Прашања и одговори
Линијата за поддршка на Цивика мобилитас им е на располагање на потенцијалните апликанти за прибирање и одговарање прашања поврзани со овој Повик за предлози.
Прашањата може да бидат поднесени до линијата за поддршка преку електронски пат и во насловот да стои референтниот број за овој Повик (ЦМ-МАК-01) на следнава адреса helpdesk@civicamobilitas.mk
Прашањата исто така може да бидат поставени и по телефон. Сепак, на персоналот на линијата за поддршка му е наложено да побара од вас да ги доставите сите ваши прашања во писмена форма и да ги испратите на наведената електронска адреса. Прашања може да бидат поставени и преку контакт формата на веб-страницата на Цивика мобилитас.
Прашањата може да бидат поставени до линијата за поддршка во кое било време, а Цивика мобилитас ќе одговара тековно и не подоцна од 5 работни денови од поставување на прашањето. Цивика мобилитас редовно ќе ги објавува сите одговори на оваа веб-страница.
Цивика мобилитас ги поттикнува апликантите редовно да ги следат нејзините веб-страница и страница на Фејсбук, за да бидат навремено и соодветно информирани за најновите прашања и одговори.