fbpx
x
Мени

Обрасци за аплицирање

Прашалник за самооценка

Апликантите мораат да го пополнат и го поднесат прашалникот за самооценка ОНЛАЈН како дел од процесот на пријавување. Прашалникот за самооценка се состои од следниве делови: Административни податоци; Идеи, заеднички каузи и заеднички акции; Вредности, убедувања и ставови; Конституенти / граѓански ангажман; Организациски развој; Општествено влијание; и Процес на самооценка.

Прашалникот ќе биде достапен за одговарање онлајн од 1 декември 2015 година на следниот линк:
http://civicamobilitas.limequery.com/index.php/survey/index/sid/342382/newtest/Y/lang/mk.
Апликантите на првиот повик за институционални грантови, реф.бр. ЦМ-ИНС-01, доколку сакаат да го користат одговорениот прашалник за самооценка за тој повик, треба да се обратат на helpdesk@civicamobilitas.mk за да добијат линк и токен за пристап до веќе пополнетиот прашалник, како основа да ги направат потребните измени (доколку ги има).

Образец за пријава

Пријавите за овој повик за предлози мора да бидат поднесени преку образецот за пријава. Овој образец за аплицирање се состои од следниве делови: 1) Апликант; 2) Грант; 3) Патокази; 4) Изјава; 5) Прилози и 6) Листа за проверка.
Обрасците за прилозите на пријавата се следните:
Прилог 1. Двогодишен работен план;
Прилог 2. Двогодишен финансиски план (буџет);
Прилог 3. Временска рамка;

Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите кои се поднесени по електронски пат (е-пошта), истите мора да бидат пратени по пошта или лично доставени, целосно отпечатени и потпишани. Во спротивно, пријавите ќе бидат елиминирани во текот на административната проверка и нема да бидат оценувани од Комисијата за избор на грантови.

За повеќе информации Ве молиме внимателно прочитајте го Водичот за апликантите.