fbpx
x
Мени

Анализа на имплементацијата на правото на култура на помалите етнички заедници

Правото на култура е човеково право утврдено во меѓународното право и во домашното право во Република Македонија. Како и за другите права, така и за ова, стожерен принцип што се применува е принципот на еднаквост и недискриминација, како и принципот на учество/партиципативност. Еднаквоста во заштитата,
промовирањето и унапредувањето на човековите права на припадниците на малцинствата е од клучно значење и таа вклучува и обезбедување посебни услови и воведување посебни мерки и механизми за практикување на истите од страна на малцинствата. Покрај столбот на недискриминација, во врска со малцинските права постои и идентитетскиот столб кој се однесува на зачувување и промовирање на сопствената култура, на културниот живот и на идентитетот.И за двата столба важен е стожерниот принцип на учество во процесите на донесување на одлуките, без дискриминација, особено на оние кои директно ги засегаат малцинствата.

ГЕРИЛА АКЦИИ – КРЕАТИВНО ЗА ПРОБЛЕМИТЕ

автор: Жарко Настоски

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Изложба „Жените од Свети Николе низ историјата“ 12 04 2017

Организацијата на жените на општина Свети Нииколе на ден 12.04.2017 година во соработка со Народниот музеј од Свети Николе ја реализираше изложбата „Жените од Свети Николе низ историјата“.
Изложбата беше посветена на жената борец за женски права, покојната прва претседателка на ОЖО Свети Николе, г-ѓа Вера Златева. На изложбата беа поставени биографии на 31 светиниколчанка, кои зад себе оставиле значајни достигнувања во разни области. Истражувањето го спроведе Рахела Симеонова Манева, долгогодишна активистка во здружението, заедно со поддршка на тимот во Организација на жените на општина Свети Николе ангажиран во реализирање на институционалниот грант од Цивика Мобилитас Програмата.

Не говор на омраза

Видео клип кој е направен од страна на СППМД за време на проектот Hate Fighters Work Plan 2016 кој е финансиран од страна на
European Youth Foundation, Council of Europe
Овој клип произлезе од страна на младите кој учествуваа на креативната работилница за Hip – Hop .

НЕЗАВИСНАТА СЦЕНА ИМА ЦЕНА

автор: Љубиша Арсиќ

Придонес за зачувување на фолклорните вредности во регионот на Тетово

Во каталогот се презентирани народните носии на етничките заедници во регионот на Тетово, кои се изработени од страна на младите жени и девојки од селата на Долни Полог, Шара и Сува Гора.

Религија и толеранција Теренско истражување за степенот на толеранцијата во Ѓорче Петров, Сарај, Чаир и Бутел

Толеранцијата е една од вредностите која што од ден на ден добива важно место во светската агенда, особено во денешно време кога се лиферуваат теории за конфликти помеѓу култури, цивилизации, религии и незнаењата, кога светот се соочува со многудимензионална криза.

РУРАЛНАТА КУЛТУРА – ПРОЗОРЕЦ НА СВЕТЛИНАТА

Еден проект со три театарски престави, три изложби и концерти ги размрдаа жителите на струмичките рурални општини Василево и Босилово кои имаа подзаборавено на културни настани. Соговорниците во оваа видео сторија го нагласуваат континуитетот како важен елемент за опстојување на културата низ селските средини, кој сега недостасува. И професионалците и аматерите сведочат за важноста на културните случувања за кои публиката е гладна. Ако целта е да се изградат генерации кои ќе негуваат култура и уметност тогаш селата не смее да останат во изолација.

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

За основите на етиката на св. Климент Охридски

Во пресрет на празникот „св. Климент Охридски“ Филозофското друштво на Македонија организираше пригодно предавање на д-р Дејан Донев (вонреден професор на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет), насловено: „За основите на етиката на св. Климент Охридски“. Настанот на отворањето беше збогатен со настап на ученици од ООУ „Љубен Лапе“ преку изведба на „Кирилица“ од Влатко Стефановски на хорот на училиштето и солистката Лара Иванова под водство на Жанета Дивјакоска Донева, како и преку рецитации на стихови на учениците Дарија Трајковска, Јована Андреева и Петар Митревски под менторство на Менче Стојановска. Предавањето се одржа во ЕУ Инфо Центарот на 7 декември 2017 година. Голема благодарност до нив за отстапениот простор, како и на ООУ „Љубен Лапе“ за уприличувањето на настанот.