fbpx
x
Мени

Што треба да знаат и практикуваат вработените во јавна администрација?

Основната задача и цел на јавната администрација е да биде сервис на граѓаните во процесот на остварувањето на нивните права. За да се оствари основната задача и целта, вработените во јавната администрација следат одредени принципи во своето работење. Овие принципи повлекуваат соодветни обврски и одговорности на вработените во јавната администрација, како и загарантирани права и создавање
соодветни услови за работа на вработените во јавната администрација.

Штрајк: искуства и состојби

За цивилизациска придобивка се смета тоа дека човекот не само како личност и граѓанин, туку и како работник располага со одреден број права кои се пропишани и гарантирани со уставот и законите на земјата. Овие права не смеат да бидат сведени на празно слово на хартија и, со цел да не дојде до тоа, на човекот како личност, како граѓанин и како работник му стојат на располагање одредени механизми за нивна заштита, кои можат да бидат активирани во случај да му бидат нарушени правата.

Sjellja e pandershme tregtare – si ta njohim?

Me ndryshimet dhe plotësimet e Ligjit për mbrojtjen e konsumatorëve („Fl.zyrtare e RM“ nr. 24/11 të datës 25 shkurt 2011vj.) u krijuan kushtet për perparimin e mbrojtjes së konsumatoreve dhe krijimin e konkurrencës më të mire ne
tregti. Në këtë broshurë jena munduar për të sjellë regulat ligjore për konsumatorët
që do të ndihmojmë për zbatimin më të mirë të ligjit në praktikë dhe mbrojtjenë më te mirë konsumatorëve.

Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права – декември 2017

Невозможно е функционирање на демократските процеси во кое било општество без правото на слобода на
изразување. Луѓето ја искажуват мислата преку говорот, пишуваат романи, новинарски написи, поезија, сатира, цртаат цртежи, прават фотографии, карикатури, создаваат музика, глумат, сликаат графити, прават скулптури, комуницираат преку интернет. Сите овие форми на изразување му помагаат на човекот да ја преточи мислата во израз. Колку е подемократско општеството, толку е поголема слободата на изразување бидејќи толеранцијата, почитта кон искажаното и кон индивидуалните мислења се едни од најважните елементи за напредок. Токму од тие причини, правото на слобода на изразување, иако не спаѓа меѓу правата кои имаат апсолутна заштита со Конвенцијата, зазема централно место меѓу конвенциските права.

Состојбата со дискриминација во Полошкиот и Пелагонискиот регион

Анализата е дел од  проектот „Анализа на политиките и дистрибуција на локални ресурси меѓу етничките заедници во полошкиот и пелагонискиот регион“ кој го спроведува Асоцијацијата за демократски иницијативи  во партнерство со Младинскиот културен центар – Битола, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Социјалните претпријатија – можност за работна интеграција на ранливите групи

Социјалното претприемаштво се смета за нова појава во Македонија, меѓутоа концептот на социјална  економија има долга историја во земјава. Во последните неколку години, граѓанскиот сектор и непрофитните
организации се главните учесници и промотори на развојот на социјалната економија во Македонија.

State of civil society 2013: Creating an enabling environment

I write this introduction at the end of my third month at CIVICUS. In this time, my conversations with
colleagues, members and partners all around the world reveal a serious inconsistency. Just as we are seeing
a consensus about the importance of civil society, we are seeing developments that undermine the ability
of citizens to come together and shape the world around them. This inconsistency is explored in this report.
Governments, international agencies and businesses increasingly recognise that a free and vibrant civil society
is a fundamental building block of democratic societies and a means to promoting economic development.
Recent international agreements, such as those on development effectiveness or on protecting human rights
defenders, reaffirm this consensus, while every politician I have encountered in recent months seems deeply
committed to unlocking citizen potential.

Still a ”Work in progress” case

The 2016 European Commission’s report on Albania could be considered as one the most important reports since the European Union granted the country the candidate status in 2014. For the first time, the Commission recommended the opening of accession negotiations with Albania, subject to credible and concrete progress in the implementation of a justice reform and in particular, the re-evaluation of judges and prosecutors, known as the ‘vetting law’. The justice reform triggered the cross-party dialogue in Parliament until pivotal constitutional amendments were unanimously adopted in July 2016. Thus, launching a thorough and comprehensive reform process of the judicial system.

Стоп за дискриминацијата

Физиолошката идеја за правата на човекот се рефлектира во Американската Декларација за независност од 1776 и во Француската Декларација за правата на човекот и граѓанинот од 1789 година. Лигата на народите основана после првата Светска Војна беше активна во заштита на малцинствата и населението во колонизираните територии на поразените сили.

Стоп за нечесното пазарно однесување

Пазарното однесување кон потрошувачите од страна на деловните субјекти е секое дејство, пропуст, начин на однесување или застапување, пазарна комуникација, вклучувајќи рекламирање и маркетинг, од страна на трговец, директно поврзани со промоција, продажба или снабдување на производи и услуги за потрошувачите.

 

 

Стратешко застапување ( литигација ) на случаи на дискриминација врз основа на сексуална ориентација

Освен стандардите против дискриминацијата општо познати во документите на Обединетите
Нации (ООН), со кои не би го оптоварувале овој документи, во областа на забраната на дискриминацијата
врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет – Советот за човекови права (Human Rights
Council) на својата 17та сесија (jули, 2011) донесе одлука (со Резолуција) да се изготви Извештај од
Високиот Комесар за човекови права на Обединетите Нации на тема Дискриминациски закони и
практики и акти на насилство против индивидуите,врз основа на нивната сексуална ориентација и родов
идентитет. Извештајот беше изготвен и предаден на Советот во ноември истата година.

Студии на случај за спроведување на политиките за регионален развој

Дванаесетте студии на случај за спроведување политики за регионален развој кои се презентирани во оваа публикација се еден од резултатите на активностите на проектот Алијанса за регионален развој, кој го иницираа и спроведуваа организациите Форум ЦСИД од Скопје и Младински иницијативи за дијалог и
соработка од Битола во периодот од 2015 до 2017 г. со поддршка од Европската Унија, преку програмата ЕИДХР 2014-2015.

Студија на опсег на различните форми на сексуално насилство во Р.Македонија

Насилството врз жените е присутно во сите култури, региони, земји и општества, а неговите корени лежат во нееднаквата распределба на моќ и нееднаквите можности помеѓу мажите и жените, како и во континуираното дискриминаторско однесување кон жените во сите сфери на општественото
живеење. Насилството претставува сериозен општествен проблем и затоа е од суштинско значење да се разбере и третира. Насилството врз жените се разбира како „кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство коишто доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените, вклучувајќи и закани за такви акти, изнуда или произволно лишување од слобода, без оглед дали се случуваат во јавниот или приватниот живот“ (Истанбулска Конвенција).

Submission to United Nations Committee Against Torture

This submission was prepared by the Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia (MHC) with the assistance of the World Organisation Against Torture, Institute for Human Rights (IHR), HOPS – Healthy Options Project Skopje, REACТOR – Research in Action, and HERA – Association for Health Education and Research. These organizations joined forces to prepare this submission for the third reporting cycle on the Republic of Macedonia within the CAT, to present our observations on the situation with regard to prevention and protection of torture and inhuman or degrading treatment or punishment. Our views are presented through the prism of the List of issues prior to the submission of the third periodic report of the Republic of Macedonia. All torture and ill-treatment cases summarized in this submission have been reported to the organizations who prepared this text.

Судската ефикасност во заштита на човековите права во предметите од областа на корупцијата

Оваа анализа произлегува и е дел од програмските активности на Коалицијата „Сите за правично судење“ во чии рамки во текот на 2010 година се набљудуваа судски постапки по предметите од областа на корупцијата во Република Македонија. Главна цел на истражувањето беше да се согледаат актуелните состојби и да се извлечат одредени заклучоци и препораки за ефикасноста на судовите и на другите надлежни органи во борбата против корупцијата, kako и да се оцени почитувањето и остварувањето на човековите слободи и права гарантирани со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори.

Телевизиска емисија во склоп на проектот ,,Потребите на граѓанинот на прво место”

Клучна улога за сензибилизирање на јавноста имаат медиумите, поради што главна активност во овој проект беа ТВ дебатите. Учесниците во емисиите ќе се претставници од сите сфери на општественото живеење, кои ќе имаат можност јавно да го искажат личниот став по одредено прашање. Темите во ТВ дебатата ќе произлегуваат од актуелните проблеми во социјалната сфера, економијата, образованието, здравството, инфраструктурното уредување,проблемите на етничките заедници односно ќе се отвораат прашања кои се од интерес на населението и за кои што сакаме да го поттикнеме јавно да проговори и да ги мапира проблемите.

ТВ дебатите ќе се продуцираат на неделна основа во времетраење од 45-50 минути, со тековно одредување на темите на истите, во зависност од актуелните случувања во регионот. Изборот на темите, како и соговорниците кои ќе дебатираат на истата, ќе го врши тим составен од претставник на здружението – координатор на проектот и од претставници на партнерот во проектот – Телевизија ТВМ. За анимирање на јавноста со цел учество во креирање на емисиите со предлагање на теми ќе се искористат:

ФБ страните на здружението и на Телевизија ТВМ
е-маил адреса отворена за потребите на емисијата
промо најави за емисијата кои ќе се емитуваат на Телевизија ТВМ.
Во предвидениот проектен период од 3 месеци, реализиравме 12 емисии

Testimi ekstern, notimi, sfidat, dhe hapat e ardhshëm: Testim ekstern me çdo kusht?

Аrsim cilësor dhe kapitali njerëzor paraqesin një kusht thelbësor për sigurimin e zhvillimit të qëndrueshëm ekonomik dhe social. Prandaj, në Republikën e Maqedonisë, në të gjitha këto vite që nga pavarësia e saj e deri më sot, reformat në sektorin e arsimit janë vazhdimisht aktuale apo bëhet përpjekje dhe investohet vazhdmishit me
qëllim që të përmirësohet cilësia e arsimit si dhe niveli e njohurive dhe aftësive tek nxënësit.

Тестирање ситуација- метод за докажување дискриминација

Администрирањето на правдата преку антидискриминациското право, како во националните законодавства, така и во рамки на правниот супранационален систем на Европската унија (ЕУ), се темели на неколку основи: првично потенцирајќи ја Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) и придржувањето
кон неа од страна на сите држави-членки на Европската унија и од страна на државите-членки на Советот на Европа (СЕ), и понатаму, земајќи ги предвид антидискриминациските директиви на ЕУ. Оттука „европско право за недискриминација сугерира постоење на единствен систем на правила за недискриминација ширум цела Европа.

The art of survival

In this publication, we report the findings from the research project “(In)equality in social protection: Multi-level analysis of intersectionality in social assistance provision – A comparative study”. Our research studies social needs from an intersectional perspective, identifying and mapping out the dynamics and characteristics of the interplay and intersections of the categories of inequalities and power relations in two post-socialist and post-conflict countries– Macedonia and Bosnia and Herzegovina.2 We took intersectionality to mean a system of “interactions between inequality-creating social structures, symbolic representations and identity constructions that are context-specific, topic-orientated and inextricably linked to social praxis”.

Топ 10 начини како да бидете безбедни online како потрошувач

Интернетот ни нуди огромен спектар на можности и избор. Лесно можеме да се поврземе и да комуницираме со семејството и пријателите од целиот свет, да го извршиме нашето неделно пазарување и да го спроведеме плаќањето на нашите сметки со еден клик, заштедувајќи време и пари. Сите овие активности на некој начин ги користат нашите лични информации – нашите информации во банка за да извршиме уплата, нашите слики и коментари, нашите адреси за доставување. Со повеќе податоци за нас онлајн, ризиците од крадење на идентитетот, хакирање, уцена и измама се зголемуваат.

Трговија со луѓе

Изработен мултимедијален производ од волонтер на Органзиација на жените на општина Свети Николе

Трговија со луѓе

Видеото е изработено од волонтери на организација на жените на општина Свети Николе за конкрусот – избор за најдобар мултимедијален производ на тема Трговија со луѓе, кој беше објавен од невладината организација Отворена Порта- Ла страда од Скопје.

Трговија со луѓе

Видеото е изработено од волонтери на организација на жените на општина Свети Николе за конкрусот – избор за најдобар мултимедијален производ на тема Трговија со луѓе, кој беше објавен од невладината организација Отворена Порта- Ла страда од Скопје.

Учебник за граѓански и политички слободи и права

Учебникот за граѓански и политички слободи и права претставува плод на желбата и посветеноста на предавачите од програмата Учиме право да ги доближат правото и демократските вредности поблиску до младите. Учебникот е наменет за сите оние кои сакаат повеќе да се запознаат со принципот на владеење на правото, основните човекови слободи и права и како тие подобро да ги остваруваат во насока на нивно активно вклучување во општествениот живот. Истиот претставува основно и главно помагало во спроведувањето на неделните предавања и активности во рамките на Учиме право клубовите

Udhëzues për ndalimin e korrupsionit në vetqeverisjen lokale

Korrupsioni ka një varg të gjërë të efekteve të dëmshme për shoqërinë. Ajo dëmton rëndë demokracinë dhe
sundimin e ligjit, kërcënon cilësinë e jetës, mund të shkaktojë paraqitjen e krimit të rëndë dhe kërcënon sigurinë e të gjithë komunitetit shoqëror.

Унапредување на граѓанскиот идентитет и поттикнување на граѓанската свесност и акција

Основните документи за човековите права го потенцираат правото на сите граѓани да партиципираат во политичкиот живот на нивните општества144, што е, пак, суштина на демократијата. Примарно, смислата на демократијата е во можноста секоја единка, директно или преку избрани претставници, да партиципира во креирањето одлука од која е ѝ самата непосредно засегната; второстепеното значење се согледува во преовладувачката волја на мнозинството. Иако најчесто демократијата се поврзува со одржување слободни и фер избори, сепак тоа не доволен услов за некоја држава да се смета за демократска.

Уставниот суд во стегата меѓу политичките интереси и човековите права 2016

Во изминатите пет години, а особено од 2013 година до денес, Уставниот суд на Република Македонија
бележи намален број на примени и завршени предмети, намален број на укинати и поништени одредби
од закони и подзаконски акти, намалување на бројот на вработени и непроменети средства во 1 годишниот буџет.

Видео за Судскиот совет на РМ и Советот за факти

Видео за работата на Судскиот совет на Република Македонија и Советот за утврдување на факти за периодот од ноември 2016 год. до април 2017 год.

Водич низ управувањето со станбените згради

На 05.08.2009 година, Собранието на Република Македонија го донесе новиот Закон за домување. Законот почна да се применува од 13.08.2009 година со што го замени претходниот Закон за домување од 1998 година (со неговите последователни измени и дополнувања, заклучно со 2007 година), а со Законот за изменување и дополнување на Законот за домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/10) се направени одредени измени и дополнувања на последниот Закон.

Водич низ законот за заштита на правата на пациентите

Со Законот за заштита на правата на пациентите („Сл.весник на РМ“ бр.82/2008 и 12/2009) се уредува заштитата на правата на пациентите во користењето на здравствената заштита, правата и обврските на пациентите, должностите на здравствените установи и здравствените работници и соработници, општините и Фондот за здравствено осигурување во заштитата на правата на пациентите, постапката за заштита на правата на пациентите, како и надзорот над спроведувањето на Законот.

Водич за деца и родители против телесно казнување

Овој водич може да го користат и членовите во стручните служби во овие образовно-воспитни установи, во центрите за социјални работи, полицијата, здравството…
Уште поголема корист од овој водич ќе имаат децата, родителите, наставниците, психолозите, педагозите, социјалните работници и лекарите, кои по сомневањето или идентификувањето на злоупотребата врз детето, укажуваат и на нивната обврска да преземат соодветни мерки за нивно пријавување во надлежните институции/СОС центри, заради заштита од злоставувачите.

Водич за млади основни граѓански и политички слободи и права

Анализата, врамена во контекстот на националните образовни системи и стратегии, открива дали дебатата има позитивно дејство од аспектот на подобрување на информираноста за тековни настани, критичкото размислување и толеранцијата кај селектираните примероци на ученици дебатери и недебатери. Во истиот период се спроведени и интервјуа со предавачи преку чие искуство се стремеше да се добие квалитативен увид во квантитативните резултати.

Водич за невладини организации за борба против корупцијата

Само малку граѓански организации од земјава се запознаени со проблемот на корупцијата и доброто владеење – се констатира уште во 2007 година, во Националната програма за превенција и репресија на корупцијата. За жал, оваа состојба важи и денес. Граѓанскиот сектор ја избегнува својата обврска, но и одговорност да ги поврзе проблемите во секторите во кои работи со корупцијата. Имено, граѓанските организации не вклучуваат антикорупциски елементи како дел од своите активности во областите на
делување: здравство, образование, заштита за животна средина, родова еднаквост, човекови права.

Водич за одговорно родителство

Исклучително значајна публикација, која на еден разбирлив и едноставен јазик, зборува за телесното казнување, злоупотребувањето на децата, и важноста на одговорното родителство во воспитувањето и воопшто целокупниот детски развој. Многубројните информации кои се понудени за негативното влијанието на насилството врз целокупниот развој на децата, како и начините и формите на воспитување, ќе им помогне на родителите да го променат и подобрат нивното однесување, не само кон сопствените деца, туку и кон децата воопшто.

Водич за правата и обврските на граѓанските организации во случај на надворешна даночна контрола од страна на Управата за јавни приходи

Водичот за обврските на граѓанските организации во случај на надворешна даночна контрола од страна
на Управата за јавни приходи содржи опис на обврските на граѓанските организации кои произлегуваат
од законите со кои се уредуваат даноците и даночната постапка. Водичот има за цел да ги запознае
претставниците на граѓанските организации на јасен начин со законските обврски кои тие се должни да
ги исполнат како исплаќачи на персоналниот данок на доход како и со правата и обврските во случај на
надворешна даночна контрола.

Водич за родители,наставници и воспитувачи против телесно казнување на децата

Оваа публикација има за цел да ја пополни празнината во едуцирањето и подигнувањето на свеста за овие несакани појави, кои се во пораст кај децата во Република Македонија. Наменета е првенствено за децата, родителите, наставниците и воспитувачите во јавните и приватните установи кои работат со деца, но и сите оние кои се вклучени во неформално образование.

Водич за соработка помеѓу здруженијата на потрошувачи и институциите за заштита на потрошувачите

Земајќи ги предвид интересите на потрошувачите, Европската заедница ја усвои првата програма за заштита на потрошувачите во 1975 година, преку која се идентификуваа петте основни потрошувачки права, а тоа се: Правото на заштита на здравјето и безбедноста; Правото на заштита на економските интереси на потрошувачите; Правото на надомест на штета; Правото на информирање и едукација; Правото да бидат претставени интересите на потрошувачите.

Водич за улогата на комисијата за заштита на конкуренцијата и постапка за заштита од нелојална конкуренција

Водич за волонтирање

Со овој водич сакавме волонтирањето да го направиме повидливо да го зголемиме нивото на информираност, да ја подигнеме јавната свест за значењето и важноста на волонтерската пракса и да отвориме нови можности за волонтирање. Тоа не значи дека е непроменлив. Напишан е за да се менува и дополнува, како што волонтирањето во Македонија ке се менува и развива. Се надеваме дека засега, ке биде практична алатка за младите и студентите. Дека ќе помогне во изнаоѓање форми за сопствената партиципација во граѓанското опшество и во процесот на донесување промени. Дека ќе придонесе за корисно структуирање на слободното време, стекнување знаења и работни вештини.

Време за патување

Време за патување, кое може да биде за бизнис и за задоволство. Патувањето треба да е организирано, како би можело да ни пружи релаксација. Патувањето најчесто нуди можности за запознавање со нови дестинации и на различна култура, можност за спортување, уживање. Патувајте секогаш кога имате можност и кога тоа ви го дозволуваат обврските. Зимските и летни одмори, викенд, добар концерт, спортски натпревар, бизнис патување, конгрес, посета на метрополи, далечни дестинации, егзотични дестинации, екстремни спортови итн. Различни се причините поради кои за организирањето на нашето патување можеме да побараме услуга од професионалци, а тоа се вработените во туристичките агенции.

Women’s access to justice – Analysis

This analysis is a result of the research carried out by the Association for Equal Opportunities “Equal
Access” in collaboration with the Macedonian Young Lawyers Association within the scope of the action grant
“Women’s Access to Justice” held by Civica Mobilitas, and refers to the identification of the barriers that impede
women’s access to justice. The main objective of this analysis is to improve the access to justice for women in the Republic of Macedonia towards achieving the international standards for accomplishing factual gender equality.

The working conditions in the German transnational company “Dräxlmaier” in Kavadarci, Macedonia

Студија на англиски јазик за работничките услови во „Дрекселмаер“ од Кавадарци. Авторки: Соња Стојадиновиќ и Анета Смит Гулева

За нова Македонија колумни 2012-2013

За нова Македонија“ претставува збирка мои колумни напишани за „Нова Македонија“ во периодот април 2012 – март 2013 година. Го одбрав насловот „За нова Македонија“, бидејќи сметам дека тој, покрај тоа што е едноставен, е и ефективен. Тој го прикажува и лајтмотивот на сите овие колумни, залагањето за една нова Македонија, која нема да биде земја на социјална неправда и енормни класни разлики, на недоверба и омраза помеѓу луѓето поради нивната етничка припадност, на демократија која сè повеќе тоа не е, туку – токму спротивното.

Заборавената стратегија

Донесувањето на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје во 2011 година значеше донесување стратешки документ што директно го таргетира унапредувањето на сексуалните и репродуктивните права на целните групи на Коалицијата. Набљудувајќи ги и документирајќи ги политиките на институциите и Владата на Република Македонија поврзани со сексуално и репродуктивно здравје и права, се доби впечаток дека Стратегијата многу малку се имплементира и не ги постигнува зацртаните цели, туку напротив, се донесуваат и се спроведуваат мерки што негативно влијаат врз унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права.

Со цел добивање податоци од релевантните институции за имплементација на Стратегијата и за прибирање податоци од граѓанските организации, особено оние што директно работат со целните групи на Коалицијата во текот на 2016 година, ја подготвивме оваа процена. Освен прибирање релевантни податоци, проценaта има цел да се користи од страна на граѓанските организации за застапување за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на маргинализираните заедници, но и да ги потсети институциите за преземените обврски.

Зајакнување на организациите на потрошувачите за подобри општински услуги во Југоисточна Европа

Политиката на заштита на потрошувачите е збир од правни одредби и институционални активности што овозможуваат заштита на правата и интересите на потрошувачите наспроти трговците со цел да се воспостави економска и правна рамнотежа помеѓу овие две категории. Тоа беше размислувањето од кое се водеше воспоставувањето на Законот за потрошувачи на ЕУ, кој што нуди значаен обем на подзаконски акти и судска пракса од последните скоро четириесет години. Воведувањето на политиката за заштита на потрошувачите, како посебни јавни политики, како и посебната гранка од законодавството за заштита на потрошувачите во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) е во директна корелација со процесот на приближување на земјите од регионот кон Европската Унија.

Законите и политиките на Република Македонија во полето на попреченоста. Извештај од системскиот мониторинг на закони и политики

Република Македонија ја потпиша Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (понатаму во текстот:
КПЛП или Конвенцијата) на 30 март 2007 година а истата ја ратификува на 5 декември 2011 година. Дополнително, државата го потпиша Факултативниот протокол кон КПЛП на 29 јули 2009 година а го ратификува на 5 декември 2011 година.Инструментите за ратификација се депонирани во Организацијата на Oбединетите Нации на 29 декември 2011 година. Овој системски мониторинг покрај анализата за
субстантивните права во погоре наведените области, се занимава и со прашањето на назначување на национален механизам за набљудување во Република Македонија.

Заштита на правата и интересите на корисниците на основните комунални услуги

Оваа студија ги анализира состојбите и предизвиците со основните комунални услуги и дава препораки како да се унапреди заштитата на правата и интересите на корисниците на услугите.
Комуналните услуги значително влијаат на семејниот буџет и на квалитетот на живот на граѓаните. Во однос на влијанието врз семејниот буџет, како показател можеме да ги земеме објавените податоци за минималната потрошувачка кошничка за едно четиричлено семејство, објавени од Сојузот на синдикатите на Македонија. Според пресметките на ССМ, минималната кошничка за февруари 2016 година изнесувала 32.325 денари.1 Со тоа, вкупните месечни трошоци за јавни услуги – вклучително и комуналните услуги – изнесуваат 10.617 денари или една третина од семејниот буџет. И покрај тоа што издвојуваат значаен дел од своите приходи за основните комунални услуги, граѓаните честопати не се целосно задоволни од нив, а истовремено сметаат дека се немоќни да влијаат на подобрувањето на состојбите поради монополската или доминантната позиција на давателите на услугите.

Заштита на правата на пациентите и почитување на стандардите за квалитет на здравствена заштита на корисниците на дроги, лицата што ќивеат со ХИВ и ЛГБТ

Дали во Република Македонија постојат ефикасни механизми за заштита на правата на пациентите? Дали
постојните механизми за заштита на правата на пациентите се полезни за квалитетна здравствена заштита
на припадниците на маргинализираните групи, како што се корисниците на дроги, лицата што живеат со
ХИВ, ЛГБТ лицата, сексуалните работници?  Дали се почитуваат стандардите за квалитет во обезбедувањето
здравствена заштита на припадниците на маргинализираните групи кои имаат најургентни здравствени
потреби: лицата со зависност од опојни дроги, лицата што живеат со ХИВ/СИДА и „транс“лицата? Оваа
анализа се обидува да даде одговор на овие прашања во контекст на: 1) примената на Закон за заштита на правата на пациентите (2008), кој предвидува конкретни механизми за заштита на правата на пациентите, но и конкретни тела за контрола на квалитетот на здравствената заштита. 2) примената на Закон за здравствената заштита (2012), кој содржи членови за Човекови права и вредности во здравствената заштита и посебна глава за Квалитет на здравствената заштита.

Заштитата на децата во Република Македонија

Исконска цел на постоењето на човекот, неговата сегашност и иднината се поврзани со децата, суштества кои го осмислуваат и обновуваат животот. Го започнуваат животот на овој свет голи, единствени со прекрасната убавина и совршеност на сопствената голотија. Оригинален начин да се зачекори во животот, во непознатото и во иднината. Само младоста може да ја разубави иднината.
Пораката на малиот Бушавко од заштитниот знак на ПДАС „Меѓаши“ од Скопје, има исто значење, а таа гласи: „Ние сме иднината!”

Жени и синдикати:Застапеност и работнички права во Република Македонија

Развојот на синдикатите, синдикалната структура и нивната транзициона трансформација по осамостојувањето на Република Македонија се области за кои има недоволен број на достапни истражувања. Особено недоволно се истражени родовите аспекти нa синдикалното организирање и улогата на жените работнички и синдикалки во заштитата и унапредувањето на нивните работнички права.

Жените во македонската економија Резултати од истражувањето на перцепциите за родова еднаквост во Општина Шуто Оризари

Во овој извештај ги анализираме податоците од истражување спроведено во општина Шуто Оризари кое имаше за цел да ја измери перцепцијата за родовата еднаквост кај жените во Шуто Оризари во 2010, како и нивните перцепции за дискриминацијата на жените на пазарот на труд. Истражувањето беше дел од проектот „Жените во македонската економија“ кој Реактор го спроведе во текот на 2010 година во четири општини: Тетово, Карпош, Струмица и Шуто Оризари. Проектот беше финансиски поддржан од страна на Европската комисија преку Инструментот за унапредување на демократијата и човековите права (European Instrument for Democracy and Human Rights – EIDHR) и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

Жените во македонската економија Резултати од истражувањето на перцепциите за родова еднаквост во Општина Струмица

Во овој извештај ги анализираме податоците од истражување спроведено во општина Струмица кое имаше за цел да ја измери перцепцијата за родовата еднаквост кај жените во Струмица во 2010, како и нивните перцепции за дискриминацијата на жените на пазарот на труд. Истражувањето беше дел од проектот „Жените во македонската економија“кој Реактор го спроведе во текот на 2010 година во четири општини: Тетово, Карпош, Струмица и Шуто Оризари. Проектот беше финансиски поддржан од страна на Европската комисија преку Инструментот за унапредување на демократијата и човековите права (European Instrument for Democracy and Human Rights – EIDHR) и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

Жените во македонската економија Резултати од истражувањето на перцепциите за родова еднаквост во Општина Тетово

Во овој извештај ги анализираме податоците од истражувањето спроведено во општина Тетово кое имаше за цел да ја измери перцепцијата за родовата еднаквост кај жените во Тетово во 2010, како и нивните перцепции за дискриминацијата на жената на пазарот на труд. Истражувањето беше дел од проектот „Жените во македонската економија“ кој Реактор го спроведе во текот на 2010 година во четири општини: Тетово, Карпош, Струмица и Шуто Оризари. Проектот беше финансиски поддржан од страна на Европската комисија преку Инструментот за унапредување на демократијата и човековите права (European Instrument for Democracy and Human Rights – EIDHR) и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

ЖГИ АНТИКО – Билтен број 1 за 2017 година

Во рамките на Институционалниот грант на Цивика мобилитас, АНТИКО има предвидено низа активности кои ќе и овозможат потранспарентно работење и споделување на релевантни информации со конституентите и засегнатите страни. Една од тие активности е припрема на квартални Билтени. За таа цел го споделуваме Билтенот бр.1 кој ги опишува активностите, достигнувањата и резултатите од работењето на ЖГИ АНТИКО во првиот квартал од 2017 година.