbimeve (BPV) marrin pjesë me 12%.

Дотраените колекторски системи – закана за езерските води

автор: Жарко Настовски

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас

Етика во вестите – ноември 2017

Војната во Сирија и хуманитарното искушение во Алепо доведоа до мрачното потсетување во 2016-
тата дека етиката на човештвото и говорењето на вистината и понатаму се двојните столбови на
етичкото новинарство. Но, и по една година од досега невидените вести, вреди да се вратиме наназад за да побараме одговор на важното прашање – каква е иднината на етичкото новинарство во време кога се чини дека до светската јавност не допираат фактите, човечноста и одговорното говорење на вистината?

Фондација Фокус промотивно видео

Годишна анализа за промени во регулативата и саморегулацијата во медиумите во Македонија за 2016 година

Целта на оваа анализа е да обезбеди преглед на промените во законодавството и подзаконските акти, како и иницијативите на граѓанските организации и Европската унија за системски промени во медиумскиот сектор кои се релевантни за процесот на саморегулација во медиумите. Освен тоа, направен е преглед и на иницијативите за подготовка на етичка рамка како водич за подобрување на професионалното известување на медиумите, а пред се’ за јавниот радиодифузен сервис, односно Македонската радио телевизија (МРТ).

Говор на омраза во бугарските и македонските медиуми:примери, причини и решенија

Како и во секое ривалство, натпревар или кавга водени од националистички сентименти, семантиката игра важна улога во врските меѓу Македонија и Бугарија. И додека самите национални и етнички имиња не се невини, конфронтацијата меѓу двата големи наративи на Скопје и Софија може да се лоцира во интерпретацијата или, подобро, погрешната интерпретација на термините „бугарско” и „македонско” во соодветните национални контексти и вредносни системи. Ако се обидеме академски да го дисецираме значењето на двата термина, ќе можеме да видиме дека тие имаат повеќеслојни значења низ времето и просторот, значења кои не се заемно исклучиви, ниту, пак, подразбираат историска или етнонационална непомирливост.

Граѓаните и новинарите за професионалноста во медиумите

Генералната цел на овој проект е јакнење на медиумите и граѓанските организации и овозможување на амбиент за остварување на слободата на изразување и медиумскиот интегритет како клучен елемент за понатамошна поддршка на државата во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Граѓаните и новинарите за професионалноста во медиумите

Оваа публикација е дел од проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ кој е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Британската амбасада во Скопје, a го имплементираат Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права. Генералната цел на овој проект е јакнење на медиумите и граѓанските организации и овозможување на амбиент за остварување на слободата на изразување и медиумскиот интегритет како клучен елемент за понатамошна поддршка на државата во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Граѓанскиот сектор како ефикасен комуникатор – Стратегиски настап и техники за влијание

Прирачникот се фокусира на потребата и на значењето на планирање на комуникацијата во работата на граѓанските организации, што подразбира и соодветно утврдување на целните групи, пораките што ќе се упатат кон нив, како и примена на соодветните алатки и техники на комуницирање.

Прирачникот е создаден на начин што нуди практично знаење и алатки кои се, пред сè, насочени кон тоа организациите полесно и поефикасно да ја „кажат својата приказна“ и да подготват план за комуникација со јавноста.

Информативните медиуми на интернет и медиумското законодавство во Република Македонија

Појавата на интернетот придонесе за влез на многу нови играчи во областа на информирањето на јавноста за дневно-политичките настани, економските текови и други прашања од интерес за пошироката јавност. Покрај новинарите што и формално го носат таквото звање, а одбрале своето известување да го објавуваат на интернет, на сцената стапија и голем број нови играчи, како што се блогерите и граѓанските новинари. Иако самите себеси можеби не се нарекуваат новинари, тие во голем број случаи de facto се занимаваат со новинарство, сфатено првенствено како известување на јавноста за прашања од нејзин интерес.

Извештај-Показатели на степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите МК декември 2016

Овој извештај ги презентира резултатите од истражувањето спроведено во рамките на регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите”, која се спроведува од националните новинарски здруженија од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и од Србија. Главната цел на истражувањето беше да се направи базична проценка и да се обезбедат податоци за нивото на медиумските слободи и за безбедноста на новинарите кои во иднина ќе се искористат во регионалниот механизам за мониторинг и застапување за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите на локално, национално и регионално ниво.

Извештај за работата на СРД (Јануари-јули 2013)

Центарот за развој на медиуми, во периодот од 1 јануари до 30 јули 2013 година, ја следеше работата на неколку институции кои играат важна улога во сферата на медиумите. Советот за радиодифузија (СРД) е една од најважните институции која, како независно и непрофитно регулаторно тело, се грижи за обезбедување на слободата и на плурализмот во изразувањето; за постоењето разновидни, независни, професионални и самостојни медиуми; за економски и технолошки развој на дејноста и за заштита на интересите на граѓаните во радиодифузната дејност.

Извештај за состојба на слободата на изразување и судството во МК ЗНМ септември 2014

Во прилог следи кратко истражување во форма на документ за јавна политика кое се базира на забелешките за работата на судовите и на медиумите од повеќе институции кои се групирани во три дела и тоа: интернационални политички организации и интернационални граѓански организации, локални јавни и граѓански организации.

Извештај за состојбата на онлајн медиумите во Македонија

За поимот „онлајн“ или „нови медиуми» постојат неколку дефиниции. Повеќето технологии карактеризирани како нови медиуми се дигитални и често имаат карактеристики на манипулираност, интерактивност и вмрежување. Како неколку примери можат да се издвојат Интернетот, веб-страниците и компјутерската мултимедија. Според Лев Манович, под поимот нови медиуми не се подразбираат телевизиските програми, филмови, книги, весници или други печатени изданија кои имаат содржини
кои не дозволуваат интеракција. Тој вели дека дефинициите за новите медиуми мора да бидат ревидирани секои две-три години, а по еден одреден период тие нема да бидат веќе „нови“.

Известување во интерес на јавноста – Заштитата на етичките принципи на известувањето низ работата на Комисијата за жалби и поплаки

Цел на оваа публикација е да понуди осврт врз почитувањето на некои од основните принципи на новинарската етика и преглед на најкарактеристичните одлуки на Комисијата за жалби.

Известувањето на медиумите за лицата со попреченост

Во медиумската сфера во Македонија во последните неколку години се случуваат големи промени. Постојано се бележи постојан пад на скалата на слободата на медиумите според оценките на релевантни и професионални меѓународни здруженија. Слободата на медиумите со години назад се наоѓа и во забелешките на Европската унија во Извештајот за напредокот на Република Македонија. Постои висока
поларизираност и меѓу електронските и меѓу печатените медиуми, според нивната наклонетост кон една или друга политичка структура.

Јавните пари во медиумскиот простор мај 2015

Состојбата во медиумскиот простор во Република Македонија е на прилично незавидно ниво во последниве неколку години. Ова го констатираат меѓународни и домашни институции кои ја следат состојбата на демократските и медиумските слободи во Македонија. Опаѓањето на слободата во медиумите, меѓу другото, се поврзува и со големиот удел на Владата во рекламирањето во медиумите, а тоа како проблем го посочуваат Европската унија, американскиот Стејт департмент, како и познатите невладини организации Фридом Хаус (Freedom House) и Репортери без граници (Reporters Without Borders).

Кинеска мудрост во долината на Радика

автор: Александар Писарев

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас

Коментари на предлог – законот за изменување и дополнување на законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Медиумите и медиумскиот сектор во целина се дел од клучните теми и области, идентификувани од македонското општество и потврдени во повеќе меѓународни документи и извештаи, што треба да се подложат на процес на темелни реформи што, од своја страна, треба да обезбедат Македонија да стане вистински демократска држава на плуралистичко и отворено општество. Реформите во медиумскиот сектор се дел и од Извештајот на Прибе и неговата група на искусни експерти, но и од листата на итни реформски приоритети подготвени од Европската комисија.

Коментари на предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Медиумите и медиумскиот сектор во целина се дел од клучните теми и области, идентификувани од македонското општество и потврдени во повеќе меѓународни документи и извештаи, што треба да се подложат на процес на темелни реформи што, од своја страна, треба да обезбедат Македонија да
стане вистински демократска држава на плуралистичко и отворено општество. Реформите во медиумскиот сектор се дел и од Извештајот на Прибе и неговата група на искусни експерти, но и од листата на итни реформски приоритети подготвени од Европската комисија.

Кон успешно лобирање и застапничка стратегија на новинарите за да се подобри ситуацијата во македонските медиуми – октомври 2017

Во периодот меѓу 2008-2017 медиумите беа под зголемен притисок на се поавторитарната влада, која
слободните медиуми и критичките медиумски организации ги сметаше за закана доколку тие не ги почитуваа и не ги поттикнуваа целите на Владата.

Лица со хендикеп – сложувалка што недостасува

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас

Лицата фантоми невидливи за државата

автор: Маја Јовановска

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас

Медиумите во македонската подзаконска регулатива

Центарот за развој на медиуми во периодот од јануари до август 2013 година спроведе сеопфатна анализа на состојбата на медиумите во подзаконските акти, односно се изврши анализа на сите аспекти со кои се задира во позицијата и работењето на медиумите. Целта на оваа анализа насловена како „Медиумите во македонската подзаконска регулатива“ е да се утврди како подзаконските акти го регулираат работењето на медиумите, односно да се идентификува начинот на кој овластените субјекти задираат во работата на медумите и извршувањето на нивната општествена функција.

Медиумска саморегулација и меѓусекторска комуникација во функционирањето на Советот за етика на медиумите на Македонија – декември 2017

Моќта и квалитетот на саморегулацијата, несомнено, зависат првенствено од тоа дали новинарите на индивидуално ниво, организации и самата индустрија ги прифаќаат етичките и про­фесионалните принципи. Медиумите и медиумските работници треба постојано да се поттикнуваат да ги почитуваат стандардите на професијата, меѓутоа, исто така, е важно и на кој начин тоа ќе се направи. За да се зборува за ефикасност на медиумската саморегулација, како механизам со кој може да се избегне претерана регулација и воведувањето нови регулаторни рестрикции на слободата на изразување и слободата на медиумите, треба
да се погледне и големата слика, односно во кои општествено, политички и економски услови таа се спроведува. Тука спаѓа и соработката меѓу повеќе чинители во општеството, заради трансформација на нивните различни интереси во активна мобилизација и ангажираност, со што би се постигнало искористување на капацитетите од секој поединечен актер.

Мониторинг: Избори 2014 – примената на медиумските одредби од Изборниот законик

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, за време на претсе­дателските и вонредните парламентарни избори 20141, спроведе мониторинг на рабо­тата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Државната изборна комисија (ДИК). Мониторинг тимот на ЦРМ, ги следеше седниците на АВМУ и на ДИК, со посебен фокус на точките кои се однесуваа на радиодифузните медиуми и изборниот процес.

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија 2009

Корупцијата е еден од клучните проблеми на Македонија, кој го поткопува владеењето на правото, ја намалува ефикасноста на јавната администрација и ја намалува довербата на граѓаните во институциите. На распространетоста на корупцијата во земјава и на сè уште неефикасната борба против неа укажуваат низа извештаи и оценки на релевантни меѓународни институции и организации (Извештај на ЕК за напредокот на РМ (2008), Годишен извештај на Стејт департментот на САД за почитувањето на човековите права во РМ
(2008), Индикаторите за владеење на Светската банка (2009) и др.).

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија 2011

Предмет на директен мониторинг беа написите за корупција објавени од 1 јануари до 31 март 2011 година, во три дневни весници („Дневник“, „Време“ и „Коха“), две телевизии кои емитуваат програма на национално ниво („А1 ТВ“ и „Алсат М“) и две телевизии кои емитуваат програма на локално ниво („Тера“ од Битола и „Ирис“ од Штип). Предмет на анализа во рамките на ова истражување се збирните резултати од мониторингот, а не резултатите на кој и да е одделен медиум. Во мониторингот беа вклучени написи кои се однесуваат на корупцијата, корупциските практики, обвинувањата и сомничењата за корупција, злоупотребата на јавни средства, како и на преземените антикорупциски мерки, активности и политики.
Мониторингот се спроведе во периодот од април до јуни 2011 година.

Мониторинг на работата на АВМУ и МРТ прв квартален извештај за 2017 година

Центарот за развој на медиуми, во рамките на своите активности, а со финансиска поддршка на програмата „Цивика мобилитас“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), редовно ја следи работата на телата задолжени за спроведување на медиумското законодавство, односно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми.

Мониторинг на работата на АВМУ и МРТ. Втор извештај за 2017 година

Центарот за развој на медиуми, во рамките на своите активности, а со финансиска поддршка на програмата „Цивика мобилитас“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), редовно ја следи работата на телата задолжени за спроведување на медиумското законодавство, односно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми.

Мониторинг на спроведувањето на медиумското законодавство, на Министерството за информатичко општество и администрација на Собранието на Република Македонија, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Македонската радиотелевизија

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во периодот јули – септември 2015 година, следејќи ја примената на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и Законот за медиуми (ЗМ), ја набљудуваше работата на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и работата на Македонската радиотелевизија (МРТ). Примената на законите главно се анализира преку влијанието што законските од-
редби го имаат врз надлежните институции и медиумите.

Мониторинг на спроведувањето на новото медиумско законодавство,на агенцијата за аудио и аудиовизуелни медимски услуги и на Македонската Радиотелевизија

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Про­ ектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, спроведува континуиран мониторинг на примената на новите медиумски закони во Република Ма­кедонија – Закон за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и Закон за ме­диуми (ЗМ). ЦРМ, едновремено, во контекст на овие закони, ја набљудува и работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), на Македонската радиотелевизија (МРТ) и на Собранието на Република Македонија. Примената на законите се мониторира од аспект на тоа какво е нивното влијание врз функционирањето и работата на медиумите и новинарите односно врз слободата на медиумите и слободата на изразување.

Национална стратегија за развој на радиодифузната дејност

Разновиден и конкурентен радиодифузен сектор кој применува нови технологии преку плуралноста на платформите во насока за креирање на платформа за размена на идеи во општеството, а со цел обезбедување слобода во изразувањето и социјална дебата и реализација на културните, информативните и едукативните потреби на разнообразното македонско општество.

Нерешениот статус на месните и урбаните заедници – пречка за ефикасна децентрализација

автор: Александар Писарев

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас

НОВИНАРСКА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИJА: МЛАДИТЕ ОД КУМАНОВО И СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Младите од Куманово и Старо Нагоричане сакаат да се вклучат во донесувањето на одлуки на локално ниво, сакаат да ги кажат своите предлози, идеи и решенија за проблемите со кои се соочуваат.

Различни се потребите на младите од двете општини со оглед на фактот што едната Куманово е урбана средина со скоро 120.000 жители и втората е рурална општина со само 3.500 жители.

Но, заеднички им се визиите за убаво пристојно живеење во кое младиот човек ќе ги има сите потреби за градење на иднината во својата локална заедница.

Недостигаат многу работи од културни центри, до места за дружење, спортска и забавна инфраструктура, па сè до покрупни стратегии кои го решаваат нивниот горлив проблем со невработеноста.

Новинарски прирачник за следење на избори 2016

Бидејќи свеста на луѓето за изборите во голема мера зависи од содржините пласирани во медиумите, новинарите мора да известуваат со факти и непристрасно за платформите и кампањите на сите вклучени политички партии и кандидати, за да може гласачот да прави разлика помеѓу нив и да носи одлуки кои се донесени врз основа на кредибилни информации.

Новинарски прирачник за следење на избори – ЗНМ март 2013

Бидејќи свеста на луѓето за изборите зависи во голема мера од содржините пласирани во медиумите,
новинарите мора да известуваат со факти и непристрасно за платформите и кампањите на сите вклучени политички партии и кандидати, за да може гласачот да прави разлика помеѓу нив и да донесе информирани одлуки.

Нужни илузии: контрола на мислата во демократските општества

Петте поглавја што следат се модифицирани верзии на петте предавања од Мејси 1988 година што ги одржав преку радиото на Канадската радиодифузна корпорација во ноември 1988 година. Овие предавања сугерираат одредени заклучоци во врска со функционирањето на најнапредните демократски системи на современата ера и особено во врска со начините преку кои мислата и разбирањето се обликуваат во интерес на домашната привилегираност.

Обука за граѓанско новинарство на МКЦ Битола и Тера ТВ

Од МРТ до независна јавносервисна радиодифузија во Македонија

Постојат бројни примери во различни земји, а и кај нас, кои покажуваат дека демократизацијата на општеството и на власта, секогаш е поттикнувана и следена од зголемен степен на слобода и еднаквост во јавната комуникација. Оваа врска е особено зајакната како последица, од една страна, на „медијализацијата“ на политиката односно на фактот дека политиката се повеќе се одвива преку медиумите, а од друга страна, како последица на технолошките промени во медиумите кои резултираат со вонредно зголемени можности за јавно комуницирање во општеството. Ваквите промени ја намалуваат разликата во комуникациската моќ меѓу власта и општеството, постојано зголемувајќи ги комуникациските можности и капацитети на граѓанинот. Оттука, како никогаш до сега, демократијата не зависела толку многу од слободарскиот капацитет на јавната комуникациска сфера.

Odnosi sa medijima – Vodič za organizacije civilnog društva

Organizacije civilnog društva (OCD) imaju manje ili više slična iskustva sa medijima i novinarima, što znači da se njihove aktivnosti, projekti i nastojanja često ignorišu, pogrešno shvataju i netačno predstavljaju. U razgovorima s predstavnicima OCD iz Slovenije i iz država Zapadnog Balkana, mogu da se čuju slične primedbe, pritužbe i strahovi u vezi medija, na primer: Mediji ne mare za rad i dobre namere OCD. Oni traže samo senzacije.

Одржливоста на медиумите во дигиталното опкружување

Појавата на интернетот во почетокот на 90-тите години од минатиот век предизвика тектонски потреси и
поместувања на медиумската сцена и на медиумскиот пазар. Глобалната мрежа, особено во својата Web 2.0 фаза, а во содејство со другите дигитални платформи, освен што го разби монополот врз известувањето и информирањето на јавноста на традиционалните медиуми, го разби и нивниот монопол врз трошењето на рекламните буџети на огласувачите.

Показатели за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите – јануари 2018

Оваа студија ја анализира во детали состојбата со слободата на говорот и слободата на медиумите во Македонија во последните три месеци од 2016 година и првите девет месеци од 2017 гoдина. Во студијата се анализира законската рамка поврзана со слободата на говорот, социоекономската положба и безбедноста на новинарите и е надополнување на минато-годишната студија на ЗНМ „Показатели за степенот на слободата на медиумите и за безбедноста на новинарите во Македонија”. Главната цел на ова второ истражување е да ги идентификува промените и да направи споредба со нивото на медиумските слободи и безбедноста на новинарите од 2016 година. Во него се идентификувани клучните проблеми и предизвици и се препорачуваат мерки што треба да се преземат за да се подобри состојбата во медиумскиот сектор во Македонија.

Порта за излез од пеколот

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас

Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија

Анализата „Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“ се осврнува кон користа и потребата од ефикасно и ефективно комуницирање на граѓанските организации со своите целни групи и пошироката јавност користејќи современи комуникациски алатки и техники. Дополнително, ги истражува капацитетите и ресурсите со кои располагаат граѓанските организации, а кои се однесуваат на дигиталните комуникации и степенот до кој тие применуваат дигитални алатки за да ги пренесат своите пораки до јавноста и целните групи.

Предлог-решенија за подзаконската регулатива во надлежност на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), континуирано и посветено работи на подобрување на правната рамка за функционирање и развивање на медиумите и медиумските слободи и права во Република Македонија. Овој документ за јавна политика, подготвен во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера, содржи предлози и препораки за обезбедување транспарентност и ефикасност во работата на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиуми (АВМУ), кои треба да бидат содржани во идниот деловник на ова регулаторно тело.

Преглед на искуства и практики од меѓународните совети за етика во медиумите

Во денешни услови, соочувајќи се со старите, но и со нови дилеми, новинарите и севкупно медиумските работници мора да бидат конзистентни во примената на етичките и професионалните стандарди, а особено во опкружувањето што е под револуционерно влијание на новите технологии. Еден од начините е преку примена на саморегулацијата, која има директно влијание врз слободата на информирањето: „медиумите се одличен механизам со кој граѓаните бараат одговорност кон јавноста и поединците. Меѓутоа, медиумите мора и самите да бидат одговорни доколку сакаат да ја задржат улогата на кучиња чувари во однос на власта и другите моќници, а токму саморегулацијата е функција што го има средишното место во тоа, поттикнувајќи ја притоа и медиумската одговорност кон публиката и зајакнувајќи го квалитетот на медиумот преку доброволни механизми, кои медиумските професионалци ги следат

Препораки за зголемување на интегритетот и професионалноста на онлајн медиумите

Македонската онлајн сфера е преплавена со информативни веб страници кои се претставуваат како медиуми. Евидентно е дека
нивото на јавното информирање во онлајн сферата е на загрижувачки ниско ниво. Како да се одделат „лажните“ од „важните“ – решението сепак е во саморегулацијата, а не во регулацијата.

Примена на законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда во судските постапки против новинари

Со влегувањето во сила на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во ноември 2012 година, се воведе граѓански-правна одговорност за клеветата и навредата со што беше регулирано прашањето на надоместокот за нанесената штета на честа или угледот на физичко или правно лице кое е засегнато од клеветничко или навредливо изразување. Една од главните цели на овој закон беше да се избегне појавата на
самоцензура кај новинарите и медиумите која произлегува од можноста новинарите кривично да одговараат за објавен критички говор кон носителите на јавни функции. Ваквиот став беше застапен во препораките на Советот на Европа и забелешките на Европската комисија изнесени во извештаите за остварениот напредок на Македонија.

Прирачник – Слобода на изразување закон за медиуми и клевета Мај 2015

Овој прирачник е создаден за да служи како придружен материјал при едукативна работилница за навреда и клевета наменета за адвокати и новинари од Јужна Европа. Тој содржи ресурси и дополнителни материјали кои ќе им помогнат на обучувачите да се подготват, а на учесниците да ги разберат темите кои ќе се дискутираат.

Прирачник за авторско право и сродни права за електронски медиуми

Радиодифузерите се должни да создаваат и емитуваат програми со уредени авторски права и сродни права – категоричен е Законот за радиодифузната дејност. Според овој закон, основен во уредувањето на дејноста на електронските медиуми, еден од принципите на кои се темелат радио и телевизиските
програми e почитување на авторското право и сродните права. Имајќи го предвид ова, радиодифузерите треба да имаат соодветни познавања од областа на авторското право и сродните права.

Прирачник за етичко известување на медиумите во Македонија и Европската унија

Овој прирачник преставува компаративна студија во која се анализа и споредува етичкото известување на медиумите во Македонија и Европската унија. Автори на овој прирачник се Д-р Марина Тунева, директор на Советот за етика во медиуми на Македонија и
М-р Фиљана Кока, новинари во МРТ.

Прирачник за етиката во новинарството

Во општествена заедница каква што е Република Македонија, мултиетничка и мултикултурна, секоја нејзина структура треба да рефлектира соодветно чувство и одговорност за функционирањето на таа заедница.
Таков треба да биде и придонесот на медиумите. Според анализите на повеќе стручни, еснафски и меѓународни организации, медиумите во Македонија во последните години се соочуваат со длабока професионална и етичка криза.

Прирачник за истражувачко новинарство

Државните институции, односно луѓето вработени во нив, преку јавните набавки, всушност, ги трошат парите што граѓаните и фирмите ги даваат преку даноците за нормално функционирање на државата. Затоа, една од главните препораки на светско ниво е при трошењето на парите на граѓаните и фирмите, односно на јавните пари – државните службеници да се однесуваат како да трошат свои лични пари. Со други зборови, едно од основните начела на јавните набавки е државните институции преку нив да го обезбедуваат најдобриот можен квалитет за износот на парите на набавката. Не се очекува да се купат најквалитетните производи, ниту пак најскапите. Треба да се настојува да се добие најдобрата вредност за потрошените пари.

Прирачник за истражувачко новинарство и пристап до информации

Истражувачкото новинарство во современите демократии е од клучно значење за остварувањето на улогата на медиумите, а воедно е и чувар на јавноста и заштитник на човековите права. Најважната задача на новинарите во демократските општества е да ги заштитуваат интересите на граѓаните. За да ја остварат
оваа задача новинарите откриваат злоупотреби на власта и на моќта на поединци и институции и на тој начин придонесуваат за одговорно и отчетно владеење, промовирајќи го јавниот интерес.

Прирачник за истражувачко новинарство и пристап до информации

Истражувачкото новинарство во современите демократии е од клучно значење за остварувањето на улогата на медиумите, а воедно е и чувар на јавноста и заштитник на човековите права. Најважната задача на новинарите во демократските општества е да ги заштитуваат интересите на граѓаните. За да ја остварат
оваа задача новинарите откриваат злоупотреби на власта и на моќта на поединци и институции и на тој начин придонесуваат за одговорно и отчетно владеење, промовирајќи го јавниот интерес.

Прирачник за клевета и навреда МК

Слободата на изразување е една од најбитните граѓански и политички слободи, од причина што оваа слобода се однесува на сите други облици на индивидуални слободи. Слободата на изразување не е битна сама по себе, по своето тесно значење, туку многу повеќе заради тоа што од нејзиното остварување зависат речиси сите други гарантирани права и слободи.

Прирачник за начинот на известување за локалните теми и истражувачко новинарство

Јавните набавки или обезбедувањето стоки, услуги и работи од страна на државните институции, најчесто од
фирми од приватниот сектор, стануваат сè поважни и во Македонија. Годишно, државните институции трошат близу 800 милиони евра за набавка на стоки, услуги и работи кои ги обезбедуваат преку постапките за јавни набавки. Оттука, јавните набавки се многу важни за вкупната економија на земјата, бидејќи учествуваат со дури 12% во вкупното домашно производство на стоки и услуги (БДП).

Прирачник за новинари за истражување и известување за јавните набавки

Важноста на транспарентноста произлегува и од фактот што јавните набавки, како најзначајна активност меѓу државата и фирмите, се и најподложни на корупција, односно на пренасочување на јавните пари во приватни џебови. Бидејќи корупцијата почива врз притајувањето, токму транспарентноста е едно од најзначајните оружја против неа. За да бидат граѓаните и фирмите сигурни дека нивните пари се трошат наменски, рационално и ефикасно, луѓето што ги спроведуваат јавните набавки мора да бидат отчетни за својата работа. Отчетноста, како уште еден од главните принципи на јавните набавки, не треба да биде само кон фирмите учеснички на постапките за јавни набавки, туку пред сè кон граѓаните, односно кон нивните претставници во општеството – медиумите и невладините организации. Оттука, медиумите заедно со невладиниот сектор, односно со т.н. граѓанско општество, треба да играат и клучна улога во следењето на трошењето на јавните пари и при откривањето на незаконско работење.

Прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер (Legal Leaks Toolkit) на македонски

Овој прирачник е наменет за новинари кои работат во кој било медиум – весници, радио и телевизија – како и за блогерите и други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информациите кои ги поседуваат јавните институции. Прирачникот е наменет за новинари кои поднесуваат барања во Република Македонија или кои размислуваат да поднесат барање во друга земја.

Прирачник за новинарство засновано на податоци

Што е новинарството засновано на податоци? Какви се неговите можности и потенцијали? Кои се ограничувањата со кои се соочува? Од каде потекнува? Во ова поглавје ќе видиме што е дата-новинарството и какво значење може да има тоа за новинските организации. Пол Бредшо од Градскиот универзитет на
Бирмингем и Мирко Лоренц од „Дојче веле“ даваат краток осврт на основните карактеристики на новинарството засновано на податоци. Неколку водечки дата-новинари пишуваат за она што сметаат дека е значајно и ни ги нудат нивните омилени примери за дата-новинарство. На крајот, Лилијана Бунегру
од Европскиот центар за новинарство дава осврт на новинарството засновано на податоци во еден поширок историски контекст.

Прирачник за темелните професионални начела во новинарската професија

Новинарството, како јавна дејност, во чија основна димензија доаѓа до израз јавната одговорност, спаѓа во најистакнатите, но тешки и особено одговорни професии на денешницата, подлежни на ригидна етичка оценка и вреднување. Оваа голема јавна одговорност доаѓа од фактот што грешките во новинарството не можат да се скријат.

Прирачник за верификација во истражувачкото новинарство. Водич за пребарување на интернет и истражувачки техники за користење на кориснички содржини и информации од отворени извори во истрагите

Изобилството информации од отворени извори достапни на интернет и во базите на податоци значи дека денес секое можно истражување треба да вклучи и пребарување, собирање и верификација на информации од отворени извори. Тоа стана неодвоиво од работата на култивирање на изворите, обезбедување доверливи информации и другите истражувачки тактики што се базираат врз скриени или помалку познати информации. Новинарите и други лица што ја развиваат и ја одржуваат способноста за правилно пребарување, откривање, анализа и верификација на таквите материјали ќе обезбедат подобри и посеопфатни истражувања.

Прирачникот за јавниот интерес во новинарството

„Прирачникот за јавниот интерес во новинарството“ ги сублимира општоприфатените вредности, принципи, стандарди и практики во новинарската професија. Базиран на етичките новинарски кодекси, на домашната и странската медиумска регулатива и политиките за работа во највлијателните информативни куќи во светот, прирачникот дава јасни критериуми за утврдување на јавниот интерес во вестите. Освен 10-те основни принципи во новинарството, книгата го воведува тестот за јавен интерес во новинарството.

Професионалните стандарди помеѓу регулацијата и саморегулацијата

Кризата на традиционалните „мејнстрим“ медиуми што со себе ја донесе појавата на интернет намалувањето на приходите од продажба на рекламен простор, но и демократизацијата и либерализацијата на каналите за дистрибуција на содржини –негативно се одразуваат на квалитетот на известувањето и на степенот на почитување на професионалните стандарди и етика на новинарската професија и медиумското известување.

Qytetarët dhe gazetarët për profesionalizmin më media

Ky publikim është pjesë e projektit “Gazetaria hulumtuese – roje e demokracisë dhe të drejtave të njeriut”, financuar nga Bashkimi Evropian dhe bashkë-financuar nga Ambasada Britanike në Shkup, ndërsa i zbatuar nga Qendra për Menaxhimin me ndryshime dhe Instituti i të Drejtave të Njeriut. Qëllimi kryesor i këtij projekti është përforcimi mediave dhe organizatave të shoqërisë civile dhe mundësimin e një mjedisi të përshtatshëm për ushtrimin e lirisë së shprehjes dhe integritetin e medias, si një element kryesor për mbështetjen e mëtejshme të shtetit në procesin e aderimit në Bashkimin Evropian.

Raport mbi gjendjen e mediave online në Maqedoni

Për nocionin “online” ose “media të reja” kemi disa definicione.Më tepër teknologji të karakterizuara si media të reja janë digjitale dhe shpesh kanë karateristika të manipulimit, rrejtëzimit, ngjeshmërisë dhe interaktivitetit.Disa nga shembujt mund të jenë, interneti, ueb faqet dhe muldimediat kompjuterike. Sipas Lev Manoviçit, mediat e reja nuk i nënkuptojnë programet televizive, filmat, librat, gazetat ose botime tjeta të shypura që kanë përmbajtje por që nuk mundësojnë interaktivitet. Ai thotë se definicionet për meduat e reja patjetër të revidohen në çdo dy-tre vjet, ndërsa pas një periudhe të caktuar ato nuk do të jenë më “të reja”.

Реформа на медиумскиот сектор препораките на Прибе и дополнителни прашања

Реформата на медиумите во Македонија станува насушна потреба. Проблемите се многубројни, а крајниот
резултат е неодржлив медиумски систем со голем број актери што се лесно подложни – главно поради неодржливоста на медиумскиот пазар – на политичко влијание. Политичкото влијание води кон ситуација во која првите жртви се професионалните стандарди на новинарската професија, а новинарите, особено во провладините медиуми, дејствуваат првенствено како гласноговорници на центрите за комуникација на
политичките партии во земјава.

Реформата во МРТ мора да биде поддржана со многу повеќе пари

Две клучни работи се важни за да се објасни барањето за поголемо финансирање од досегашното за
Јавниот сервис – вложување во луѓе и вложување во техника. МРТ, иако на прв поглед изгледа
спротивно, се соочува и со кадровски проблем и со проблеми со техниката што ја има на располагање,
иако тука се направени извесни вложувања во последните десет години

Регионалните депонии – ризик за здравјето

автор: Горан Теменугов

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас

Репрезентација: Празни дупки за полни стомаци

Истражувањата на СКУП покажаа дека општините не штеделе на репрезентација. Општина Охрид за само еден ден набавила 50 килограми јагнешко. Не е јасно кој се омрсил. Ништо подобри не се ниту другите општини. Некои од нив набавувале бисери, златни ланчиња, плишани играчки

Резиме-Показатели за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите МК декември 2016

Овој извештај ги презентира резултатите од истражувањето спроведено во рамките на регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите”, која се спроведува од националните новинарски здруженија од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и од Србија. Главната цел на истражувањето беше да се направи базична проценка и да се обезбедат податоци за нивото на медиумските слободи и за безбедноста на новинарите кои во иднина ќе се искористат во регионалниот механизам за мониторинг и застапување за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите на локално, национално и регионално ниво.

Руралната култура – прозорец на светлината

автор: Љубиша Арсиќ

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас

Саморегулација или регулација на интернет – медиумите во Македонија

Интернет-просторот и интернет-медиумите во Македонија, во периодот од 2008 до 2017, прераснаа во алтернативна јавна сфера која претставуваше еден од ретките „процепи“ во кој многу потиснати маргинализирани, неутрални и критички гласови успеаја да се пробијат и да дојдат до израз. Овој подем на интернет-сферата беше своевиден „одговор“ на политичкиот амбиент во кој политичките центри на моќ доминираа со најголемиот дел од традиционалните мејнстрим медиуми.

Саморегулација и Македонското новинарство

Новинарството е една од најистакнатите дејности на денешницата и позив кој, најверојатно, ќе стане свет во овој, трет милениум. Оваа професија се дефинира како „општествена дејност произлезена од одредени историски услови, како начин, облик и средство за комуницирање на големи далечини и меѓу големи заедници, при што нејзината функција е да ја известува јавноста за сите важни факти од реалноста, неопходни за осознавање на светот во кој живееме, без што човековото однесување не може ефикасно да се оствари“1. Самите новинари се око и уво кои ја гледаат и ослушнуваат јавноста и јавниот дух.

Социо-економската положба на новинарите во Источна Македонија

Податоците презентирани во оваа брошура се резултат на новинарско истражување кое во себе интегрира новинарски и академски методи со цел да дојде до заклучоци за состојбата на новинарите во источниот дел
на Македонија. Истражувањето беше фокусирано на новинарите и нивниот финансиски аспект, на почитувањето на работните односи во медиумите во
Источна Македонија и условите во кои работат медиумите. Дел од истражувањето опфати и аспекти на новинарите и невладиниот сектор односно аспекти за тоа што може граѓанскиот сектор да направи во насока на подобрување на состојбите со медиумите и новинарите и обратно – како
новинарите и во која насока можат да го подржат и подобрат цивилниот сектор во државата. Од истражувањето произлегоа четири истражувачки стории, две дебати – гостувања на локални и регионални
медиуми поврзани со темите и оваа публикација. Истражувачките стории кои следуваат потврдуваат дека новинарите во Источна Македонија работат за минимални
плати, без можности за годишен одмор, без слободни денови во текот на неделата и дека во најголем дел од медиумите не се почитува законот за работни односи.
Истражувањето покажува дека и националните радио-дифузери не го почитуваат во целост Законот за работни односи, но и дека Македонската радио телевизија и Македонската информативна агенција се далеку под стандардите кои треба да ги исполнуваат како Јавни
информативни претпријатија. Ова новинарско истражување има оправданост од општествен аспект затоа што е прво од ваков вид кое сеопфатно ги покажува условите во кои новинарите во Источна Македонија работат.

Социо-економската положба на новинарите во Источна Македонија

Во овој дел од истражувањето предмет на интерес е состојбата со почитувањето на правата на новинарите во
поглед на Законот за работни односи .Овде, пред се, истражувањето е насочено кон почитувањето на правото на годишен одмор, односно, колку работни денови платен одмор добиваат новинарите, потоа дали добиваат надомест или пак слободни денови во случај кога работат во текот на викенд или празник (неработни денови), колку работни часови работат во текот на еден ден, дали се здравствено и пензиски осигурени и дали е редовно плаќањето на осигурувањето.

Толковник на поими за дигитална телевизија

Толковникот им е наменет на корисници со различно ниво на технички предзнаења. Составен е да задоволи стручни и практично оперативни потреби. Секако дека постојат и други термини и поими, но овој толковник ги содржи основните поими. Дигиталната телевизија е област што се движи со крупни чекори напред, што значи дека постојано се појавуваат нови нешта и поими. Овој толковник не е за на полица, тој е направен секогаш да Ви биде при рака и да Ви помага при работа, читање текстови од оваа проблематика или при учење.

Твојата Промена може да направи промена

Госи во Утрунската програма на ТВ 24 Вести: Деан Бунески, претседател на „Епилепсија Македонија“ и Светлана Петковска, активист.

Упатство за безбедно фото-репортерство и етика ноември 2016

Целта на овој документ е да даде идеи и насоки како националните медиуми може да се организираат и
да се регулираат со цел да се обезбеди најголема безбедност за новинарите и најдобро известување
за нивните клиенти. Безбедноста и интегритетот на известување се од клучно значење за слободата на печатот, кој е еден од основните принципи на демократската држава. Овие упатства се препораки за редакциите кои ги покриваат домашните ситуации кои се развиваат брзо и сите видови на локално
известување, од планираните достапни информации до важните вести.

Водич за медиуми: Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници

Почитувањето на професионалните новинарски стандарди налага, меѓу другото, и почитување на човековото достоинство, одбегнување и осуда, како на говорот на омраза, така и на дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација, родот, здравствениот статус и на припадноста кон одредена маргинализирана група. И според Советот за радиодифузија, „фокални точки за разгледување на нужноста од зголемување на нивото на професионалност во радиодифузијата се дискриминацијата врз различни основи, непочитувањето на човековото достоинство и говорот на омраза“.

Водич за саморегулација во медиумите – Сите прашања и одговори

Водич за саморегулација во медиумите – Сите прашања и одговори

Законите во медиумската сфера предизвик за слободата на медиуми

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), подготви документ за ефектите од новата законска регулатива во сферата на медиумите во Република Македонија, една година по стапувањето во сила на новите закони. Со овој документ ЦРМ сака да поттикне јавна дискусија за квалитетот на медиумските закони, за нивното влијание врз слободата на медиумите, но уште повеќе, за тоа каков медиумски систем ѝ е потребен на Република Македонија, кој ќе обезбеди слобода на медиумите и слобода на информирањето.

Завршен извештај на проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера

Основната намера на ЦРМ беше преку овој проект даде свој придонес во развојот на слободен, демократски и плурален медиумски сектор во Република Македонија. Тригодишните активности се одвиваа во рамките на две основни компоненти: правна програма и професионализација на новите медиуми.