fbpx
x
Мени

1 Billion rising

CED joins to the the global movement 1 BILLION RISING, campaign aimed to say STOP the violence against women.
Violence against women is a serious issue in Macedonia. Even though there are many laws that should guarantee social justice to women, many women still get victims of domestic and sexual violence. As domestic violence happens behind closed doors it is very hard to proof.
Break the Chain

Udhëzues për bashkëpunim ndërmjet shoqatave të konsumatorëve dhe institcioneve për mbrojtje të konsumatorëve

Duke i marrë parasysh interesat e konsumatorëve, bashkësia Evropiane e miratoi programin e parë për mbrojtje të
konsumatorëve në vitin 1975, nëpërmjet të cilit u identifikuan pesë të drejtat themelore të konsumatorëve, e ato janë: E drejta për mbrojtje të shëndetit dhe sigurisë; E drejta për mbrojtje të interesave ekonomike të konsumatorëve; E drejta për kompensim të dëmit; E drejta për infmormim dhe edukim; E drejta që të prezantohen interesat e konsumatorëve.

5 Чекори за решавање на проблемите на потрошувачите

Потрошувачи, веруваме дека често се чувствувате измамени, беспомошни или дека за своите тешко заработени пари не сте го добиле она што сте го очекувале. Во ова време кога информациите ни се подостапни од кога било, пред да се решите да купувате и да трошите пари за производ или услуга, добро информирајте се! Многу информации за трговците што нудат производи или услуги можете да добиете и на интернет од независни потрошувачи што имаат определено искуство! Споредете ги цените! И потоа купувајте!

5 Hapa për zgjidhjen e problemeve të konsumatorëve

Konsumatorë, besojmë që shpesh ndiheni të mashtruar, inferior ose që për paratë tuaja të fituara me shumë mund nuk e keni fituar atë që keni pritur. Në këtë kohë kur informatat i kemi në dispozicion gjithnjë e më shumë se kur do
herë, para se të vendosni të blini dhe të shpenzoni para për produkt ose shpenzim, mirë informohuni! Shumë informata për tregtarët të cilët ofrojnë produkte ose shërbime mund t’i gjeni edhe në internet prej konsumatorëve të pavarur të cilët kanë ndonjë përvojë! Krahasoni çmimet! Dhe më pas blini!

Access to social protection and naturalization for refugees and persons under subsidiary protection in the Republic of Macedonia

In the Republic of Macedonia two state authorities share the responsibility regarding the legal procedure/residence and social protection of the asylum seekers and refugees. The Ministry of Interior, Sector for Asylum is responsible for the asylum procedure, regardless of the fact where the application is submitted (at the border crossing points, inside the territory of the country or at the airport). During the asylum procedure, including the appeal period, asylum seekers are allowed to stay on the territory of the country. The costs related to their residence and care, are borne by the state and the responsible authority concerning the reception is the Ministry of Labor and Social Policy, through the work of the Reception Center for Asylum Seekers- Vizbegovo. This Ministry is as well fully in charge of leading the process of local integration, once the protection has been granted by the Ministry of Interior.

Адитиви во исхраната и потрошувачите

Прехрамбените адитиви се супстанции со познат хемиски осстав кои нормално не се внедсуваат како храна ниту како состојка на храната, без разлика на нивната нутритивна вредност. Адитивите челно се додаваат во храната за подобрување на нејзиниот технолошки состав и тоа во текот на производството, подготовката, обработката, преработката, пакувањето, транспортот и чувањето. Адитивити кои што после додадавањето во храната го постигнале својот ефект стануваат состојба на храната.

Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија

Република Македонија (РМ) во последниве години надмина многу политички и економски пречки, но од перспектива на правата на детето напредокот е ограничен. Евиденцијата која е дадена во Анализата на состојбата на децата во РМ од февруари 2008 аргументира дека ситуацијата на децата во Македонија станува во многу нешта полоша. И покрај бурните законодавни реформи и пишување политики, децата и нивните семејства, особено сиромашните деца и сиромашните семејства ги пропуштаат правата на квалитетна здравствена нега и образование и правата на учество и вклученост.

Анализа: Достапноста и пристапот до бесплатна правна помош за лицата баратели на азил во Република Македонија

Во 2015 година беше регистриран најголемиот број на бегалци и мигранти кои влегле во Европа, достигнувајќи еден милион пред крајот на декември. Регионот на Западен Балкан остана еден од главните мигрантски рути кон земјите од Европската Унија. За време од една година, бројот на новопристигнати баратели на азил кои влегле во Република Македонија, како дел од зголеменото движење на луѓе во мешаните миграциски движења во Западен Балкан, драстично се зголеми. Барателите на азил и мигрантите транзитираа низ регионот од Азија, Африка и Блискиот исток en route до Западна Европа. Со родолжувањето на конфликтот во Сирија, мнозинството на бегалци кои пристигнаа во земјите од Западна Европа се по потекло од таму.

Анализа на документи и на политики на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје за степенот на вклученост на принципот на еднакви можности и на недискриминација

Универзитетот го обезбедува единството во вршењето и во развојот на високото образование, науката и на уметноста, како и во стручноста, и, непосредно и преку своите единици од различни студиски подрачја, пренесува сознанија од повеќе научни, односно уметнички подрачја и дисциплини. Како највисока автономна високообразовна, научна и уметничка установа, Универзитетот треба да ги промовира
и применува принципите на еднакви можности и на недискриминација во своите политики и во проведувањето на активностите.

Анализа на имплементацијата на правото на култура на помалите етнички заедници

Правото на култура е човеково право утврдено во меѓународното право и во домашното право во Република Македонија. Како и за другите права, така и за ова, стожерен принцип што се применува е принципот на еднаквост и недискриминација, како и принципот на учество/партиципативност. Еднаквоста во заштитата,
промовирањето и унапредувањето на човековите права на припадниците на малцинствата е од клучно значење и таа вклучува и обезбедување посебни услови и воведување посебни мерки и механизми за практикување на истите од страна на малцинствата. Покрај столбот на недискриминација, во врска со малцинските права постои и идентитетскиот столб кој се однесува на зачувување и промовирање на сопствената култура, на културниот живот и на идентитетот.И за двата столба важен е стожерниот принцип на учество во процесите на донесување на одлуките, без дискриминација, особено на оние кои директно ги засегаат малцинствата.

Анализа на механизмите за спречување и заштита од дискриминација во Република Македонија

Дискриминацијата како глобален феномен има негативен ефект врз сите аспекти од животот на човекот. Таа води кон ексклузија, маргинализација и дехуманизација. Уставот на Република Македонија како norma normarum и гарант на основните слободи и права, го издигнува начелото на еднаквост на највисоко ниво. Начелото на еднаков третман и недискриминацијата претставуваат камен темелник на основните права и
вредности врз кои се заснова денешната ЕУ и истите се идентификувани како суштински од страна на најголемиот број меѓународни организации и правни инструменти.

Анализа на недостатоците во законот за спречување и заштита од дискриминација

Забраната на дискриминација е актуелна тема третирана не само во бројни меѓународни, туку и во национални документи. Антидискриминационата политика е задача на државите на сите нивоа. Државите не смеат ниту да ги кршат човековите права, ниту да дискриминираат. Меѓутоа, оваа обрврска на државата со текот на времето се има проширено затоа што човековите права можат да бидат загрозени и од трети, приватни лица. Поради тоа, обврска на државата не е само да ги почитува човековите права и да не врши дискриминација, туку и да се погрижи третите лица да не ја вршат истата.

Анализа на независните комисии и регулаторните тела-законска поставеност и практично функционирање

Со законите што го регулираат формирањето и функционирањето на комисиите генерално е утврдено дека истите се самостојни и независни во извршувањето на законските надлежности и дека изборот на кадрите се врши по пат на јавно објавен конкурс во кој се содржани и критериумите што се бараат, а изборот, по  правило, го врши Собранието на РМ, по предлог на надлежната собраниска комисија за избор и именување. Наспроти ваквата законска поставеност и критериумите за стручност и компетентност, во практиката е присутно големото политичко влијание при изборот на кадрите во овие тела, што понатаму се реперкуира со
влијание на владејачката гарнитура врз донесувањето на нивните одлуки. Оттука, наместо независност, професионалност и објективност, овие тела, најчесто, при одлучувањето покажуваат двојни стандарди – селективен однос и пристрасност.

Анализа на придобивките од воведувањето на електронски административни услуги.

Проектот „Поголема партиципација – подобри политики и регулативи“ е поддржан во рамки на програмата Цивика мобилитас, кој се реализира врз основа на Договор за акциски грант меѓу Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Центарот за управување со промени (ЦУП) како апликант и Институтот за политики и добро владеење (ЗИП) како ко-апликант. Општата цел на проектот е промовирање на принципите на добро владеење (отчетност, транспарентност, учество, ефикасност и кохерентност) преку засилено влијание на граѓанските организации (ГО) во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување одлуки.

“Анализа на примената на Законот за бесплатна правна помош вклучително и анализа (cost-benefit analysis) на трошоците за негово спроведување со посебен фокус на родовиот аспект” Скопје,

Анализа на примената на Законот за бесплатна правна помош вклучително и анализа (cost-benefit analysis) на трошоците за негово спроведување со посебен фокус на родовиот аспект” е документ кој Здружението за еднакви можности Еднаков Пристап го подготви во рамки на Проектот Мрежа 23 со финансиска поддршка на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени.

Анализа на примената на законот за бесплатна правна помош за периодот 2010-2012 година

Анализата што е пред вас е последнаво низата од три извештаи за примената на  Законот за бесплатна правна помош кои ги подготви Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во соработка и со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), а се однесува на примената на ЗБПП во периодот 2010–2012 година. Таа е резултатна проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна  помош“, кој има за цел да придонесе кон изградбата на ефикасен и ефективен систем на бесплатна правна помош,уреден со квалитетен Закон за бесплатна правна помош, донесен во транспарентна постапка во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни и кој ќе може да обезбеди еднаков пристап до правдата за сите граѓани.

Анализа на случаи од стратешко застапување

Проектот “Заштита на човековите права на маргинализираните групи во Република Македонија” започна со имплементација на 01.10.2014 и траеше вкупно 14 месеци, заклучно со 30.11.2015 година. Во рамки на проектот беа спроведени неколку активности, и тоа: 1. Бесплатна телефонска “зелена” линија; 2. Стратешко
застапување во постапки против дискриминација; и 3. Соработка со граѓанскиот сектор – вклучително и јакнење на неговите капацитети по прашања поврзани со случаи на дискриминација.

Анализа на состојбата со говор на омраза во Република Македонија

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го спроведе проектот,, Интернет – платформа за мапирање и следење на говорот на омраза во јавниот простор и медиумите ,, . Дел од активностите на овој проект што Хелсиншкиот комитет треба да ги спроведе се однесуваат на набљудување, бележење и известување за говор на омраза во јавниот простор и медиумите во реално време.

Анализа на состојбата на лицата со физичка попреченост во Република Македонија

Прашањето на попреченоста отсекогаш претставувало предизвик за нашите национални и локални власти. Никогаш досега не се нашле решенија кои навистина и доследно ќе им излезат во пресрет на потребите на лицата со попреченост, кои би овозможиле почитување на вроденото достоинство, вредност и еднаквите неотуѓиви права на овие членови на нашето општество.

Анализа на состојбата на лицата со интелектуална попреченост и комбинирани пречки во Република Македонија

Очекувањата за лицата со интелектуална попреченост (ИП) не се ништо повеќе од подигнување на свеста за нивното постоење и неопходното решавање на проблемите. Промовирањето на правата на овие лица и обезбедувањето услови за целосно уживање на нивните права не е никаква привилегија, туку едноставно подразбира нивно активно вклучување како граѓани на ова општество кои имаат еднакво право на живот како и другите, создавање семејство и одгледување на сопствени деца, право на образование и работа, учество во социјалниот живот. За остварување на овие права потребно е креирање на животна средина без бариери, но и охрабрување за овие лица да живеат независно, придонесувајќи во општеството од секаков аспект.

Анализа на состојбата на лицата со физичка попреченост во Република Македонија

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот ,,Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија подготви, Анализа на состојбата на лицата со физичка попреченост во Република Македонија.

Анализата ги содржи наодите од истражувањата за потребите за промени на лицата со физичка попреченост спроведени во неколку области: социјална заштита, образование, здравствена заштита, вработување и квалитет на живот. Анализата дава заклучоци од утврдените состојби во секоја од областите и препораки за законски и подзаконски измени како одговор на утврдените состојби, а со цел подобрување на состојбата на лицата со физичка попреченост и нивно целосно интегрирање во општеството.

Анализа на усогласеноста на одредбите од Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство со стандардите од Истанбулската конвенција

Насилството врз жените, вклучувајќи го насилството во семејството претставува кршење на човековите права на жртвите и пречка за остварување на нивните фундаментални слободи и права. Илјадници жени низ Европа не ги уживаат своите права и се жртви на родово базирано насилство и насилство во семејството. Тие страдааат се повеќе од емотивно и сексуално злоставување од своите партнери, но и од другите членови во семејството.

Анализа на законодавството на Република Македонија во однос на дискриминацијата заснована на сексуална ориентација и родов идентитет

Во дваесеттиот век, по движењето за современите геј-права во 1969 година, општествата започнаа да дебатираат за хомосексуалноста. Правниот и социјалниот статус на лезбијките, геј- мажите, бисексуалците, трансродовите, интерсекс и квир лица (ЛГБТИК) значително се разликува низ светот и продолжува да биде
остро оспоруван во политичките и религиозните дискусии на многу места.

Анализа на законската рамка во однос на правата на ЛГБТИ – заедницата

Хомофобијата и трансфобијата и по повеќе од 25 години независност на Република Македонија сè уште се силно присутни во речиси сите сегменти од секојдневниот живот. Домашните и меѓународните извештаи за состојбата со правата на ЛГБТИ-лицата, без исклучок, ја посочуваат положбата на заедницата како една од најлошите во Европа. Отсуството на политичка волја, отворената хомофобија од високи претставници на институциите и нефункционалноста на правниот систем, се јавуваат како главни пречки за остварување на
принципот на еднаквост на сите граѓани.

Анализа: Пристап на жените до правда

Анализата пред Вас е резултат на истражувањето што го направи Здружението за еднакви можности „Еднаков пристап“ во соработка со Македонското здружение на млади правници во рамки на акцискиот грант „Пристап на жените до правда“ поддржан од Цивика Мобилитас, и се однесува на согледување на бариерите кои го попречуваат пристапот на жените до правда.

Анализа за бариери за активно вклучување на жените од ранливите категории на пазарот на труд

Целта на проектот e да промовира економско зајкнување на жените на локално ниво како фактор за подобрување на родовата еднаквост. Преку специфичните цели на проектот ќе се настојува: да се утврдат главните фактори кои негативно влијаат на ниското учество на пазарот на трудот на жените од ранливите категории; да се олесни пристапот на жените од ранливите категории на пазарот на труд и да се воспостави
соработка со сродни организации од Косово, размена на искуства, практики и предлагање решенија.

Анализа за стратешко водење на предмети во судска постапка од областа на дискриминација

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) активно работи во областа на заштитата од дискриминација веќе неколку години. Така, здружението беше меѓу првите кое подготви извештај за потребата од донесување закон за заштита од дискриминација, а потоа и анализа на ефикасното спроведување на новодонесениот закон од страна на институциите. Проектот „Борба против дискриминација преку стратешко застапување, зајакнување на улогата на граѓанските организации, е проект поддржан од Фондација – Отворено општество кој се спроведува во периодот од две години (септември 2012 – 2014 г.)

Analizë e monitorimit të realizuar mbi rastet gjyqësore nga fusha e krimit të organizuar dhe korrupsionit

Koalicioni “Të gjithë për gjykim të drejta” paraqet një organizatë në të cilën janë anëtare 15 organizata të shoqërisë civile nga i tërë territori i Republikës së Maqedonisë. Misioni themelor në ekzistimin e deritanishëm është monitorimi i respektimit të të drejtave dhe lirive të njeriut, veçanërisht standardeve ndërkombëtare për gjykim të drejtë përmes formave të ndryshme të veprimit. Me zhvillimin e programit për monitorim të lëndëve gjyqësore në lidhje me korrupsionin, Koalicioni filloi në vitin 2007 përmes një faze pilot gjashtëmujore të quajtur “Vlerësimi i Nevojave për zhvillimin e programit për monitorimin e korrupsionit në Republikën e Maqedonisë”.

Analysis of the implementation of the Law on free legal aid including analysis of costs (cost-benefit analysis) for its implementation with special focus on the gender perspective

Analysis of the implementation of the Law on free legal aid including analysis (cost-benefit analysis) of the costs of its implementation with special focus on the gender perspective’ is a document that Association for Equal Opportunities Equal Access prepared it within the project Network 23 with a financial support of the Institute for European Politics (EPI)-Skopje in partnership with the Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia and the Centre for Change Management.

Бела книга за состојбата со говор на омраза во Република Македонија

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го спроведe проектот „Интернет-платформа за мапирање и следење на говорот на омраза во јавниот простор и медиумите“. Дел од активностите на овој проект што Хелсиншкиот комитет треба да ги спроведе се однесуваат на набљудување, бележење и известување за говор на омраза во јавниот простор и медиумите во реално време.

Без закони, се е џабе – потребите на ЛГБТ заедницата во Македонија

Политичката нестабилност и социјална нееднаквост доминираа во пост-Југославија, за време и по нејзиното распаѓање (Bilic, 2016; Sajo, 1998). Во транзицискиот период на овие постсоцијалистички општества, недовербата во државните институции придонесе кон зголемена наклонетост кон Православната црква (Inglehart & Baker, 2000; Tomka, 2011). Црквата стана сèприсутна општествена и политичка сила која креираше идеологии и норми кои ги дефинираа општествените очекувања во многу земји, вклучувајќи ја тука и Македонија.

Бездомништвото околу нас: јавно, скриено, потенцијално

Публикацијата е посветена на проблематиката на бездoмништво и
претставува вистинска реткост во стручната и во научната литература во Република Македонија. Бездомништвото е специфичен и сложен социјален феномен и процес што се однесува на лицата што се изложени на мноштво социјални ризици, кои се маргинализирани и кои најчесто живеат во сиромаштија и во социјална исклученост. Практиката и политиката што се преземаат кон бездомниците како ранлива категорија
ги надминуваат националните рамки имајќи превид дека профилот на лица што се
бездомници е променлив и во поново време вклучува категории како имигранти, млади луѓе и деца.

Богатството и сиромаштијата во Македонија 2008-2012

Општествените прилики во некои од поранешните југословенски републики се добро познати по тоа што се најлоши во Европа,поради примената на строги неолиберални политики по распаѓањето на федерацијата. Уште од стекнувањето на независноста, повеќе од 20 години, Македонија е на социјалното дно во Европа. Висока невработеност, висока сиромаштија, бесперспективност.

Broshura për tëdrejtat e konsumatorëve që rrjedhin nga kontrat specifike

Gjithmonë kur realizojmë transakcione nga fusha e qarkullimit të mallrave dhe shërbimeve, kur në këto marëdhënie kontraktuese hyjmë për nevoja personale ose të familjes sonë, ne jemi konsumatorë.

Брошура за механизми за заштита на човековите права

Од исклучителна важност е граѓаните да ги познаваат своите права, за да можат да препознаат кога им е сторена повреда на правата, но и да знаат за начинот на кој можат да ги заштитат.Поради ова, Хелсиншкиот комитет за човекови права, во соработка со Институтот за општествени и хуманистички науки, во 2014 година направи истражување за разбирањето и познавањето на граѓаните за човековите права и механизмите за заштита.

Cfarë duhet të dijnë dhe të praktikojnë të punësuarit në administratën publike?

Detyra dhe qëllimi kryesor i administratës publike është të jetë servis i qytetarëve në procesin e realizimit të të drejtave të tyre. Që të realizohet detyra dhe qëllimi kryesor, të punësuarit në administratën publike ndjekin parime
të caktuara në punën e tyre.

Член 3:Резиме на предлог промените за внесување на сексуалната ориентација и дискриминација во законот за спречување и заштита од дискриминација

Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) донесен 2010 година како основи за дискриминација во член 3 не ги содржи сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Законот во оваа форма беше предмет на дебата и предизвика реакции на незадоволство на здруженијата кои ги застапуваат правата на ЛГБТИ заедницата и нивните поддржувачи. Исто така меѓународната јавност посочи на потребата од јасно дефинирање на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како дискриминаторски основи со што би се овозможила недвосмислена заштита на ЛГБТИ лицата.

Човековите права во полициска постапка

Меѓународното право за човековите права е обврзувачко за сите држави и притоа службениците кои го спроведуваат законот се должни да ги знаат и да ги применуваат меѓународните стандарди за човековите права. Ваквата дефиниција е дадена во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права1 во кои се уредува корпусот на права и нивната заштита.

Човековите права во процесот на лустрација

Лустрацијата, во однос на целта што треба да ја постигне, треба да биде дел од транзиционата правда која ќе овозможи полесен преод од поранешниот режим кон градење плурална демократија заснована врз принципот на владеење на правото и почитување на човековите права. Од историски аспект, лустрацијата
претставува инструмент на морална деквалификација кој пред сè зависи од процесот на транзиција, но и од суровоста на минатиот режим. И покрај тоа што во литературата не можат да се сретнат објаснувања за различната имплементација на процесот на лустрација и за нејзината честа злоупотреба за политички цели,
сепак, во сите дефиниции се напоменува дека лустрацијата, како процес, може да биде единствено ефикасна ако се спроведе веднаш по смената на поранешниот систем, а нејзиното правилно спроведување најмногу ќе зависи од реакцијата на јавноста за потребата од лустрација.

CICR in Saraj – How to Make it Yield Positive Results in Protecting Minority Rights at the Local Level ?

Inter-ethnic coexistence is one of the fundamental values of multiculturalism and is a precondition for maintaining the stability of a particular country and the development of its democracy ( Kis 1996, Linz and Stepan 1996, Alonso and Ruiz- Rufino 2007).

Декларација на правата на сексуалните работници во Европа

Низ Европа се применуваат најразлични пристапи кон сексуалната индустрија и женските, машките и транссекусалните сексуални работници – вклучувајќи ги и сексуалните работници мигранти, кои варираат од прифаќање на сексуалната работа како вид на труд и воведување на работнички права за сексуалните работници до криминализирање на цел еден дијапазон од активности поврзани на овој или оној начин со сексуалната работа, што на моменти води и до криминализација на самиот статус на сексуалните работници, нивните партнери или клиенти.

Детските права во Македонија од страна на децата

Извештајот во сенка, подготвен од страна на децата има за задача да презентира податоци кои засегаат што поголем број на детски права од Конвенцијата за правата на детето, се со цел да претстави поточен приказ на степенот на нивното почитување во земјата.Овој извештај во сенка го направивме група деца и млади, членови на седум HBO-и и тоа: Женска граѓанска иницијатива „Антико“ – Кичево, Хуманитарна организација „Мајка“ – Куманово, Совет за превентива од малолетничка деликвенција – Кавадарци, Центар за одржлив развој „Порта“ – Струмица, Центар за балканска соработка „Љоја“ – Тетово, Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Дискриминација на Ромите во образовниот процес, кршење на sидот на одбивање и сегрегација

Овој труд ја анализира генералната сoстојба во основното и средното образование која ги засега ромските ученици во Република Македонија. Намерата e да се постигне целта на проектот и да се илустрираат
постоечките проблеми, но, исто така, и да се прикаже напредокот во неколкуте области кои го засегаат образованието на оваа ранлива група.

Дискриминација, насилство и малтретирање врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Поради доминантниот сексизам и хомофобија во општествата во кои живеат, особено во конзервативните општества и земји, лезбијките, геј мажите, бисексуалците, транссексуалците, квир лицата и интерсексуалците (ЛГБТКИ) често се жртви на дискриминација, малтретирање и со ограничен пристап до услуги (Канцеларијата на високиот комесар за човекови права [OHCHR] Обединети нации, 2011 година). Насилството врз сексуалните малцинства и врз оние со поинакво родово изразување и идентитет е
видливо во сите региони на светот (OHCHR, 2011 година). Сексизмот, вклучувајќи ги тука хомофобијата и трансфобијата кои постојат во одредени региони и земји, негативно влијаат врз идентитетот на ЛГБТКИ лицата, по нив лично, во нивниот однос кон другите, врз нивното ментално здравје, како и врз севкупната благосостојба на овие лица.

Dispozitat pandershme n kontratat konsumatorë

Кëto janë disa rregulla shumë të rëndësishme gjatë lidhjes së kontratave edhe në raste kur kontrata
përmban dispozita të pandershme:
-Çdo herë me kujdes ti lexoni dispozitat e kontratës që kanë të bëjnë me të drejtat dhe obligimet tuaja.
-Kontrata duhet të jetë e shkruar në gjuhë të thjeshtë dhe të kuptueshme.
-Komunikoni në formë të shkruar. Në formë të shkruar kërkoni shpjegime plotësuese për çdo paqartësi të
cilën e keni ndaj kontratës.

Договори склучени вон деловните простории на трговецот

Кога ќе слушнеме договори склучени вон деловни простории најчесто помислуваме на договорите на
далечина. Под продажба на далечина се подразбира нудење на стока или услуга по пат на различни
средства на комуникација на потрошувач кои не е непосредно присутен, а кои може телефонски, со уплата
или на друг начин да изврши купување. Тука спаѓаат каталошката продажба, ТВ продажбата, тргување по
пошта, печатени испратници, рекламни материјали и нарачки, телефони, автомати и слично.

Doracak për të drejtat e konsumatorëve në lëndën shkathtësitë e jetesës

Lënda mësimore „Shkathtësitë e jetesës“ – e cila mësohet si lëndë zgjedhore në klasën e VII, VIII dhe IX – fokusohet në më shumë njësi tematike midis të cilave edhe mbrojtja e konsumatorëve. Doracaku dedikohet për mësimdhënësit të cilët e ligjërojnë lëndën ose do të realizojnë projekte të lira të nxënësve, përkatësisht aktivitete me nxënësit për mbrojtjen e të drejtave të tyre si konsumatorë.

Ефикасност, влијание и апсорпционен капацитет. Користење на фондовите на ЕУ во Република Македонија

Пристапувањето кон ЕУ е комплексен процес кој подразбира исполнување на политички, економски критериуми и споспбност за преземање на обрвските за членство имплицирајќи опсежни реформи во секоја сфера од општеството:политичка, економска, социјална, културна. Претходните проширувања на ЕУ покажаа дека исполнувањето на копенхагенските политички критериуми согласно кои државата кандидат за членство мора да поседува стабилни институции кои ја гарантираат демократијата, владеењето на правото и човековите права, заштитата на малцинствата претставуваат најголем предизвик и како такви имаат апсолутен приоритет во однос на останатите критериуми. За таа цел, ЕУ обезбеди политичка и финансиска поддршка, Инструментот за претпристапна помош (ИПА) ефикасно се насочува на активностите за поддршка на политичките критериуми. Сепак, обезбедувањето на помош од ЕУ е еден чекор, многу зависи од националните институции, aпсорпциониот капацитет, активната вклученост и посветеност, кои се клучни за успешно искористување на средствата и постигнување на посакуваните ефекти и придобивки за општеството.

Ефикасноста на судовите при справување со феноменот организиран криминал 2005/2006/2007

Појавата и развојот на трговијата со луѓе, како едно од најгрубите прекршувања на човековите права во време на ваква модернизација, технологија, наука и развој на човечкото општество, претставува дамка во историјата на човештвото и, пред се, тест пред кој се исправаат институциите на системот, организациите, граѓаните во светот.

ЕУ и активистичките организации во Република Македонија

Во последниот извештај за напредокот на Република Македонија, Европската комисија во делот на политичките критериуми и граданските општества, го нагласува недостигот на дијалог помеѓу граѓанските организации и Владата, со посебен акцент на организациите кои се занимаваат со: социјална реформа, родова еднаквост, Ромите и правата на ЛГБТИ. Исто така, извештајот во поглавјето 19, делот наменет за социјална политика и вработување, го нагласува високит процент на сиромаштија и недостигот на институционален капацитет за креирање политики и стратешки план и обезбедување финансии за справување со сиромаштијата (Европска комисија, 2013). Покрај извештајот на Европската комисија, овој проблем е потврден и од скоро сите анализи на домашните граѓански организации кои за фокус ја имаат оваа проблематика. Податоците од анализите на домашните организации се употребени во оваа студија.

Факултативен протокол кон Конвенцијата за правата на децата кој се однесува на вклучување на децата во вооружени конфликти

Земјите членки на овој протокол, Охрабрени од преголемата подршка на Конвенцијата за правата на детето, која ја покажува широко распространетата определеност што постои за унапредување и заштита на правата за детето. Потврдувајќи дека правата на децата бараат посебна заштита и повикувајќи на постојано подобрување на положбата на децата без разлика, како и нивниот развој и едукација во услови на мир и безбедност. Вознемирени од штетното и трајно влијание кое вооружените конфликти го имаат врз децата и
долгорочните последици кои ги оставаат врз трајниот мир, безбедност и развој. Осудувајќи кога децата се избираат за цели во ситуации на вооружен конфликт и директни напади врз објекти заштитени со меѓународното право, вклучувајќи ги и местата каде што општо се присутни голем број на деца, како што се училиштата и болниците.

First Aid Kit – A Know How Guide for Student Researchers

The book First Aid Kit – A Know How Guide for Student Researchers is a guide for student organizations, NGOs, Student activists and everyone who is interested in the problems of higher education and who seek different methods for monitoring them.

Forcim i organizatave të konsumatorëve për shërbime më të mira komunale në Evropën Juglindore

Politika e konsumatorit kërkon një sërë dispozitash ligjore dhe veprimesh institucionale për të mundësuar mbrojtjen e të drejtave dhe interesave të konsumatorit ndaj tregtarëve, në mënyrë që të rivendosë çekuilibrin ekonomik dhe ligjor mes këtyre dy palëve. Ky ishte arsyetimi prapa vendosjes së ligjit për konsumatorin e BE – së, i cili ka ofruar një volum të konsiderueshëm të akteve nënligjore dhe të jurisprudencës në pothuajse dyzet vitet e fundit.

Формулар за документирање случаи

Формулар за документирање случаи за прекршување на правата на ЛГБТИ, корисници на дроги, лица кои живеат со ХИВ и сексуални работници

Freedom Safeguarding andsecurity, a new sense of common purpose

For over 60 years, NATO has successfully protected our populations and our principles. The transatlantic bond has been a wise investment that has delivered security dividends year after year. At our NATO summit in Chicago we will
shape an Alliance that is capable of overcoming the economic crisis of today, while guaranteeing for tomorrow.
With more than 130,000 troops, the NATO-led International Security Assistance Force in Afghanistan remains our most important mission. Fifty Allies and partners are determined to ensure that the country will never again be a base for global terrorism. At our last NATO summit, in Lisbon in 2010, we agreed to a process of transition of our security responsibilities to the Afghan authorities by the end of 2014.

Годишен извештај на коалицијата С3ПМ3-(2013)

Во текот на 2013 година ЛГБТИK-луѓето во Република Македонија продолжија да се соочуваат со физичко и психолошко насилство, со говор на омраза, со дискриминација и хомофобија во образованието, во медиумите, во политичкиот живот и во другите општествени сфери на јавниот и приватниот живот.

Годишен извештај на коалицијата С3ПМ3-(2014)

И во 2014 година продолжи негативниот тренд на неказнето физичко и психолошко насилство (говор на омраза) врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет (случај „Дамар“). Во 2014 година продолжи уште поорганизирано и борбата на ЛГБТИ активистите против физичкото насилство, говорот на омраза и структурното насилство,која кулминираше со неколку јавни протести пред Јавното обвинителство, во организација на Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата (НМХТ). За жал, за повеќето случаи на хомофобично насилство „Истрагата е сеуште во тек“, а хомофобичните напаѓачи на „Дамар“ и на „ЛГБТИ Центарот за поддршка“ сеуште не се пронајдени и изнесени пред суд.

Годишен извештај на коалицијата С3ПМ3-(2015)

Здравствените права на луѓето што употребуваат дроги се загрозуваат од многубројните прекршувања
на нивните човекови права при контакт со полицијата. Криминализацијата на луѓето што поседуваат дрога за лична употреба го загрозува нивното право на здравје. Најбројни жртви на повреди на правата во полициските акции за „сузбивање на дрогата“ се рекреативните корисници на „тревкаста материја“. Лицата што се лекуваат од зависност од дрога укажуваат на многубројни повреди на нивните здравствени права при контакт со полициски службеници: повреда на правото на лекување преку незаконито одземање и/или истурање на метадонската терапија, повреда на правото на приватност и доверливост во однос на медицинските податоци, вознемирување на клиентите во центрите за намалување штети, ускратување
на правото на лекар во случаи на апстиненцијална криза и искористување на симптомите на апстиненцијална криза за изнудување признанија, присилување на тестирање за урина без согласност, итн.

Годишен извештај на коалицијата С3ПМ3-(2016)

Во текот на 2016 година, Коалицијата СЗПМЗ не бележи напредок во однос на подобрувањето на состојбите со сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници, вклучително и заштитата од дискриминација и насилство. Со оглед на тоа што во 2016 година се организираа парламентарни избори и земјата се наоѓаше во политичка криза, можностите за застапување за подобрување на почитувањето на човековите права на маргинализираните заедници пред институциите речиси и да не постоеја. Повеќето од активностите на граѓанските организации беа фокусирани на застапување на локално ниво, јакнење на капацитетите на локалните самоуправи, други надлежни институции и самите заедници, застапување кон политичките партии во предизборниот период, активности за зголемување на свеста за правата на маргинализираните заедници и, секако, давање директни услуги и сервиси на маргинализираните заедници.

Годишен извештај за криминалот од омраза во 2014 год.

Овој извештај е резултат на проектот „Унапредување на националната инфраструктура против
злосторства од омраза и говор на омраза“, финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје,
а спроведен во периодот помеѓу 1 јануари и 31 декември 2014 г. Главната цел на проектот е да
се зголеми разбирањето и засили капацитетот на институционалните и граѓански општествени
чинители за ефикасно справување со злосторство од омраза и говор на омраза во согласност
со домашното законодавство, заложбите на ОБСЕ и меѓународните стандарди. Една од главните
цели на проектот е да се зголеми капацитетот на правните практичари и граѓанското општество
за проследување и пријавување појави на злосторства од омраза во земјата. Овој извештај се
предвидува да послужи како индикатор на опсегот, природата и зачестеноста на злосторствата
од омраза извршени во земјата.

Годишен извештај за криминалот од омраза во 2015 год.

Овој извештај е резултат на проектот „Зајакнување на националните капацитети за справување
со криминал од омраза и говор на омраза“, финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во
Скопје, а спроведен во периодот помеѓу 1 јануари и 31 декември 2015 г. Главната цел на проектот
е да се зголеми разбирањето и да се засили капацитетот на институционалните и граѓанските
општествени чинители за ефикасно справување со злосторството од омраза и говор на омраза во
согласност со домашното законодавство, заложбите на ОБСЕ и меѓународните стандарди. Една
од главните цели на проектот е да се зголеми капацитетот на правните практичари и граѓанското
општество за проследување и пријавување појави на злосторства од омраза во земјата. Овој
извештај се предвидува да послужи како индикатор на опсегот, природата и зачестеноста на
злосторствата од омраза извршени во земјата.

Годишен извештај за криминалот од омраза во 2016 година.

Севкупната цел на овој проект е да придонесе за изготвување на ефективни и одржливи
механизми на владеење на правото и правен систем што ќе ги штити правата на сите граѓани(к)и. Во
таа насока, ОБСЕ продолжи да им помага на националните чинители во усвојувањето и кроењето
на подобрувањата на законодавството што ги регулира злосторствата од омраза и говорот
на омраза, да ги подобри капацитетите на релевантните институции и граѓански организации
за справување со овие феномени, да ја зголеми свеста кај општата и експертска јавност за
последиците на инцидентите предизвикани од пристрасност и да ја прошири регионалната
академска размена.

Годишен извештај за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници

Како резултат на едногодишниот процес на мониторирање, беа документирани 40 случаи во кои се индицираат флагрантни кршења на сексуалните права и здравствените права на припадниците на маргинализираните групи. Документирани се 14 случаи на дискриминација врз КД, 11 случаи на дискриминација врз СР, 1 случај на дискриминација врз ЛГБТ-лицата, 2 случаи на дискриминација на лица кои живеат со ХИВ/СИДА. Документирани се 11 случаи на насилство врз СР, 3 случаи на насилство врз ЛГБТ-лицата, 2 случаи на дискриминација на лица кои живеат со ХИВ/СИДА, што укажува на висок степен на корелацијата помеѓу насилството и дискриминацијата.

Годишен извештај Здравствени и сексуални права на припадници на маргинализирани групи (корисници на дрога, лица што живеат со ХИВ, сексуални работници и ЛГБТИК)2012

Законот за заштита на правата на пациентите (2008) сеуште не е имплементиран, не обезбедува ефективна заштита, и нема одредби кои се посебно фокусирани на здравствените потреби на припадниците на маргинализираните групи. Во здравствените установи каде што најчесто се лекуваат припадници на маргинализирани групи сеуште нема назначено правни советници од редот на вработените во Министерството за здравство.

Handbook for Application of the Human Rights Based Approach

This Handbook aims to help CSOs, and their partners, understand the meaning of the term “Human rights-based approach”, its principles, content, and its method of application in everyday work in the context of Macedonia. Thus, the chapters are laid out in a simple format to guide the reader through all the fundamentals of HRBA and to provide direction for where further information can be found. Most importantly, the practical objective of the Handbook is to build capacity within CSOs for how they can apply HRBA during the preparation and implementation of strategic documents, programmes, projects and individual activities. The Handbook aspires to set HRBA as a cornerstone for all CSOs in Macedonia and to inspire and inform on the practical arrangements needed to ensure more equitable access to public goods, services and justice.

Холистички извештај за лицата со попреченост во Република Македонија

Холистичкиот извештај за човековите права на лицата со попреченост во Република Македонија се спроведе во рамките на проектот „Слушнете го нашиот глас“, финансиран од Европската унија. Спроведувач е Отворете ги прозорците во партнерство со Центарот за ориентација во заедницата од Белград. Истиот е дел од глобалната иницијатива на DRPI – Меѓународната промоција на правата на лицата со попреченост. Овој холистички извештај, покрај анализата за субстантивните права во погоре наведените области, се занимава и со прашањето на назначување на национален механизам за набљудување во Република Македонија.

Хомосексуалноста во образованието во Република Македонија

Државите имаат обврска да обезбедат образование насочено кон целосниот развој на човековата личност и кон зајакнување и почитување на човековите права и основни слободи. Токму затоа, образованието мора да биде ослободено од сите форми на дискриминација. Следствено, образовните програми и материјали треба да бидат ревидирани за да не содржат елементи, не само од расна, верска и од етничка дискриминација, туку и од дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и на родот (вклучително и на родовиот идентитет и / или изразување).

I ueb transparencës

Në kuadër të projektit “Qytetari në vend të parë” është bërë analiza e transparencës së ueb faqeve të njësive të vetëqeverisjeve lokale me qëllim që të përcaktohet se sa vetëqeverisjet lokale me transparencë i publikojnë informacionet për qytetarët dhe palët e interesuara.

Имплементација на меѓународните стандарди за фер и правично судење

Коалицијата ,, Сите за правично судење” е мрежа на 19 организации активни на полето на заштита на човековите права и владеење на правото. Основната мисија на Коалицијата се однесува на почитувањето на човековите права и слободи, особено на меѓународните стандарди за правично судење преку разни форми на делување во настојувањето да се зголеми нивното имплементирање, да се иницираат институционални и правни реформи, како и да се врати довербата на граѓаните во судството и другите институции на системот.

Инфотека: Правна област

Не е потребно да сте правник или да консултирате адвокат за секој договор што сакате да го склучите.Ако имате деловна способност (определена возраст во РМ 18 години,  и сте ментално здрави и способни за расудување) не е потребно ништо друго, освен уште една страна за да склучите договор. Но, секако е добра идеја да се консултирате со адвокат пред да потпишете комплексен договор што подразбира вложување и на голема сума пари – купување на стан, куќа или реновирање по пат на клуч на рака и слично.

Истражување за правото на сопственост и наследното право на жените во Полошкиот регион

Една од дискриминаторските димензии на жените е нееднаквиот пристап во поглед на сопственоста и имотното наследство. Потврдено е дека негирањето на правото во имотно наследство влијае многу врз економската стабилност и независност на жената во општеството. Различните истражувања покажуваат дека клучни причини за отстранување на жената од имотното наследство, кои ја ставаат жената настрана од овој
процес, се традицијатата и обичаите. Во многу структурални патријархални општества се случува појава на исклучување на жената од правото на имотно наследство, како резултат на применување на норми и обичаи низ генерации.

Истражување за примената на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од страна на новинарите

Недоволно познавање на новинарите на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Само 50% од анкетираните новинари се целосно запознаени со ова свое право. Новинарите ја оценуваат достапноста до информациите од јавен карактер како тешка, и тоа делумно или целосно. Притоа, ниту
еден од анкетираните не оценил дека пристапот до информациите е лесен.

Истражување за разбирањето и познавањето на граѓаните на човековите права и механизмите за заштита при нивно прекршување

Овој дел од извештајот содржи опис на методологијата и процедурата користена во спроведувањето на истражувањето. Истражувањето реализирано во рамки на проектот „Зголемување на транспарентноста
и подобрување на владеењето на правото преку следење и известување за прекршувањето на човековите права во Република Македонија“, што го спроведува Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република
Македонија, а е поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија, ги опфаќа: мислењата, сфаќањата и информираноста на граѓаните во врска со човековите права и институциите што се занимаваат со овие прашања и треба да ги штитат овие права.

Истражување за успешноста на Декадата на Ромите во високото образование, 2004-2014 г.

Институтот за човекови права (ИЧП), во соработка со Централниот европски универзитет (ЦЕУ) од Будимпешта, го имплементише проектот „Roma Placement Program“, од мај до декември 2015 г. кој има за цел ангажирање дипломирани Роми во невладини неромски организаци во период од една година. Проектот беше спроведен во Македонија и во Србија, а беше финасиран од National Endowment for Democracy. Во рамки на проектот, Институтот за човекови права, од септември 2015 до март 2016 година, спроведе истражување со цел да се дојде до вкупниот број запишани и дипломирани Роми на државните и на приватните факултети во Република Македонија во периодот од 2004 до 2014 година. Потребата за ова истражување произлезе од недостатокот на податоци и извештаи во врска со Декадата на Ромите во високото образование, за периодот 2005-2015 година, поточно, недостасуваа истражувања конкретно за запишани и за дипломирани Роми во високото образование.

ИЗМЕНИ ЗА ПРАВЕН СИСТЕМ БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА

Овој документ за јавни политики е продуциран во рамките на проектот: „Граѓани во Собрание: Законодавни иницијативи за човекови права“, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Фондацијата за демократија Вестминстер. Преку проектот се поддржани 11 иницијативи за промени на закони што се однесуваат на човековите права во повеќе области: образование, здравствена заштита, социјална заштита, медиуми, судство, дискриминација итн.

Измени за правен систем без дискриминација

Овој документ за јавни политики е продуциран во рамките на проектот: „Граѓани во Собрание: Законодавни иницијативи за човекови права“, финансиран од Европската унија и кофинансиран од Фондацијата за демократија Вестминстер. Преку проектот се поддржани 11 иницијативи за промени на закони што се однесуваат на човековите права во повеќе области: образование, здравствена заштита, социјална заштита, медиуми, судство, дискриминација итн. Иницијативите се реализираат од страна на 12 организации што се директно вклучени во процесот на донесување закони преку: (1) Едукација за истражувања и документи за јавни политики; (2) Јакнење на соработката меѓу медиумите и граѓанскиот сектор; и (3) Интензивирање на
соработката со собранието и граѓанските организации.

Извештај од истражување: Пристапноста и инклузивноста на судовите во Македонија

Истражувањето претставено во овој извештај се однесува на досегашните искуства и иницијативи во обезбедување пристапност и инклузивност на судовите во Македонија. Истражувањето е дел од проектот „Имам право на еднаков пристап до правда“ , спроведуван од здружението „Отворете ги прозорците“. Проектот е дел од шемата за регрантирање на граѓански организации, во рамките на Проектот „Мрежа 23+“ ИПА 2015/372-126, финансиран од Европската Унија. Проектот „Мрежа 23+“ го спроведуваат ЕПИ, како носител на проектот, во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Извештај од мониторингот на спроведувањето на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство

Целта на овој извештај е да даде преглед на досегашната примена на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство (ЗПСЗСН) и прави обид да одговори на прашањето за неговата ефикасност. Потребата за изработка на овој извештај произлегува пред сѐ од фактот што се работи за Закон кој беше промовиран како новина во системот на заштита од семејно насилство и кој требаше да обезбеди ефикасна заштита на жртвите, но и да гарантира координирано постапување на институциите.

Извештаj од посетата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Р. Македонија на специјалните установи и психијатриските болници во Р.Македонија за 2011 и 2012 год.

Хелсиншкиот комитет за човекови права во јули 2011 година започна со спроведување на проектот “Набљудување на имплементацијата на националниот превентивен механизам за спречување на тортура и друг вид нечовечко или понижувачко постапување или казнување на територијата на Република Македонија“, финансиски поддржан од страна на Фондацијата oтворено општество – Македонија.

Извештај од регионалното мониторирање

Независното мониторирање и документирање на човековите права, се ценет извор на информации за владите и граѓанското општество бидејќи ти бараат да се унапредат во гарантирањето на човековите права на лицата со ментални здравствени проблеми. Овој извештај е јасен повик за освестување како и за поголемо дејствување од владите кои ја ратификувале Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидност
(КПЛИ), конвенција којашто Албанија ја ратификуваше во 2012 година, Србија во 2009 година, а Македонија во 2011 година.

Извештај во сенка за Поглавје 23

Основната цел на проектот „Мрежа 23+“, што го реализираат Институтот за европска политика – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, е структуриран придонес на граѓанското општество во следењето и оценувањето на политиките опфатени со Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права.

Извештај за работата на СОС телефонот за деца и млади 080012222

Извештај за сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници 2011

Законот за заштита на правата на пациентите не заживеа. И во 2011 Министерството за здравство не ги исполни сите обврски кои произлегуваат од законот – назначување советници, формирање комисии итн. Иако Министерството за здравство беше задолжено да достави информации за формираните комисии
за правата на пациенти, министерството продолжи со нетранспарентноста. Министерството за здравство не ги надмина бариерите за отворање нови центри онаму каде што зависниците од дрога се принудени да патуваат големи растојанија за да земат терапија. Постојниот опфат на бесплатните програми за лекување е премал во однос на потребите на зависниците од дрога.

Извештај за сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници во Република Македониja(2010)

Централен настан во 2010 г. беше донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација
(Службен весник на РМ, бр. 50 од 13.04.2010 година). Уште при контроверзната промоција на предлог-зако-
нот министерот за труд и социјална политика изјави дека сексуалната ориентација не влегла во законот „од
причини што тоа не е во согласност со уставот и законите во Република Македонија». И покрај домашната
и меѓународната реакција поради бришењето на сексуалната ориентација, министерството продолжи да
го застапува ставот на Владата дека сексуалната ориентација „не треба да биде еден од основите за дискри-
минација“.

Извештај за состојбата на правата на децата во Република Македонија

Република Македонија е земја потписничка на Конвенцијата за правата на детето и двата нејзини Протоколи: Факултативниот протокол за продажба на деца, детска проституција и детска порнографија и Факултативниот протокол за учество на деца во вооружени конфликти.Република Македонија има преземено обврска дека во согласност со членот 44 од Конвенцијата ќе поднесува до Комитетот на Обединети нации (ОН) за правата на детето иницијални и периодични извештаи за примената на Конвенцијата и мерките кои ги има усвоено, а придонесуваат за остварување на правата и напредокот во нивното спроведување.

Извештај за спроведувањето на Препораката CM/Rec(2010)5 на Kомитетот на министри на Советот на Европа за мерките за борба против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во Република Македонија

На 31-ви март 2010 година, Комитетот на Министри на Советот на Европа усвои Препорака за земјите-
членки во однос на „мерките за борба против дискриминација врз основа на сексуална ориентација или
родов идентитет“. Тоа беше историски момент. Препораката, како што изјави Генералниот Секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, е првиот меѓународен правен инструмент кој се занимава специфично со дискриминацијата по овие основи, која ја опиша како „една од најдолготрајните и најтешките форми на
дискриминација со која може да се соочиме“.

Извештај за заштита на човековите права при полициска злоупотреба и при тортура 2008

Проектот за поддршка на човековите права кој се имплементира од 2004 година беше реализиран и во 2008 година. Основна цел на Проектот за поддршка на човековите права е да обрне внимание на употребата на незаконска физичка или ментална сила, од страна на овластените службени лица на Министерството за внатрешни работи, во текот на вршењето на нивните службени задачи и да помогне во развојот на ефективен механизам за заштита на човековите права.

Известување во интерес на јавноста – Заштитата на етичките принципи на известувањето низ работата на Комисијата за жалби и поплаки

Цел на оваа публикација е да понуди осврт врз почитувањето на некои од основните принципи на новинарската етика и преглед на најкарактеристичните одлуки на Комисијата за жалби.

Известувањето на медиумите за лицата со попреченост

Во медиумската сфера во Македонија во последните неколку години се случуваат големи промени. Постојано се  бележи постојан пад на скалата на слободата на медиумите според оценките на релевантни и професионални меѓународни здруженија. Слободата на медиумите со години назад се наоѓа и во ѐабелешките на Европската унија во Извештајот за напредокот на Република Македонија. Постои висока
поларизираност и меѓу електронските и меѓу печатените медиуми, според нивната наклонетост кон една или друга политичка структура. Огромен дел од медиумите го имаат изгубено својот углед токму поради заземањето сервилен и непрофесионален однос кон одредени теми и случувања во земјата.

Како да ги остварам и заштитам моите права? Колку ќе ме чини тоа?

Овој водич содржи краток и јасен опис на најчестите правни проблеми со кои се соочуваат граѓаните, правата и условите за нивно остварување и преглед на видовите и висината на трошоците што произлегуваат од овие постапки. Важен дел од водичот се упатствата за можностите и начините за ослободување од плаќање на трошоците во судските и во управните постапки за лицата кои не се во можност да ги покријат.

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ ВИДЕО

„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна д ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Елена Петровска, која ја промовираше Сигурната куќа: „Порано немаше каде да се побегне, да се најде засолниште во моментите кога тоа е најпотребно, затоа ние ја создадовме Сигурната куќа.“

Казненопоправен одговор на организираниот криминал

Во насока на спречување на организираниот криминал, пред се на трговијата со луѓе како една од најсериозните облици на злоупотреба на основните човекови права, во Република Македонија, во изминатите неколку години засилено беа преземани активности од страна на различни институции и организации во различни сфери на делување.

Koha për të udhëtuar

Кoha është për udhëtim, udhëtim i cili mund të jetë për biznes ose për kënaqësi. Udhëtimi duhet të jetë i organizuar që të na ofroj relaksim. Udhëtimi më së shpeshti ofron mundësi që të njoftohemi me vende dhe kultura të reja , mundësi për sport dhe kënaqësi. Udhëtoni çdo herë kur keni mundësi dhe kur nuk keni obligime.

Кој се грижи за негователките и негователите?

Во рамки на системот за долготрајна нега во Македонија не постојат политики за директна помош и поддршка на негувателките и негувателите. Семејствата во најголема мера сами го носат товарот
за негата, додека пак постојните политики не ги препознаваат нивните потреби. Во услови на сè поголема потреба за долготрајна нега како резултат на стареењето на населението, ниските стапки на наталитет, како и миграциските текови, особено е важно да се дизајнираат политики и мерки за помош и поддршка на неформалните негувателки и негуватели како дел од еден сеопфатен систем за долготрајна нега.
Овој документ се фокусира на неформалните негувателки и негуватели, односно членовите на семејството,
пријателите, соседите што пружаат нега на возрасни лица. Колку постојните мерки и политики содејствуваат со потребите и очекувањата на неформалните негувателки и негуватели, како и со идентификуваните проблеми во практиката, и какви мерки треба да се воведат за унапредување на нивниот статус и положба?

Konsumatorët dhe të drejtat e ture gjatë udhëtimeve të organizuara turistike

Udhëtimi jashtë vendit Tuaj të jetesës duhet të Ju paraqet kënaqësi. Prapëseprapë, me rëndësi është ti dini të drejtat e juaja! Në atë mënyrë ekziston besueshmëri e vogël se do të lejoni që t’ju shesin diçka që nuk e keni dashur, e nëse kjo ndodh, do të dini se si të reagoni dhe si të mbroheni!

Konsumatori dhe të drejtat kur blen produkte

Produkte të cilat nuk harxhohen gjatë përdorimit të parë janë, për shembull: këpucë, veshje, stoli, shtroje, qilima, perde, pajisje shtëpiake, mobile etj.
Prej nga duhet të fillojë konsumatori gjatë blerjes së këtyre produkteve?
Nga nevojat e tij, mjetet financiare, të shqyrtojë ofertën, të lexojë deklaratat e produkteve (përbërja, dedikimi etj, për shembull këpucë për shi ose për mot të thatë) me ç’rast mund të përdorë internetin për të parë si janë vlerësuar produkte të caktuara në forume të ndryshme të pavarura.

Kontrata të lidhura jashtë qendrave të tregtimit

Kur do dëgjojme për kontrata të nënshkruara jashtë hapësirave afariste zakonisht na kujtohen kontratat e lidhura në largësi.Me shitjen nga larg nënkuptohen ofrim i mallrave ose shërbimeve me ndihmën e mjeteve të ndryshme të komunikivit me konsumatorin i cili nuk është prezent por me anë të telefonit ose me pagesë ta realizoj blerjen. Këtu bëjnë pjëse shitjet nga katalog, fletë- njoftime të shtypura, materiale reklamuese dhe porosi, telefona, automate e të ngjashëm.

Координативно тело на локално ниво против семејно насилство

Подигање на свеста на граѓаните за промена на нивните ставови и однесувања во врска со семејното насилство (намалување на бројот на жртви на семејно насилство) и превенција.

Користење на actio popularis во случаи на дискриминација

Моделот на индивидуална правда многу често претставува неефективен инструмент за докажување на структурната и институционална дискриминација. Од тие причини, при констатација за постоење на
системска повреда на права, се користи правниот институт аctio popularis, кој е востановен така да претставува ефективен механизам за заштита во вакви случаи. Суштината на аctio popularis е втемелената
акција на другиот за заштита на преостанатите, со цел заштита на нивните права или, пак, заштита на принципот на еднаквост.

Користењето дроги и живеењето со ХИВ во образованието

Образованието е во исто време самото човеково право и неопходен предуслов за остварување на останатите човекови права. Образованието, како човеково право, е предвидено уште во самата Универзална декларација на човекови права со член 26, во кој, освен што се гарантира правото на образование за секого (член 26 (1)), се определува и дека образованието ќе биде насочено кон целосниот развој на човековата личност и кон зајакнување на почитувањето на човековите права и основни слободи (член 26 (2)). Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права дополнително ја определува улогата на образованието како алатка за оспособување на секој човек активно да учествува во слободното општество, да промовира разбирање, толеранција и пријателство.

Korrupsion, jo, më !

Në botë është e pamundur të ekzistojë një vend, në të cilin nuk është hasur ndonjëherë fjala korrupsion. Është
një ndër problemet, nga të cilët bota nuk mund të “shërohet”. Korrupsioni si problem haset kudo, duke filluar që nga përditshmëria jonë e zakontë e deri tek organet më të larta shtetërore. Rastet, në të cilat është hasur kjo problematikë globale janë të shumta, kurse hapat e marra për largimin, anashkalimin dhe përmirësimin e kësaj problematike janë shumë të rralla.

Корупција, не повеќе !

Во светот не постои место каде што не се среќава терминот корупција. Корупцијата е еден од проблемите од кои светот не може да заздрави. Како проблем таа се среќава во секојдневието, но и во највисоките државни институции. Случаите во кои се среќаваме со оваа глобална проблематика се многубројни, но чекорите кои што се преземени за одалечувањето, поправањето и решавањето на овој проблем се малубројни. Со еден збор кажано, превземените чекори и иницијативи за третирање на оваа проблематика и борба со истата не се доволно силни.

Кратка збирка на информација за едукација на млади Роми и не-Роми за ромскиот холокауст и геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна

Потребата за образование за сеќавање се гледа како алатка за зајакнување на идентитетот на младите Роми и како алатка за борба за човековите права и против дискриминација. Згора на тоа, потребата за овие видови на образовни алатки, исто така може да се види во сѐ поголемиот говор на омраза кон Ромите, од кои голем дел се однесува и за геноцидот! Говорот на омраза и злоупотребата се закануваат на основните вредности и принципи на демократијата и човековите права и тоа е неприфатливо.

Кривично-правната заштита за кривичните дела против слободите и правата на човекот

Целта на оваа анализа е да даде информација за тоа колку граѓаните ја користат можноста да пријават кривични дела против нивните права и слободи, вклучително и избирачките права, колку јавното обвинителство гони за овие кривични дела по службена должност и како постапувале судовите во
постапките поведени за овие кривични дела во последните пет години.

Limited Progress : Reiterated recommendations

The country report (2016) and the Enlargement Strategy (2016) highlight and welcome the entry into force of the Stabilization and Association Agreement (SAA) on 1st April 2016. This step shows a continued commitment on both sides to foster EU related reforms and thus pave Kosovo’s way to joining the EU. Though, Kosovo remains
the only country not included in the Schengen visa-free list. The country report notes that the lifting of visa requirements for Kosovo citizens is pending until the two requirements a) demarcation process with Montenegro and b) fight against corruption and organized crime are fulfilled by the Kosovo government.

ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП – СЛОЖУВАЛКА ШТО НЕДОСТАСУВА

Родители жртвуваат кариера и даваат откази од работа само за да останат дома со своето хендикепирано дете. Зошто децата со хендикеп немаат соодветни услови за образование? Зошто не може да се спречи сегрегацијата при вработување на хендикепираните и како да престанат да се кршат нивните работнички права? Какви бариери им поставува државата? 10 до 15 отсто од граѓаните имаат некаков хендикеп, а нема кој да им излезе во пресрет. Исплашени, посрамотени и исклучени од општеството многумина од нив цел живот го минуваат затворени. Оваа видео сторија прикажува неколку животни приказни на лица со хендикеп кои го надминале тоа и недостатокот го претвориле во предност. Соговорниците потврдија дека тие се навистина сложувалката која недостасува.

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

 

Македонска Асоцијација за слободна сексуална ориентација

Република Македонија во процесот на демократска транзиција, ги прифати вредностите како владеење
на правото, и особено заштитата на основните права и слободи како неоделлив дел од овој стандард. Внатрешен елемент и идеја во овој поглед, исто така е и концептот на недискриминација и еднаквост. Сексуалната ориентација како многу чувствителен проблем, тесно поврзан со идејата на идентитетот на едно лице, се појави на агендата на етаблираните демократии и формира дел од се поголемото тело на интернационални норми и правната наука. Иако сеуште постојат проблеми и различни начини на интерпретација, постои заедничка основа за многумина од прашањата. Поради ова, Македонија како земја членка на Советот на Европа, и како земја кандидат за влез во Европската Унија треба да ја усогласи својата легислатива со главните легални концепти и да ги преземе одговорностите кои произлегуваат од членството во главниот чувар на човековите права и при исполнувањето на копенхашките ритериуми за интеграција во ЕУ.

Македонска ревизија за казнено право и криминологија

Криминолошките истражувања во последните децении, укажуваат на два момента: прво, криминологијата како наука и теорија,толку интензивно се развива и напредува во последните децении од минатиот век и второ, таа во својот развој, дава научно верификувана аргументација за проблеми на кои другите казнено-правни науки не можеа да дадат, да пронајдат аргументација и докази или факти, особено во делот на објаснувањето на етиологијата на криминалитетот и поставувањето на „Концептот четири“.

Мапирање на достапните услуги за жени жртви на насилство во Република Македонија

Овој извештај е подготвен во рамки на проектот на Националната мрежа против насилство врз жените и
семејно насилство „Застапување за обезбедување на одржливост на специјализираните сервиси за жртви на
семејно насилство на територијата на Република Македонија“, а со поддршка на Проектот на УСАИД за
граѓанско општество и Фондација Отворено Општество Македонија. Проектот се спроведува во партнерство со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Организација на жени на Свети Николе, Женски Форум Тетово и Кризен центар Надеж и Организација на жени на Град Скопје.

МЕРЦ: Поглавје 23

МЕРЦ 23 (merc.org.mk) претставува датабаза која овозможува категоризација, накрсно референцирање и структурно претставување на постоечката документација во земјата и Европската Унија за областите од Поглавјето 23 – правосудство, антикорупција и темелни права.
МЕРЦ 23 го одржуваат граѓанските организации кои учествуваат во Мрежа 23 и проектот Мрежа 23+.

Midwifery in the Republic of Macedonia situational analysis

The promotion of women’s and children’s health represents an ongoing global challenge. Despite the major advances in medicine and technology, every year more than 300.000 women throughout the world die from maternal reasons while 8 millions suffer due to complications related to childbirth. 45% of all newborn deaths occur during childbirth, while millions of children suffer from consequences of birth trauma. Health indicators related to mother’s and children’s health show significant inequalities, not only among regions or countries, but also within.

Monitoring and Evaluation of the Rule of Law in the Republic of Macedonia

This national study on monitoring and evaluation of the rule of law in Macedonia reflects on the development in the
areas concerning the political criteria, Chapter 23 and 24 from the Acquis covering the period after the 2015 Country
Report by the European Commission (EC). The purpose of this policy study is to assess the trends in the areas under
analysis in the Republic of Macedonia. The study is conducted within the framework of the Monitoring and Evaluation of the Rule of Law in the Western Balkans (MERLIN WB) project conducted by the European Policy Institute – Skopje (EPI), in partnership with Institut Alternativa from Montenegro and the Belgrade Centre for Security Policy from Serbia, and funded by the European Fund for the Balkans. Based on the country studies, a policy paper covering the three countries (Macedonia, Montenegro and Serbia) will be produced.

Monitoring and Evaluation of the Rule of Law in the Western Balkans

The three national studies on monitoring and evaluation of the rule of law in Macedonia, Serbia and Montenegro reflect on the developments in the areas Political criteria, Chapter 23 and 24 from the European acquis, for the period after the 2015 Countries’ Reports by the European Commission. The purpose of these policy studies is to assess the trends in the areas under analysis in the three countries. The studies are conducted within the framework of the project Monitoring and Evaluation of the Rule of Law in Western Balkans (MERLIN WB), implemented by the European Policy Institute – Skopje in partnership with Institute Alternativa from Montenegro and the Belgrade Center for Security Policy from Serbia and funded by the European Fund for the Balkans. Based on the country studies, a policy paper covering the three countries (Macedonia,Montenegro and Serbia) was produced.

Мониторинг извештај за примената на законот за еднакви можности на жените и мажите во Општина Тетово

Целта на овој мониторингот е следење и проценка на динамиката, обемот и квалитетот на работата на Единиците на локалната самоуправа во однос на Законот за еднакви можности на жените и мажите.
Предмет на мониторирање се органите и телата на ЕЛС и нивната работа во согласност со нивните надлежности, а во врска со почитувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите (ЗЕМЖМ).

Мониторинг на лични искуства на лицата со попреченост во Република Македонија

Оваа публикација им е посветена на сите оние полни со страст и полет, кои се посветуваат себеси во
реализација на благородни и вредни каузи, на сите „тивки и гласни бунтовници“ кои не се плашат  секојдневно да се соочуваат со предизвици и да се справуваат со своите стравови и сомнежи, кои секогаш се спремни за нови достигнувања и кои се стремат кон височината! Посветена е на сите оние кои како „храбри воини“ ги охрабруваат другите, за заеднички подвизи во кои ќе го направат токму она што сите мислат дека не можат, но ние знаеме дека заедно сè е возможно.

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија 2009

Корупцијата е еден од клучните проблеми на Македонија, кој го поткопува владеењето на правото, ја намалува ефикасноста на јавната администрација и ја намалува довербата на граѓаните во институциите. На распространетоста на корупцијата во земјава и на сè уште неефикасната борба против неа укажуваат низа извештаи и оценки на релевантни меѓународни институции и организации (Извештај на ЕК за напредокот на РМ (2008), Годишен извештај на Стејт департментот на САД за почитувањето на човековите права во РМ
(2008), Индикаторите за владеење на Светската банка (2009) и др.).

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија 2011

Предмет на директен мониторинг беа написите за корупција објавени од 1 јануари до 31 март 2011 година, во три дневни весници („Дневник“, „Време“ и „Коха“), две телевизии кои емитуваат програма на национално ниво („А1 ТВ“ и „Алсат М“) и две телевизии кои емитуваат програма на локално ниво („Тера“ од Битола и „Ирис“ од Штип). Предмет на анализа во рамките на ова истражување се збирните резултати од мониторингот, а не резултатите на кој и да е одделен медиум. Во мониторингот беа вклучени написи кои се однесуваат на корупцијата, корупциските практики, обвинувањата и сомничењата за корупција, злоупотребата на јавни средства, како и на преземените антикорупциски мерки, активности и политики.
Мониторингот се спроведе во периодот од април до јуни 2011 година.

Можности за невработените жени во Македонија

Активностите на овој проект се дизајнирани за да се постигне вклучувањето на жените во пазарот на трудот како и да се подржи нивното претприеништво на долг рок. Конзорциумот идентификуваше стратегија на обука ориентирана според потребите којашто ги квалификува си спрема жените од етничките заедници за влегување во трудот на пазарот и создавање на нивен сопствен бизнис.

На веб транспарентност

Во рамките на проектот „Граѓанинот на прво место“ беше изработена анализа на транспарентноста на веб страниците на единиците на локалните самоуправи со цел да се утврди колку локалните самоуправи транспарентно објавуваат информации кон граѓаните и заинтересираните страни.

Нашите невидливи деца

Оваа брошура е изработена од Македонското здружение на млади правници во соработка со Европската мрежа за бездржавјанство, како дел од проектот „Искоренување на бездржавјанството кај децата во Европа“. Македонското здружение на млади правици (МЗМП) е независна, непрофитна и професионална организација која обезбедува бесплатна правна помош при повреда на човековите права.

Насочувачки принципи за бизнис и човекови права

Државите мора да штитат од злоупотреба на човековите права на својата територија и/или јурисдикција од трети страни, вклучително и во рамки на деловните претпријатија. Оттука, неопходно е преземање соодветни чекори за спречување, истражување, казнување и реституција на такви злоупотреби преку ефективни јавни политики, законодавство и судска заштита.

National human rights institutions in Macedonia: Normative models and challenges

The idea of National Human Rights Institutions (NHRIs) goes hand in hand with the idea of building or strengthening of democratic institutions.1 Although discussed in the United Nations (UN) already in the first years of its existence, the momentum was reached only in the 1990s. Thus, organisations on universal and European regional
level have been working on promoting NHRIs ever since. Although there is no single legally binding document on either level, certain standards have emerged and have been used by states as guidance in the building of their own NHRI.

Национален ромски центар – извештај за анкетата

Проблемот на инклузијата на ранливите групи во општеството е заеднички како за помалку развиените земји, така и за развиените. Особено е значајна инклузијата на лицата кои истовремено припаѓаат на повеќе ранливи категории: етнички малцинства, жени, економски депривирани лица, лица со посебни потреби, стари лица итн. Во тој контекст, еден од клучните проблеми на ова поле во Република Македонија е инклузијата на Ромите.

Национални механизми за заштита на човековите права

Целта на овој прирачник е да придонесе кон поефикасно и поефективно остварување на заштитата на правата на граѓаните и другите лица на територијата на Република Македонија, преку давање на широк спектар на можните механизми на дејствување, како и да даде поддршка на развојот на националната инфраструктура за заштита на човековите права и слободи.

Не говор на омраза

Видео клип кој е направен од страна на СППМД за време на проектот Hate Fighters Work Plan 2016 кој е финансиран од страна на
European Youth Foundation, Council of Europe
Овој клип произлезе од страна на младите кој учествуваа на креативната работилница за Hip – Hop .

Нечесни одредби во потрошувачките договори

Ова се неколку многу важни правила при склучување на договори и во случаите кога има нечесна
одредба во договорот:
– Секогаш внимателно прочитајте ги договорните одредби што се однесуваат на вашите права и обврски
– Договорот мора да биде напишан со едноставен и разбирлив јазик.
– Комуницирајте во писмена форма По писмен пат побарајте дополнително објаснување за било какви
нејаснотии во договорот.

Нечесно пазарно однесување – како да го препознаеме?

Со измените на Законот за заштита на потрошувачите („Сл. весник на РМ“ бр. 24/11 од 25 февруари, 2011 година) се создадоа услови за унапредување на заштитата на потрошувачите и воспоставување на подобра конкуренцијата на пазарот.
Со оваа брошура се обидовме да ги приближиме законските одредби кон потрошувачите со што ќе помогнеме за подобра практична примена на Законот и подобра заштита на потрошувачите.

„Невладините организации и судството – активности за надзор, интеракција, соработка, комуникација”

Република Македонија е мала земја на југоисточниот крај на Европа. Земја со парламентарна демократија која се здоби со независност од поранешната Југославија во 1991 година. Земјата има 27 основни судови, 4 апелациски судови и еден Врховен суд. Административните прашања се решаваат од административните судови, додека уставните и законските прашања ги решава Уставниот суд.

Невладините организации и судството-активности за надзор, интеракција, соработка, комуникација

Дадените препораки се резултат од проектот „Невладините организации и судството-активности за надзор, интеракција, соработка, комуникација“ спроведен во периодот од јануари 2015 година до март 2016 година со финансиска поддршка од Меѓународниот вишеградски фонд и Министерството за надворешни работи на
Република Кореја.

Нотаријатот поблиску до граѓаните

Со осамостојувањето на Република Македонија настанаа коренити промени во општествено-политичкиот и економскиот, а уште повеќе во нејзиниот правен систем. Донесувањето на Уставот на Република Македонија создаде, меѓу другото, услови дел од вонпроцесните работи кои не се спорни помеѓу правните субјекти да можат да се вршат како јавни овластувања од страна на самостојна и независна служба.

Обезвреднување на трудот: анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата

Падот на комунизмот и промената на општествено-економскиот систем што следеше голем дел од македонските граѓани ги дочекаа со ентузијазам и верба во подобар живот. Впрочем, како што тоа беше
случај и во останатите европски земји во кои на власт беа комунистичките партии. Надежите за подобар живот не се темелеа само врз уверувањето дека ќе дојде до важен исчекор во остварувањето на личните и политичките слободи и права, туку и врз убеденоста дека ќе се излезе од повеќегодишната економска криза, а животниот стандард набрзо ќе се приближи до оној на западните земји.

One step forward, two steps back

2016 marked waking up from an almost decade long slumber in Bosnia and Herzegovina’s path to the European Union. With the new EU approach from December 2014,1 the focus was shifted to addressing urgent socio-economic reforms. In 2015, BiH returned to the road of reforms, leading to the submission of Application for EU membership in February 2016 and the Stabilization and Association Agreement coming into force.2 At the same time, BiH continues to be in violation of the provisions of the European Convention for the Protection of Human Rights and Fundamental Freedoms for failing to implement the decision on Sejdić-Finci and Zornić v. BiH cases.

Опасности !!! во храната

Потрошувачите можат да сметаат дека храната која ја консумираат е безбедна доколку опасностите во храната се минимизирани, и таа не предизвикува штетни последици по нивното здравје. За штетна по здравјето на луѓето се смета храната која содржи недозволени штетни материи или недозволени количества на штетни материи, организми или микроорганизми кои под едно заедничко име се нарекуваат опасности во храната. Опасностите во храната предизвикуваат ризици по здравјето на луѓето, кои се манифестираат како акутни и хронични болести. Од тие причини опасностите во храната треба постојано да бидат под контрола

Инфотека: Финансиски услуги

Потрошувачите во Република Македонија можат да вршат плаќања и наплати во домашни и странски средства за плаќање. Платниот промет во земјата се врши во националната валута, освен во слободните царински продавници (на аеродромите во Скопје и Охрид) каде плаќањата на купената стока се врши во девизи.

Основните граѓански и политички права и слободи

И по повеќе од 20 години независност на Република Македонија, функционирањето на судскиот систем се соочува со многубројни проблеми и недостатоци. Домашните и меѓународните извештаи за состојбата со
човековите права, без исклучок, го посочуваат судството како главна пречка за целосно остварување на принципот на владеење на правото.

ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ-ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА

Правото на слобода на изразување претставува една од најсуштинските осно- ви на едно демократско општество и еден од условите за неговиот напредок. Во демократските системи секој поединец има право да го изразува своето мислење, да комуницира, да прима и да пренесува информации и идеи, а ваквото право треба да биде функционално. Ова право не го вклучува само индивидуал- ното право на слобода на изразување преку кое се врши одредено изразување на ставови и мислења, како што е погоре наведено, туку и остварувањето на истите од страна на медиумите. Сепак, значајно е да се напомене дека правото на слобода на изразување е моќна алатка која може да биде злоупотребена и искористена да се поттикне насилство, да се шири омраза и да се наштети индивидуалната приватност и безбедност.

Остварување на правото на слобода на изразување – Теорија и практика

Правото на слобода на изразување претставува една од најсуштинските основи на едно демократско општество и еден од условите за неговиот напредок. Во демократските системи секој поединец има право да го изразува своето мислење, да комуницира, да прима и да пренесува информации и идеи, а ваквото
право треба да биде функционално. Ова право не го вклучува само индивидуалното право на слобода на изразување преку кое се врши одредено изразување на ставови и мислења, како што е погоре наведено, туку и остварувањето на истите од страна на медиумите.

Остварување на правото на слобода на изразување – теорија и практика

Правото на слобода на изразување претставува една од најсуштинските основи на едно демократско општество и еден од условите за неговиот напредок. Во демократските системи секој поединец има право да го изразува своето мислење, да комуницира, да прима и да пренесува информации и идеи, а ваквото право треба да биде функционално. Ова право не го вклучува само индивидуалното право на слобода на изразување преку кое се врши одредено изразување на ставови и мислења, како што е погоре наведено, туку и остварувањето на истите од страна на медиумите. Сепак, значајно е да се напомене дека правото на слобода
на изразување е моќна алатка која може да биде злоупотребена и искористена да се поттикне насилство, да се шири омраза и да се наштети индивидуалната приватност и безбедност.

Отворете ги очите, информирајте се за вашите права! (Слободно изразување)

Подобрување на учеството на помалите етнички заедници на локално ниво: Извештај од истражување

Културната различност во Република Македонија е вградена во фундаменталните одредби за државноста, и нејзината заштита и промоција, е поддржана од процесот за интеграција во Европската унија и во НАТО. Заштитата и промоцијата на правата на различните етнички заедници се загарантирани со Уставот и законите на Република Македонија. Сепак, интеграцијата на помалите етнички заедници во економската, политичката и социјалната сфера на државата се покажа како специфичен предизвик уште од
осамостојување на државата, односно повеќе од две декади. И покрај тоа што Република Македонија има наследено релативно широка рамка во однос на почитувањето на правата на етничките заедници од Југославија, некои предизвици сѐ уште опстојуваат. Тие главно се однесуваат на економската и политичката вклученост на овие заедници.

Подобрување на учеството во демократските процеси на заедниците под 20%

Проектот „Подобрување на учеството во демократските процеси на заедниците под 20%“, покрај својата главна цел на зајакнување на капацитетите на овие заедници во подобрување на условите за практикување на нивните права, нивната политичка, граѓанска и медиумска застапеност како и презентацијата на нивната култура и видливост, содржи и специфичен дел кој се однесува на идентификација на проблемите и изготвување на препораки за подобрување на соработката помеѓу централните и локалните општински власти и невладиниот сектор во остварување на правата на овие заедници во локалната самоуправа.

Policy on gender equality- perception of efficiency and transaprency

Republic of Macedonia celebrated the 20th anniversary of its independence, and along with it, it celebrated 20-year efforts to build a democratic and equitable society. A society where all citizens are equal in front of the Constitution and the laws, written documents, and in practice, regardless of their ethnic, religious, social and geographical background. Equality, regardless of the gender of the citizens of this state, is of particular importance for the purposes of this Analysis.

Политичко акциона и правна рамка за човекови права со фокус на социјалната инклузија и намалувањето на сиромаштијата

Иако свесен за границите на својата легитимна интервенција во националната политика на распределба на ресурсите, Европскиот суд за човекови права (European Convention on Human Rights – EcrtHR) продолжува да ги поставува основите за оформување правен орган за социоекономски права преку зголеменото толкување на традиционалниот пропис за граѓански и политички права и развојот на позитивните
државни обврски во членовите 2, 3, 6, 8 и 14 од Европската конвенција за човекови права и основни слободи (European Convention on Human Rights and Fundamental Freedoms – ECHR).

Politika për barazi gjinore – perceptimi i efikasitetit dhe transparencës

Republika e Maqedonisë kremtoi 20 vjetorin e pavarësisë së saj, e me këtë rast ajo festoi edhe përpjekjet 20 vjeçare për të ndërtuar një shoqëri demokratike dhe të barabartë. Shoqëri në të cilën të gjithë qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve, në dokumentet e shkruara, por edhe në praktikë, pavarësisht nga përkatësia e tyre etnike, fetare, sociale dhe gjeografike. Me rëndësi të veçantë për qëllimet e kësaj analize është barazia, pavarësisht nga përkatësia gjinore e qytetarëve të këtij shteti.

 

 

 

Политики за родова еднаквост- перцепција за ефикасност и транспарентност

Република Македонија ја прослави 20-годишнината од својата независност, а со тоа го прослави и 20-годишниот напор за градење на демократско и правично опшество. Општество во које сите граѓани се еднакви пред уставот и законите, во пишаните документи, но и во пракса, без разлика на нивна етничка, верска, социјална и географска припадност. И посебно важно за целите на оваа анализа, еднаквоста без оглед на родовата припадност на граѓаните на оваа држава.

Политиките на пазарот на труд и сиромаштијата во Македонија

Половина декада земјите во светот се справуваат со последиците од глобалната економска криза и од неретко контрапродуктивните економски политики применети за време на кризата, кои придонесоа за дополнителни негативни ефекти врз дел од економиите и нивно пролонгирано закрепнување.

Помеѓу имплементација и реалност на Националната стратегија за инклузија на Ромите – Декада на Роми 2005- 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во изминатите девет месеци
(од 1 јуни 2013 до 31 јануари 2014 година) ги спроведуваше предвидените активности во рамките
на проектот „Помеѓу имплементација и реалност на Националната стратегија за инклузија
на Ромите – Декада на Роми 2005-2015“, финансиран од страна на Амбасадата на Република
Германија во Скопје и Иницијатива Отворено општество – Будимпешта.

Потрошувачите и нивните права при организирани туристички патувања

Патувањето надвор од Вашето место на живеење треба да Ви претставува задоволство. Сепак, важно е да ги знаете своите права! На тој начин постои помала веројатност дека ќе дозво­лите да Ви продадат нешто што не сте сакале, а доколку тоа се случи, ќе знаете како да реагирате и да се заштитите!

Потрошувачот и неговите права кога купува производи

Производи кои не се трошат при прва употреба се, на пример: обувки, облека, накит, постелнина, теписи, завеси, уреди за домаќинство, мебел и сл.
Од што треба да тргне потрошувачот при купување на овие производи?
Од своите потреби, финансиските средства, да ја разгледа понудата, да ги прочита декларациите на производите (состав, намена и сл., на пример, обувки за дожд или за суво време) при што може да користи интернет за да види како се оценети определени производи на различни независни форуми.

Прашања и одговори за родителите на лезбијки, геј мажи, бисексуалци и трансродови млади и возрасни

ЛГБТИ Центарот за поддршка е засебна програма на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија (МХЦ), посветена на правата на ЛГБТИ луѓето. Центарот работи главно преку групи за поддр-шка, но и други проекти, како на пример обука за трансродни лица со цел јакнење на заедницата и создавање на медицински тим, Говорна историја на ЛГБТИ лицата во Македонија и други проекти.

Правата на потрошувачите кои произлегуваат од специфичните договори

Секогаш кога влегуваме во трансакции од областа на прометот на стоки и услуги, кога во овие договорни односи влегуваме за сопствени или потребите на нашето семејство, ние сме потрошувачи. Колку пати се случило да се најдеме во непријатна ситуација, чувствувајќи дека нашите права како потрошувачи се повредени зашто: производот нарачан преку телешоп понудите не изгледал, ниту функционално ги задоволувал перформансите дадени во рекламата;

ПРАВДА, А НЕ МИЛОСТ

Стотици луѓе кои беа осудени во изминатите десетина години сметаат дека се жртви на полициско – политички монтирани процеси. Осудениците од случаите познати како „Калдрма“, „Детонатор“, „Бачило“, „Метастаза“ и многу други бараат повторно да им се суди со цел да добијат шанса да ја докажат својата вистина и невиност. Тие се приклучија на здружението „Зелена лупа“, предводник на идејата да се донесе законско решение со кое ќе се повторат 30-тина судски случаи. Бараат правда, а не милост.

автор: Маја Јовановска

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Право на еднаквост и слобода на движење на границите:искуства од давање правна помош

Оваа анализа е подготвена во рамките на проектот „Справување со препреките за излез -Ромите на македонските граници“ (“Combating barriers for exit: Macedonian Roma at the borders”), кој го спроведуваат Институтот за европска политика од Скопје и здружението на граѓани КХАМ од Делчево. Главната цел на проектот е придонес кон менување на јавниот дискурс втемелен на политиките и практиките, претставувајќи ги Ромите како закана за безвизниот режим во Македонија. Проектот истражува како процесот на визната
либерализација, како инструмент на европеизацијата, резултира во донесување политики кои го ограничуваат слободното движење на етничките Роми во случајот со Македонија. Оваа анализа се осврнува на досегашните искуства од судските случаи на лицата вратени од граничните премини и се базира на податоци со кои располага НВО КХАМ како една од клучните организации кои нудат помош при овие случаи.

Правосудство и Основни човекови права

Во последниот Извештај за Македонија 2015 на Европската Комисија се нотирани недостатоци во делот на
имплементацијата на реформите во судството и во однос на фундаменталните човекови  права. Детектираната состојба иницира спроведување на истражување на јавното мислење во врска со областите опфатени со Поглавјето 23 – Судството и основни човекови права со кое ќе се обезбедат податоци за: искуствата, сознанијата и перцепциите на граѓаните за познавањето на: Поглавјето 23 (правосудство, борба против корупција, темелни права и права на граѓаните на ЕУ); познавањето на уставно загарантираните права и механизмите за нивна заштита; довербата на граѓаните во правосудниот систем, која ќе опфати доверба во работата на јавното обвинителство, судовите, Судскиот совет на Република Македонија и Советот на јавни обвинители на Република Македонија.

Правосудството и темелните права во Република Македонија

Основна цел на проектот “Мрежа 23” што го реализираат Институтот за европска политика -Скопје,Хелсиншкиот комитет на човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени,е структуиран придонес на граѓанското општество во следењето и оценувањето на политиките опфатени со Подглавјето 23- Правосудство и темелни права.Преку проектот,на транспарентен начин,беа доделени десет грантови и др граѓански организации,што спроведоа истражувања  др активности како придонес кон ефективно следење и оценување на политиките опфатени со Подглавјето 23 од пристапувањето во Еу.

Правото на образование на децата Роми со посебен фокус на девојчињата Ромки

Извештаите и истражувањата на повеќето меѓународни и домашни организации и институции во земјава покажуваат дека постои разлика во нивото на образование и на писменост помеѓу ромската заедница и останатата популација. Јазот во писменостa кај возрасните Роми и кај оние што не се Роми е голем. Овој јаз е уште поголем кај ромските и кај неромските жени. Според индексот за ромската вклученост, спроведен преку истражување на неколку меѓународни организации, разликата помеѓу ромските и неромските деца во Република Македонија(Р.М.) кои запишуваат основно образование е 23%, додека кај девојчињата оваа разлика изнесува 32%. Разликата во продолжувањето на средното образование помеѓу ромските и неромски ученици општо, изнесува 43%, додека разликата помеѓу ромските и неромските девојчиња е дури 53%.2
Најголем број рани бракови има меѓу ромските деца, особено кај девојчињата кои најчесто рано го напуштаат средното, па дури и основното училиште.

Правото на слободата на мисла и изразување и слобода на мирен собир и здружување

Слободата на сопствена мисла и изразување е клуч во развојот, неприкосновеноста и независноста на секоја индивидуа. Преку слободно заземање ставови по определени теми и преку слободна размена на идеи и
информации со другите, луѓето можат подобро да се разберат самите себе и својата околина. Ова право уште повеќе им ја зголемува личната сигурност, но и безбедноста и почитта кон државата.

Предизвици за процена на трошоците од семејно насилство во Република Македонија

Цел на овој труд е да го актуализира прашањето за пресметка на трошоците на семејно насилство во Република Македонија и да фрли светло на видовите трошоци од семејно насилство и нивната дистрибуција во општеството, на нужноста од пресметка на трошоците и импликациите врз градењето политики за спречување и заштита од семејно насилство. Воедно, трудот има за цел да даде преглед на различните методологии за процена на трошоците кои се применуваат ширум светот за да понуди платформа за создавање услови за процена на трошоците од семејно насилство во Република Македонија.

Предизвиците на ромите-повратници во Македонија

Овој извештај од истражувањето за реинтеграцијата на Ромите – повратници во Македонија е изработен во рамките на проектот „Поттикнување одржлива реинтеграција на Ромите – повратници во Македонија“, спроведуван од Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), во соработка со Невладината организација „Кхам“. Главната цел на проектот е да се предлагаат и да се застапуваат политики за обезбедување реинтеграција на Ромите – повратници во Македонија. Финансиската поддршка за проектот, вклучувајќи ги спроведувањето на истражувањето и подготовката на овој извештај, е обезбедена од Тинк тенк фондот и од Канцеларијата за ромски иницијативи при Фондацијата „Отворено општество“ од Будимпешта,Унгарија.

Преглед на правните лекови во Република Македонија низ призмата на ефективната заштита на правата и слободите на граѓаните

Во рамки на проектот „Преглед на правните лекови во Република Македонија низ призмата на ефективна заштита на правата и слободите на граѓаните” финансиски поддржан од Амбасадата на САД, Институтот за човекови права (ИЧП), преку процес на отворени професионални дебати, имаше за цел да ги идентификува и да ги анализира состојбите на ефективноста на домашните правни средства во остварувањето и заштитата
на правото на слобода на изразување и на правото на мирен собир.

Прекршувања за човековите права на луѓето кои употребуваат дрога при контакт со полиција во Република Македонија

Република Македонија не е исклучок кога станува збор за последиците од глобалната „војна против дрогата“, која честопати се поврзува со прекумерна сила и несоодветно полициско постапување. Луѓето кои
употребуваат дроги се жртви на голем број прекршувања на нивните човекови права при контакт со полицијата. Според експертите за човекови права на ОН, „многу често, луѓето кои употребуваат дроги трпат
дискриминација и се повредуваат со пристапи кои премногу го истакнуваат криминализирањето и казнувањето, а премалку го истакнуваат здравјето и намалувањето штети“.

Прекршување на човековите права на ЛГБТИ заедницата (лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови и интерсексуални личности) во Поранешна Југословенска Република Македонија

Овој извештај во сенка е поднесен до Комитетот за човекови права („Комитет“) од страна на Здружението за критички пристап кон родот и сескуалноста „Субверзивен Фронт“, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Центарот за меѓународни човекови права на Училиштето за право при Универзитетот Нортвест и Глобалната иницијатива за сексуалност и човекови права („ГИШР“) на Хартленд алијансата за човекови права и потреби, во пресрет на 114та сесија на Комитетот на која ќе се разгледува усогласеноста на Поранешната Југословенска Република Македонија со Меѓународниот пакт за граѓански и политички права („Пакт“). Целта на овој извештај е да се насочи вниманието на Комитетот кон сериозното и континуирано прекршување на правата што произлегуваат од Пактот на лезбејките, геј,
бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните личности („ЛГБТИ“), од страна на Поранешната Југословенска Република Македонија.

Превенција на современите форми на трговија со луѓе

Превенција на современите форми на трговија со луѓе

Прирачник со меѓународни стандарди за заштита од дискриминација врз основа на сексуалната ориентираност и на родовиот идентитет

Целта на овој прирачник е да се создаде лесно применлива алатка штоќе им ги доближи меѓународните стандарди за заштита од дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и на родовиот идентитет на судиите, претставниците на телата за заштита од дискриминација, адвокатите и на активистите за заштита на човековите права. Прирачникот содржи преглед на меѓународни и на регионални стандарди за заштита од дискриминација врз основа на сексуалната ориентaција и на родовиот идентитет. Иако овие основи,честопати,не се експлицитно наведени во основните инструменти за заштита на човековите права, сепак, постои континуиран тренд на прифаќање на сексуалната ориентација и на родовиот идентитет како
основи за дискриминација, на регионално и на меѓународно ниво. Со употребата на овој прирачник ќе се овозможи отпочнувањетона постапки и одлучувањето во случаите на дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и на родовиот идентитет, преку директна примена на меѓународните стандарди.

Прирачник-модул за психосоцијална поддршка за вработување на ранливи категории граѓани

Со цел зголемување на вработеноста преку помош и поддршка на невработените лица во РМ вградени се неколку основни принципи кои треба да се почитуваат при испораката на услугите и имплементацијата на програмите за вработување, како што се:
 Почитување на правото на пристап до работа на сите граѓани,
 Недискриминацијата и еднаквите можности,
 Подеднакво право од областа на работните односи, трудот и безбедност и
здравје при работа.

Прирачник за британска парламентарна дебата

Во публикацијата се дава осврт на дебатата како едукативна алатка и академска натпреварувачка дисциплина. Се објаснува форматот на Британска парламентарна дебата, тезите, улогите на говорниците и составување на афирмативни и негативни случаи.

Прирачник за дебата – „Размислувај гласно“

Во оваа публикација детално се дефинира дебатата како алатка за изразување. Се објаснува текот на една дебата, форматот, улогите на говорниците и улогите на говорите.

ПРИРАЧНИК ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО И ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

Истражувачкото новинарство во современите демократии е од клучно значење за остварувањето на улогата на медиумите, а воедно е и чувар на јавноста и заштитник на човековите права. Најважната задача на новинарите во демо- кратските општества е да ги заштитуваат интересите на граѓаните. За да ја остварат оваа задача новинарите откриваат злоупотреби на власта и на моќта на поединци и институции и на тој начин придонесуваат за одговорно и отчетно владеење, про- мовирајќи го јавниот интерес.

Прирачник за користење на институционалните механизми за заштита на ЛГБТИ заедницата

Целта на овој прирачник е да ги собере на едно место сите информации што им се потребни на ЛГБТИ лицата за препознавање и за пријавување насилства и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Прирачник за младински работници и работнички : Подигање на капацитетите во работата со ЛГБТ + млади

Последните години дојде до значителни промени во начинот на кој се концептуализираат и се дефинираат сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Долго време во западните општества сексуалната ориентација беше дефинирана низ четири клучни компоненти: како биполарна (хомо/хетеросексуално) и
еднодимензионална категорија (базирана, пред сè, на сексуалната активност), константна и базирана на искуствата на машката сексуалност.

Прирачник за полициски службеници при заштита на правата на ЛГБТИ лицата

Во современото демократско општество, полицијата претставува основен заштитник на човековите слободи и права. Тоа е првата адреса на која граѓаните помислуваат во случаите на најекстремните прекршувања на нивните слободи и права. Но, истовремено, нејзината улога е најпроблематична: полицијата и полициските службеници се тие што најчесто мора први на теренот да оценат дали и која законска одредба се однесува на фактичката ситуација и како треба да постапат за да ги заштитат жртвите, да спречат поголема штета и да постапуваат по случајот за да се осигурат дека сторителот на кривичното дело или прекршокот ќе биде изнесен/-а пред лицето на правдата.

Прирачник за помош и поддршка на жени кои преживеале родово базирано насилство и дискриминација

Прирачникот е печатен во рамките на проектот “Јакнење на жените во областа на сузбивање на родово базирано насилство, дискриминација и пост – конфликтна транзиција”, кој во Македонија и Хрватска, во партнерство, го спроведуваат женските невладини организации, Национален совет за родова рамноправност од Скопје и Центар за жени-жртви на војна  РОСА од Загреб. Проектот се спроведува во склоп на Програмата за развојна соработка и е финансиран од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Република Хрватска.

Прирачник за правата на потрошувачите по предметот вештини за живеење

Информираноста и едукацијата на потрошувачите е особено важен дел од нивната севкупната едукација. Се претпочита терминот потрошувачка едукација отколку информирање, бидејќи информирањето за разлика од едукацијата не бара голема ангажираност на интелектуално и емоционално ниво. Потрошувачката едукација развива способности да се направи добар потрошувачки избор, помага при донесувањето на ефикасни потрошувачки одлуки, свесно поставување приоритети, во насока кон подобрување на секојдневниот живот на одржлив начин. Оваа едукација не треба да се насочи кон пренесување на економски поими, објаснување како функционира пазарното стопанство, формирањето на цените и сл.

Прирачник за примена на пристапот заснован на човековите права

Содржи информации и упатства за интегрирање на пристапот заснован на човековите права во работата на граѓанските организации во државата.

Стандардите за човекови права, како и принципите содржани во Универзалната декларација за човекови права, конвенциите на ООН и други меѓународни документи за заштита и унапредување на човековите права ги поставија принципите на HRBA. Овие основни принципи се: универзалност; неотуѓивост; неделивост; меѓузависност и меѓусебна поврзаност; учество на граѓаните во донесувањето одлуки; недискриминација и еднаквост; одговорност и владеење на правото; како и транспарентноста и пристапот до информации. Овие принципи може да се применат на целото стратешко планирање на организацијата и целиот нејзин процес на програмирање, вклучувајќи оценка и анализа, планирање и проектирање на проекти, обезбедување на услуги и следење и евалуација.
На овој начин, ПБЧП и овозможува на организацијата не само да има водечки принципи за својата стратегија, туку и за начинот на кој таа ја спроведува својата работа. Примената на ПБЧП не треба да вклучува целосно нов начин на работа. Тоа едноставно подразбира свесно и систематски обрнувајќи внимание на човековите права во сите аспекти на работата.

Прирачник за реинтеграција на Роми-повратници

Овој прирачник е наменет за Роми-повратници од западноевропските или други земји, во кои престојувале како баратели на азил или економски мигранти, во Република Македонија. Тој нуди едноставни насоки и основни информации на повратниците за можностите и поддршката што можат да ја добијат од јавните институции, граѓански организации и други чинители за полесно да се вклучат во животот на заедницата.

Прирачник за слобода на изразување правни аспекти

Прирачников што е пред вас претставува средство кое треба да им послужи на читателите, поточно на студентите по новинарство, на невладините организации, како и на професионалните новинари, кои, со негова помош имаат можност да се запознаат со правните стандарди на слободата на изразување. До-
полнително, прирачников треба да биде употребуван како алатка во рамки на обуките на студентите по новинарство и на младите новинари во нашата земја.

Прирачник за спречување на корупцијата во локалната самоуправа

Корупцијата има широк спектар на штетни ефекти врз општеството. Таа ги поткопува демократијата и
владеењето на правото, го загрозува квалитетот на животот, може да предизвика појава на сериозен
криминал и закани за безбедноста на целокупната општествена заедница. Борбата против корупцијата не е едноставен процес, туку подразбира ангажман на целото општество и иницијативност на сите нивоа.

Prochild: Discussion paper Unaccompanied and separated minors in return process

Regardless of whether it is about tens, hundreds or thousands of people arriving to the territory of a country, protection and treatment of unaccompanied and separated minors draw special attention and interest. Their position, protection modalities and available services have been subjects of the debates taking place not only within the international community, universal and regional systems, but also at national levels. In the Republic of Serbia and the Republic of Macedonia, for many years the issue of their position occupied the attention of only a small number of experts, while the occurrence of migrant-refugee crisis has actively involved greater number of actors in
providing care and reflections on the legislation that would regulate their treatment and available services.

Проект за поддршка на човековите права Извештај за периодот 2004-2005

Проектот за поддршка на човековите права ( ППЧП), претставува иницијатива на граѓанското општество, која се усредоточува на појавата на неправилно однесување или злоупотреба од страна на полицијата. цел на проектот, е да  обрне внимание на употребата на незаконска физичка и ментална сила, од страна на овластените службени лица од Министерството за внатрешни работи, во текот на вршењето на нивните службени задачи и да помогне во развојот на ефективен механизам, за заштита на човековите права на наводните жртви.

Progress shown, challenges still ahead

Serbia began its EU accession negotiations in January 2014, while the screening process was completed in March 2015.  The newly issued Serbia 2015 Report clearly states that the contry has taken major steps that should lead to the first chapters of the EU accession negotiation being opened. This has been confirmed by the Commissioner for European Neighbourhood Policy and Enlargement Negotiations Johannes Hahn, expressing his belief that conditions are in place to open the first chapters by the edn of 2015.

Промоција на социјалната инклузија на млади маргинализирани рурални ромски заедници

Проектот е насочен кон развој, тестирање и оценување на општествено оригинален пристап за борба против социјалното исклучување на младите луѓе во рурални заедници во Бугарија, Романија и Македонија со посебно внимание на младите луѓе од маргинализираните ромски заедници. Проектот претпоставува дека причини за социјално исклучување не се само сиромаштијата и недостигот на демократски традиции, но исто така и отсуството на социјални структури во рамките на локалните заедници. Проектот промовира развој на Центри за поддршка во заедница и други оригинални форми на социјални услуги во маргинализирани рурални ромски заедници. Во рамките на проектот ќе бидат основани и методолошки поддржани 4 центри за поддршка во заедница во Бугарија, 1 во Романија и 1 во Македонија.

Протокол за постапување со случаите на семејно насилство на локално ниво

Имајки ги предвид податоците за состојбата, движењето и обележјата на појавата на семејното насилство во Република Македонија, најчести жртви на семејно насилство се жените и децата од различна возраст и семеен статус, а најчести сторители се полнолетни мажи со статус на сегашни или поранешни брачни другари и партнери, татковци и синови. Поради поефективно справување со проблемот на семејното насилство, сите показатели укажуваат на тоа дека само мултисекторското делување е најефикасната помош на жртвите на семејно насилство.

Протокол за унапредување на соработката на локалните механизми за заштита од дискриминација

Дискриминацијата е појава што се јавува во рамките на секоја локална заедница,врз различни основи,преку различни облици и во области што се во надлежност и на централните и на локалните власти.

Протокол за унапредување на соработката на локалните механизми за заштита од дискриминација во општина Штип

Дискриминацијата е појава што се јавува во рамките на секоја локална заедница, врз различни основи, преку различни облици и во области што се во надлежност и на централните и на локалните власти.

Протокол за унапредување на соработката на локалните механизми за заштита од дискриминација во општина Струмица

Дискриминацијата е појава што се јавува во рамките на секоја локална заедница, врз различни основи, преку различни облици и во области што се во надлежност и на централните и на локалните власти.

Protokoll për avancimin e bachkëpunimit të mekanizmave lokal për mbrojtje nga diskriminimi në komunën e kumanovës

Diskiminimi është dukuri e cila paraqitet në kuadër të çdo bashkësie lokale,mbi baza të ndryshme,përmes formave të ndryshme dhe në fusha të cilat janë në kompetencë të pushtetit qendror dhe lokal.

 

 

 

 

Процена на потребите на локалните механизми за заштита од дискриминација и пристап до правдата во општините

Со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД, 2010), во 2010 година беше воспоставен сеопфатен систем за заштита од дискриминација на национално ниво со воспоставување посебно тело за заштита од дискриминација – Комисија за заштита од дискриминација (КЗД). Од процената направена во периодот декември 2014-април 2015 година се утврди дека e потребно градење на капацитетите на КЗД за подобрување на заштитата од дискриминација и зголемување на соработката на КЗД со другите мехнизми на локално ниво. КЗД функционира со седиште во Скопје, а ЗСЗД не предвидува децентрализација на ова тело и подобрување на пристапот до заштита од дискриминација на локално ниво.
Резултатите од процената ќе помогнат во понатамошно формулирање на активностите во насока на подобрување на постапувањето на институциите на локално ниво, градење на нивните капацитети и овозможување поквалитетна заштита од дискриминација врз основа на полот, родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Прва детска амбасада во светот Меѓаши: 20 години за децата

Не беше лесно да се трасира патот на новото светско детско движење во Македонија наречено Прва детска амбасада во светот – Меѓаши. Секако пионерските зафати во промоцијата на детската кауза и најдобрите интереси на децата не секогаш наидуваа на разбирање и допираа до светот на возрасните. Но, ние во Амбасадата Меѓаши втемеливме нови и поинакви вредности. Ја подигнавме јавната свест за значењето и неопходноста од почитување на правата на детето. Проговоривме јавно за многуте проблеми со кои децата се соочуваат. Децата нас не препознаа и ни ја доверија потребата да ги заштитуваме и застапуваме.

 

Raport holistik për personat me pengesa në Republikën e Maqedonisë

Raporti holistik në lidhje me të drejtat e njeriut për personat me pengesa në Republikën e Maqedonisë u zbatua në kuadër të projektit “E dëgjoni zërin tonë”, të financuar nga Bashkimi Europian, Zbatues në Republikën e Maqedonisë është Hapni Dritaret në partneritet me Qendrën për orientim në bashkësi nga Beogradi. E njëjta është pjesë nga iniciativa globale e DRPI -Promovimi Ndërkombëtar për të drejtat e njerëzve me pengesë.

Регионални упатства за идентификација на жртвите на трговијата со луѓе

Прирачникот за идентификација на жртви на трговија со луѓе (во понатамошниот текст “регионален прирачник”) е разработен во рамките на четвртиот заеднички проект на АРИАДНЕ мрежата за борба против трговијата со луѓе во Југоисточна и Источна Европа на тема “Трговија со луѓе и миграција во Југоисточна и Источна Европа”. Проектот е имплементиран од страна на НВО Центар за заштита на човековите права (KEPAD), Грција, во партнерство со 15 НВО-а, членки на мрежата Аријадне.

Регионално истражување за бездржавјанство

Ова истражување произлезе како резултат на долгогодишната соработка која се воспостави помеѓу Македонското здружение на млади правници од Македонија, НВО Праксис од Србија, Ваша Права од Босна и Херцеговина, ИПЦ од Хрватска, ЦРПК од Косово и Информативен центар од Црна Гора. Сите овие организации, работејќи секоја посебно на проекти поддржани од страна на Високиот Комесаријат за бегалци на ОН, во 2012 година дојдоа на идеја секојдневната меѓусебна соработка да ја подигнат на повисоко ниво, а на заеднички состанок одржан во Сараево ја формираа мрежата WEBLAN. Основната цел на мрежата е заштита, промовирање и унапредување на човековите права; заедничка борба против дискриминација и социјална исклученост во земјите од Западен Балкан, познат како жариште на бегалски кризи, внатрешно расселување и регион со широко распространета дискриминација.

Резултати од спроведената анкета ,, Фер и правично судење во Р. Македонија” на 489 испитаници во рамки на кампањата ,,Фер е кога е фер за сите”

Целта на кампањата е информирање и промоција за основните права на сите учесници во една кривична постапка, со особен осврт на правото на фер и правично судење предвидено во Уставот на РМ, Европската конвенција за човекови права, како и останатото домашно процесно законодавство. Кампањата имаше за цел да се придонесе кон подигнување на свеста за непристрасноста и независноста на судиите во судските постапки, како и правото на одбрана на обвинетиот во една кривична постапка и да се подигне свеста за фундаменталното човеково право – правото на правично судење и дека сите страни се еднакви пред законот, преку акцентирање на потребата и важноста на правичното судење и апсолутната независност на судот преку почитување на законите без исклучок и нивна примена на сите актери во едно општество.

Родова анализа на лидерските позиции и општинските програми за 2020/2021 година

Европската повелба за еднаквост го вбројува рамноправното учество на мажите и жените
при донесување на одлуки како предуслов за демократско општество правото на еднаквост
помеѓу половите, бара да локалните и регионалните власти ги превземат сите соодветни
стратегии, со цел да се промовира балансирана застапеност и учевство на мажите и жените
во сите сфери на одлучувањето.
Оваа анализа го користи следниов пристап: а) најпрвин прави родова анализа на учеството
на мажите и жените во одлучувањето на локално ниво; б) потоа прави родова анализа на
програмите; и в) на крај прави родова анализа на буџетите на 17те општини кои се вклучени
во проектот.

Родови аспекти на обезбедувањето заштита на бегалци и мигранти во Република Македонија

Повеќе од еден милион бегалци и мигранти пристигнаа во Европа во текот на 2015 и 2016 година, голем дел преку Западно- балканската рута. Најголемиот број од нив се со потекло од Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан и Еритреа . Сите бегалци се соочуваат со големи тешкотии, но жените и девојките се меѓу најранливите од оние кои патуваат во ЕУ во потрага по заштита од војната, кршењето на човековите права
и немаштијата. Поради полот, тие често се жртви на насилство и дискриминација.

РОДОВО ОДГОВОРНО БУЏЕТИРАЊЕ ЗА ПОЕФИКАСНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Пилот анализа на активности од Програмата на општина Свети Николе за социјална заштита.

Roma in the visa-Free Regime

Since the introduction of visa liberalization in 2009, the citizens of the Republic of Macedonia can travel visa-free to the Schengen countries. This change was welcomed as a great benefit due to its cutting the costs for obtaining a visa and the elimination of the visa administrative procedure. Nevertheless, it also caused an influx of asylum applications in EU member states. In order to ease the pressure resulting from this trend, the Republic of Macedonia, in danger of having its visa-waiver suspended, undertook measures to combat this phenomenon together with EU member states. The implemented measures resulted in changes in legislation, assessment procedures, fast-tracking asylum applications and information campaigns. Having said the above, this paper aims to examine the implemented measures and their impact, using desk research and analysis of all relevant domestic and international laws, documents and researches. Unfortunately, our research shows that these measures committed a great violation of fundamental rights of the members of the Roma community living in the Republic of Macedonia by restricting their right to freedom of movement and their right to equality and by violating their dignity. Due to the undertaken measures, approximately 20.000 Roma were refused their right to leave the country, while many were fasttracked
and forcibly returned to Macedonia from EU countries.

Ромите на македонските граници

По долгиот процес на преговори во 2009 и во 2010 година, помеѓу Европската комисија и државите од Западниот Балкан (со исклучок на Косово), Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина беа ставени на таканаречената бела 1 листа за безвизно патување во Европската Унија (ЕУ). Возобновената слобода за патување на граѓаните од овие држави (со исклучок на Албанија), по скоро две декади од воведувањето на визите за ЕУ, беше дочекана како значителен успех во регионот. Дополнително, визната либерализација се користеше како успешен пример на политиката на условеност на ЕУ во однос на една од најатрактивните награди кои ЕУ може да ги понуди.

Rreziqet!!! Në ushqim

Konsumatorët mund të llogarisin në e ushqimit që konsumojnë vetëm nëse minimizohen rreziqet në ushqime,dhe e njëjta nuk shkakton pasoja të dëmshme për shëndetin e tyre.Ushqim I dëmshëm për shëndetin e njeriut llogaritet ushqimi që përmban materie të palejueshme ose sasi të palejuar të dëmshme,organizma ose mikroorganizma të cilët me emër të përbashkët quhen rreziqe në ushqime.Rreziqet në ushqim shkaktojnë rrezige në shëndetin e njerëzve,të cilët manifestohen si sëmundje akute dhe kronike.Nga këto arsye rreziqet në ushqime gjithmonë duhet të mbahen nën kontroll.

Сакам дома да живеам

„Последниот студент нека го изгаси светлото на аеродром“ беше еден од многу транспаренти кои можеа да се видат на улиците на Скопје и други градови во Македонија за време на студентските, средношколските и граѓанските протести во 2014, 2015 и 2016 година. Иако младите во Македонија традиционално беа оценувани како апатични и недоволно општествено ангажирани1 Лешоска, Малеска, Коруновска, Коруновска, Здравев, Димчевски, Малески, 2016), поинаква тенденција можеше да се забележи во во Македонија во последните три години, следејќи го процесот на студентското, или поточно срочено, младинското будење, предводено од Студентскиот, а консеквентно и Средношколскиот пленум кои пркосеа на верувањето дека младите во Македонија се пасивни. Од друга страна, младинската ангажираност изразена преку овие движења зборува за незадоволството кое постои кај значителен дел од младите; првенствено од обрaзовниот систем, но не единствено. Пленумите иако се концентрираа главно со проблемите на образовниот систем, во нивниот фокус е и животниот стандард на студентите, владините младински политики (или непостоењето на истите) и економскиот просперитет за младиот човек во Македонија.